НАГРАДНА ИГРА
ОБОЈ ГО ГРАДОТ ВО БОИТЕ НА КЛУБОТ!
Се повикуваат сите комитски подгрупи/маала/екипи да земат активно учество во наградната игра “Обој го градот во боите на клубот”. Групата со цел да го поттикне членството, организира натпревар во цртање на графити.
Правила и награди:
Без разлика што натпреварот официјално започнува денес, во игра ќе влезат сите графити нацртани во периодот од ЗАВРШУВАЊЕТО на оваа фудбалска сезона.
Натпреварот ќе трае се до крајот на летото, кога е планирано да се одржи активноста “ВАРДАРОВИ ДЕНОВИ”.
Во склоп на таа активност, подгрупите кои со својот ангажман и резултат ќе се издвојат во однос на другите, ќе им бидат доделени следните награди:
Подгрупа/маало/екипа која ќе нацрта НАЈМНОГУ ГРАФИТИ ќе освои барјак со логото на подгрупата и единствено тој барјак ќе се вее на првиот официјален натпревар на Ф. К. Вардар планиран за идната сезона.
Подгрупа/маало/екипа која ќе нацрта НАЈГОЛЕМ ГРАФИТ, ќе добие 10 црни и 10 црвени спреја, како и 10 нови шалови и 10 нови маички од страна на групата.
Подгрупа/маало/екипа која ќе нацрта НАЈУБАВ ГРАФИТ, ќе добие бесплатен влез за нејзиното членство за натпреварите од првата полусезона на Ф. К. Вардар.
АЈДЕ ДА ГО ОБОИМЕ ГРАДОТ ВО ЦРВЕНО – ЦРНО!