Клиперс имаат тај-брејкер против Лејкерс, и во преостанатите две утакмици да земат барем една обезбедуваат барем 6-то место.
Вориорс немаат тај-брејкер против Лејкерс и тука има повеќе сценарија. Играат против Кингс и последата против Блејзерс. Сакраменто веројатно ќе гледаат да изгубат (против Вориорс, претпоставувам пошто стартерите сите им се листани како questionable демек заради повреди), Вориорс после играат со Портланд кои се 100% во фул танкинг мод.
Лејкерс ако ги земат последниве две (Феникс, и Јута), а Вориорс ако изгубат барем една, тогаш Лејкерс идат на 6-то место а Вориорс на 7-мо и во плеј-ин.
Додатна компликација има... Ни Клиперс ни Вориорс не сакаат да играат против Феникс во прва рунда.
Но истовремено сигурно не сакаат ни да играат плеј-ин каде со one and done се и сешто може да се деси и на најдобрата екипа.
Вориорс ако ги земат двете (а би требало да можат пошто и Кингс и Блејзерс ќе идат на пораз) шансите се дека ќе бидат 5-т место и ќе играат против Феникс. Феникс па може да бира со кој ќе игра во прва рунда пошто играат и против Клиперс и против Лејкерс.
Калакypница.