А зошто би се распаднале со носењето на Вестбрук?
Вестбрук потпишува „ветерански договор на минималец“ што се вика, најверојатно само до крајот на сезоната или пак на една година.
Ниту правеа трејд за да го донесат, ниту трошеа пикови, ниту нешто особено ќе ги оштети во селари капот.
Цигларот е донесен по барање на Каваи и Џорџ. Каваи имал барање да се донесе некој покласичен point guard, а Џорџ имал желба тоа да биде неговиот екс соиграч од Оклахома. Од друга страна, кого ќе можеа да донесат под овие услови?
Може да има уште кошарка во Рас, особено што претпоставувам дека во Клиперс ќе биде резервна опција и ќе има помал притисок врз неговата игра. Клубот се реши да се ослободи од Реџи Џексон, кој со времето пружаше се послаби и послаби партии.
Солидно се засилија за време на овој период, носејќи ги Вестбрук, уште двајца други ветерани како Пламли на центарска позиција и повратникот Ерик Гордон на шутерска позиција, како и еден од талентите на Денвер, Боунс Хиланд (или како и да се чита).
Клубот се ослободи од Реџи Џексон, Лук Кенард и играчот кој тотално потфрли, Џон Вол.
Клиперси воглавно имаат проблеми во дефанзивата, особено што на центарска позиција се доста слаби во одбрана. Ивица Зубац е доминиран од скоро сите играчи, иако скоро константно бележи дабл дабл учинок. Општо, многу играчи потфрлаат во одбрана и веројатно се единствен тим кој кога за противник има екипа со ол стар играч, истиот бележи по 40-60 поени и сам ги убива на терен.
Солидно се пополнети за остатокот од сезоната, а се надевам конечно дека Каваи ќе успее да одигра една полусезона без да се повреди.
Во прв состав би играле Теренс Мен (1), Пол Џорџ (2), Каваи Ленард (3), Маркус Морис (4), Ивица Зубац (5).
Втор состав би бил Рас Вестбрук (1), Ерик Гордон (2), Норман Пауел (3), Николас Батум (4), Мејсон Пламли (5).
Трет состав би бил Боунс Хиланд (1), Брендон Бостон Џуниор (2), Амир Кофи (3), Роко Ковинготн (4), Муса Диабате (5).
Многу широк ростер, очекувам добра борба за финале на западот