Ова бил план Б или план Ц за Лејкерс, и реално ако веќе не можеле да најдат шутер тогаш подобро е да го имаш Вестбрук отколку КЦП+Кузма/Харел.
Плус ништо не може да се финализира некаде до 6ти Август (ако не грешам) пошто рукито од 22-риот пик не може да биде трејдан порано (заради Степан правилото). Теоретски Бади Хилд сеуште е можност за Лејкерс, ако во постоечкиов дил се вклучи трет (или и четврт) тим - и ако Денис Шродер се согласи на сајн&трејд во Сакраменто или во четврт тим. Со Шродер вакво нешто можат да договараат тек од 2ри Август... Лејкерс ако не можат да се договорат со Шродер да се согласи на сајн&трејд, јас би му платил колку бара и би го задржал, потоа би пробал да направам некој трејд за шутер до трејд дедлајнот.
Пошто Лејкерс со Вестбрук се скоро под хард кап, а со враќање/нови договори со ТХТ и Карусо (можеби и само со еден од нив) ЛАЛ сигурно идат под хард кап... И тогаш толку од потпишување на било кој освен за ветерански минимум. Само мид-левел ексепшн ќе им остане, оној помалиот од ~5 милион (за плаќачи на данок). Затоа би го преплатил Денис Шродер, и копилето го знае ова, затоа бара (пре)многу пари.
Бест кејс сценарио: Да се договорат со Сакраменто за сајн&трејд Шродер за Бади Хилд, или со Торонто за Лоури.
Ептен бест кејс сценарио: Демар Дерозан да се реши да дојде во Лејкерс за мид-левел ексепшн. Кажа ДД дека би играл во Лејкерс и за помалку пари, плус и први другари се со Лоури.
Е како бе Вестбруk + Леброн + Дејвис е во ред а Брада + Ирвинг и Дурант е пичкарски потег?
Брадата со месеци плачеше по медиуми, не доаѓаше на тренинзи, правеше канцер атмосфера во соблекувална и тоа откако Хјустон со години правеше се што Харден ќе посакаше... Нема никаква сличност со чистиот трансфер на Вестбрук во Лејкерс.
Плус Вестбрук Лејкерс само ги прави поранливи (оставам да бидам демантиран од Вогел, и тимот) а Брадата Нетс ги направи инстат фаворити за титула. Нема спордба со тројката на Лејкерс: 37 годишен играч на залез на кариера, 32 годишен комбо плеј кој е зависен од игра со влезови (а старее и губи атлетицизам)... И полошо, и двајцата се лоши шутери (особено Вестбрук). И АД со стаклените ноги кој ако не го чуваат во регуларна сезона, нема да издржи до плејоф.
Ама ОК, разбирам дека е кул да се хејтаат Лејкерс.