Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
Наградна игра: Типување на табела!
Во разговор со Syn дојдовме до интересна идеја за наградна игра: Типување на табела. Играта се состои во следново: Дадено ви е да одберете една од трите големи европски лиги (Англиска Премиер Лига, Шпанска Примера Дивизион, Италијанска Сериа А). Секој натпреварувач може да одбере само една од наведените лиги, и да типува конечна табела на крај на сезона, т.е. распоредот на сите тимови по завршувањето на 38 коло во лигата. Значи нема никакво типување на исходи од натпревари или нешто слично - туку само изгледот на табелата на крајот на сезоната. Тоа би изгледало некако вака, ако некој ја типува Англиската Премиер Лига:
1. Manchester United
2. Liverpool
3. Chelsea
4. Arsenal
5. Everton
6. Aston Villa
7. Fulham
8. Tottenham
9. West Ham
10. Manchester City
11. Wigan
12. Stoke City
13. Bolton
14. Portsmouth
15. Blackburn
16. Sunderland
17. Hull
18. Wolverhampton
19. Birmingham
20. Burnley
Напомена: Ова не е мое типување, туку ланска табела, само внесени се новите тимови на местото на испаднатите.
Пријавувањето за играта, односно типувањето на табелите трае до еден ден пред започнување на првенствата. На пример, ако прво почнува Англиската Премиер Лига, во сабота во 14:00, типувањето завршува во петок во 14:00, и сите постови после тоа време ќе бидат избришани како неважечки. На крајот од секој месец, јас или Syn ќе ја апдејтираме темата со резултати кој колку тимови има погодено, и ранг листата.
Победникот, односно членот со најмногу погодени тимови на нивните точни позиции во лигата, добива дрес од својот омилен тим. Втора награда ќе биде фудбалска топка Select, и ќе ја добие членот кој е втор по ранг, односно втор по број на погодоци. Членот кој ќе заврши на третото место, односно трет по број на погодоци, ќе добие шал од својот омилен тим. Наградите се подарок од Модераторите на подфорумот за Фудбал, кои се спонзор на оваа наградна игра. Со ова потврдуваме дека сме најдобар македонски форум за дискусии во мрежата и ќе се потрудиме да допринесеме за поинтересно следење на најдобрите три првенства во Европа. Јас ќе се погрижам за врачување на наградите. При евентуален ист број на погодоци (поени), победник е членот кој прв типувал, односно испратил пост пред другиот член кој има исто погодоци.
Јас, Syn и Димитар може да учествуваме во играта, но чисто колку да се провериме колку добри типувачи сме. Ако некој од нас заврши прв, наградата му припаѓа на вториот по ранг натпреварувач.
Правилата се јасни, ако имате прашања или забелешки, повелете на темава, прашајте, најдете ни’ маана, кажете некој пропуст.
Среќно на сите.