Мујо и Хасо ограбиле банка. Полицијата ги фатила и ги однела на суд. Судијата им вика:
- Ако ги вратите парите, ќе ви ја намалиме казната.
На ова двајцата одговараат:
- Да сакавме да враќаме пари, ќе си земевме кредит.
--- надополнето ---
Мујо му вели на Хасо:
-Леле Хасо, жена ми е трудна, а денес паднала на скали!
- Па што... -
Па како што бре, утре треба да се породи и што ако детето се роди во форма на цик-цак, а!?
- Немај гајле и мајка ми пред да ме роди се сопнала од куп грамофонски плочи, па како што гледаш мене ништо не ми фали, ништо, ништо, ништо не ми фали, ништо не ми фали, ништо не ми фа фали....
--- надополнето ---
Мујо го прашува Хасо:
- Што ќе правиш ако утре дојде крај на светот?
- Би сексал се живо што се мрда, ти што би правел?
- Јас ќе се потрудам да не се мрдам!