Муслиманството vs Рисјанството, разлики и сличности

Член од
5 декември 2005
Мислења
61
Поени од реакции
0
другарче напиша:
каде денес убиваат муслиманите (само) во име на религијата?

а прашењето за односот мажи-жени во христијанството, размисли подобро колку е решен. за почеток размисли за полова застапеност во ватикан
А башка христијанството има шесто и кусур години предност во еволуцијата. Треба да се даде време на исламот :)
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
другарче напиша:
каде денес убиваат муслиманите (само) во име на религијата?

а прашењето за односот мажи-жени во христијанството, размисли подобро колку е решен. за почеток размисли за полова застапеност во ватикан
Ал каеда, мачениците од Ал Акса, Хамас, Фатах и уште милион други терористички групи кои во себе содржат исламски поими. Сите тие велат дека водат џихад дека се борат против неверниците. Што друго ти треба како потврда? Еве денес ги гледам некој пак ги буцка муслиманите зошто некојси дански весник објавил карикатура за Мухамед! Мене ме нервираат такви глупости и мајтапење со верата ама сум прифатил дека и тоа е демократско право а тоа треба да го прифатат и муслиманите што Европа ги примила кај нив на гости. Да се разбереме немам многу подобро мислење ни за САД и за Западна Европа ама да речеме дека муслиманите се вистинскиот избор или пат тоа е глупо.
За Ватикан што да коментирам? Тоа што нема жени попови? Тоа е традиција и толку нема што да се дискутира. А за почеток ти почни од оние мантили шамии и разни други работи кои ја дискриминираат жената муслиманка во секојдневното живеење а камоли па на некоја да и текне да биде оџа.

Excellent напиша:
А башка христијанството има шесто и кусур години предност во еволуцијата. Треба да се даде време на исламот :)
А значи муслиманите се на ниво од 1400 година? Ова е навреда или не е?:icon_lol:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Не ја знам баш муслиманската религија, ни сум ни читала нешто за неа иако ме интересира. Од општо познавање што имам не би коментирала за да не се избрукам како некои тука.
Дани, правев муабет со Еко и ми е мило што ќе одвои време да напише тука некој ред, ради што мене ме интересира, а и ради тешкиве мубаети и наводно докази за нешто најдени само на интернет страни ...
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
SLaCk напиша:
Ал каеда, мачениците од Ал Акса, Хамас, Фатах и уште милион други терористички групи кои во себе содржат исламски поими. Сите тие велат дека водат џихад дека се борат против неверниците.
не сакам да навлегувам у тоа кои се и што се тие организации кои ги набројуваш, али верувај дека ниту една од нив нема убиено некој само заради тоа што не е муслиман. (нивните идеологии и интерпретации на исламот се друга приказна)
SLaCk напиша:
Што друго ти треба како потврда? Еве денес ги гледам некој пак ги буцка муслиманите зошто некојси дански весник објавил карикатура за Мухамед! Мене ме нервираат такви глупости и мајтапење со верата ама сум прифатил дека и тоа е демократско право а тоа треба да го прифатат и муслиманите што Европа ги примила кај нив на гости. Да се разбереме немам многу подобро мислење ни за САД и за Западна Европа ама да речеме дека муслиманите се вистинскиот избор или пат тоа е глупо.
како што јас сфатив, дискутираме разлики меѓу исламот и христијанството. ако ти држиш мислење дека исламот како „избор“ за религија е глупо, многу ми кажува за твојот карактер и каква дискусија може да се развие натаму
SLaCk напиша:
За Ватикан што да коментирам? Тоа што нема жени попови? Тоа е традиција и толку нема што да се дискутира. А за почеток ти почни од оние мантили шамии и разни други работи кои ја дискриминираат жената муслиманка во секојдневното живеење а камоли па на некоја да и текне да биде оџа.
поставуваш двојни стандарди. кај нас е во ред што имаме традиција да нема жени попови, а во муслиманскиот свет традицијата жената да биде така облечена не е? да не бидам погрешно сфатен, далеку од тоа да викам дека муслиманската религија е подобра во однос на жените. меѓутоа можеби и христијанството не е најсјајно во тој однос
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
другарче напиша:
не сакам да навлегувам у тоа кои се и што се тие организации кои ги набројуваш, али верувај дека ниту една од нив нема убиено некој само заради тоа што не е муслиман. (нивните идеологии и интерпретации на исламот се друга приказна)

како што јас сфатив, дискутираме разлики меѓу исламот и христијанството. ако ти држиш мислење дека исламот како „избор“ за религија е глупо, многу ми кажува за твојот карактер и каква дискусија може да се развие натаму

поставуваш двојни стандарди. кај нас е во ред што имаме традиција да нема жени попови, а во муслиманскиот свет традицијата жената да биде така облечена не е? да не бидам погрешно сфатен, далеку од тоа да викам дека муслиманската религија е подобра во однос на жените. меѓутоа можеби и христијанството не е најсјајно во тој однос
не те разбирам од една страна викаш дека не знаеш и не навлегуваш во тоа кои се тие организации кои ги набројав а од друга страна ми викаш верувај не убиле никого само затоа што не е муслиман? Од кај знаеш кога не си знаел кои се тие организации? А што е со нивните повици за џихад? Што е со убиениот холандски режисер кој го дигна гласот против исламскиот третман на жените? Што е со 6 бомби пред цркви во Ирак што се случи пред три дена? Што е со континуираните напади врз христијанското малцинство во Индонезија? И да не набројувам. Па таа приказна и не интересира. Затоа што истото моѓе да се каже и за крстоносците - тие само така ја толкувале Библијата?

какви двојни стандарди? СЕКОЈА жена муслиманка МОРА тоа да го прави(шамии мантили и тн.), а жените христијанки не можат само една работа да бидат ПОПОВИ и ништо друго не се ограничуваат. Точно е дека и тоа не е фер ама да ми кажеш дека сличен е статусот е далеку од вистината и од реалноста што сите ја гледаме.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Слак, со твоиве размислувања ти си поназад од муслиманите, според твоите видувања нормално.
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Значи и ти сметаш дека муслиманите се назад?
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
SLaCk напиша:
Значи и ти сметаш дека муслиманите се назад?
Ни една реченица не можеш да ја сватиш поинаку освен тебе како што ти одговара. Кажав јасно, од муслиманите такви какви што ги опишуваш ти, според твоите видувања, а не какви што се.
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Добро, нејсе. Темата е друга не сум јас на дневен ред. А какви се муслиманите или христијаните не зависи од нас 5 души што дискутираме на форумов.
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
divine напиша:
Слак, со твоиве размислувања ти си поназад од муслиманите, според твоите видувања нормално.
Од кај ги знаеш ти муслиманите какви се?Од кај ја знаеш нивната религија?Од еден муслиман што ти кажал или од тоа што го гледаш во Македонија?
Ал каеда на пример?од кај знаеш за нивните идеи и колку тие се поткрепени со религиозни побуди?
Ти ни јас ни никој тука нема појма за муслиманите затоа прифаќам само она што е донесено како доказ,напишано од некој што го познава исламот и коранот детално.
Муслиманите т.е фанатиците за исламот(значи за тие муслимани зборуваме) се такви какви што се опишани тука.Бидејќи и самата кажа дека не го познаваш исламот како можеш да кажеш дека се или не се такви?
И што-не е вистина дека жените мораат да носат шамии според ИСЛАМОТ(значи според религијата а не според тоа како навистина еЖ)?Или за џихадот?Може ти и другите да негирате ама тоа е вистина и факт...

А за обичниот муслиман-како тој живее,кои традиции ги почитува,како размислува во поглед на религијата јас лично незнам и затоа и побарав објаснување баш од таков муслиман кој што не е фанатик за својата религија како што и јас не сум фанатик за мојата религија(у смисла никогаш да не лажам,да немам секс пред брак,да не пијам алкохол друг освен вино и таканатаму)..зборувам за религиозен човек во граници на нормала
 
Член од
7 април 2005
Мислења
13
Поени од реакции
0
Blazeni se bednite po duh , zatoa sto e nivno carstvoto nebesno ...
Blazeni se onie sto placat , zatoa sto ke se utesat .....
Blazeni se krotkite , zasto tie ke ja nasledat zemjata .....
Blazeni se gladnite i zednite za pravda , zatoa sto tie ke se nasitat ....
Blazeni se milostivite , zasto tie ke bidat pomilovani .....
Blazeni se cistite po srce , zasto tie ke go vidat Boga ....
Blazeni se mirotvorcite , zatoa sto tie ke se narecat sinovi bozji ...
Blazeni se gonetite zaradi pravda , zasto e nivno carstvoto nebesno ...
Blazeni ste vie , koga ke ve stramat i ke ve progonuvaat i ke govorat protiv vas sekakvi losi zborovi lazno zaradi mene ....
Raduvajte se i veselete se ,zasto golema e vasata nagrada na nebesata ..

Ova pogore se narekuva vo Hristijanskata religija blazenstva i ovoj del so ostanatite 10 bozji zapovedi se sve ona sto vo kratki crti go propovedal Isus i za site vernici i nevernici koj veke si zemale za pravo da se mesaat vo bozjata rabota i od obicni smrtnici da gradat sliki na sudii , dovolno e da go znaat samo ova i ke imaat opsta slika za ona vo koe veruvaat vistinskite hristijani ...za razlika od site ostanati propagandi koj koristat fakti sto gi pravele ostanatni zivi smrtnici koj zemale pravo da sudat slicno na ova sto mnogumina od vas go pravat tuka ...da receme palenje na kladi, krsenje glavi, potkolenici i neznam sto ne ...
1. Jas sum Gospod Bog tvoj , da nemas drugi bogovi osven mene ...
2. Ne pravi idol ili slika na ona sto e gore na neboto ,sto e dolu na zemjata i sto e vo vodata ,pod zemjata, ne im se poklonuvaj i ne im sluzi ....
3. Ne go izgovaraj naprazno imeto na gospoda tvojot Bog.... !!!!!!!!!!
4.Spomnuvaj si za denot na odmorot za da go praznuvas , 6 dena raboti ,svrsi gi site raboti a 7miot den posveti go na Gospoda tvoj Bog......
5. Pocituvaj go tvojot tatko i tvojata majka za da ti bide dobro i da pozivees dolgo na zemjata ....
6. Ne ubivaj ...
7. Ne pravi preljuba ...
8. Ne kradi ...
9. Ne svedoci lazno protiv svojot blizen ....
10. Ne pozeluvaj nisto sto e tugo ....

Ove e veruvanje na sekoj vistinski Hristijanin i vo istoto nikade nestoi deka covek kako covek treba da ubie i mrazi (zab za zab , oko za oko ,krv za krv) mototo na mnogumina od drugata strana na Vardar ...
Nikade nestoi ideata za golema Makedonija ...citat "nepozeluvaj nisto sto e tugo" ....
Sakaj go svojot neprijatel isto kako svojot blizen (dokazano posle osloboduvanje od Turskata Imperija) nieden Turcin nitu bese gonet nitu bese suden nitu bese zapalen na klada nitu mu bese nametnatno da ja menuva verata ....
Blazeni se gonetite za pravda (slucaevite vo Tetovo)
Ne pravi preljuba( sto znaci deka ako si prorok neznaci deka mozes da imas 200 zeni .. imaj edna i sakaj ja istata kako sebe ,zatoa sto gospod bog izvadil rebro od levata strana na Adam i ja sozdal zenata ...i istata ne e nisto porazlicno od ona sto sme nie ....
Ne ubivaj ...sto znaci deka netreba da seces glavi da krsis podlaktici potkolenici za da nateras nekoj da te pocituva ili da se plasi od tebe ....
Sakaj si ja zemjata i brani ja od neprijatelite ( Se sekavam deka zemjata se vika Makedonija i deka neprijateli na istata nemozat da bidat samite Makedonci sto znaci deka treba da ima nekoj Vtor, vo sekoja drzava postoi edno zname a vo Makedonija simbol na znameto Ne se Dvoglavi Misirki ...Makedonija imeto na drzavata ...Fakt spored logika drzava na site Makedonci nezavisno od koja nacionalna ispovest se istite )....
I opsto citatov go poftoruva sve ona sto go napisav pogore :
Мухамед се залагал за освојување и покорување на неверниците - Исус е Принц на Мирот (Исак 9-6-7)
- Мухамед заедно со своите следбеници убил илјадници (освојувајќи ја Арабија и Блискиот Исток) - Исус не убил никого а спасил многумина.
- Мухамед велел Преобрати се или умри! - Исус велел Верувај и живеј!
- Мухамед проповедал дека сведоштвото на жена важи половина од сведожтвото на мажот и дека жените одат во Рајот ако го задоволат мажот - Исус велел дека мажот треба да ја сака жената и да биде спремен да умре за неа.
- Мухамед ги повикувал своите следбеници на борба - Исус рекол - Моето царство не е на овој свет, ако беше ѓе ги повикав моите следбеници да се борат.
- Коранот вели - Бори се за волјата на Алах (Коран 2.244) - Библијата вели - Ние не се бориме против месо и крв и нашето оружје не е физичко (Коринтјаните 10-4)
- Коранот вели - уништи го секој Паган каде и да го сретнеш (Коран 9.5)- Библијата вели - проповедај му на секое суштество (Марко 16-15)
I mnogu pogresno e da se sporeduva isus so crkva popovi i neznam sto ne ...Hristijanin sledbenik na ucenjeto na isus a ucenjeto na isus nebilo nisto od ona so palenje vesterki secenje glavi i bla bla bla ,ako e taka togas sto ostanuva za muslimanskata religija :) da receme od start znameto na turcija crvena boja so mesecina vo prevod krv i na istata otsjaj od mesecinata :) a krv sigurno ne od telinja :) ili pak ona so denesnicava vo imeto na alah :) BUMMM Ode u vozduh cela naselba :) vazno sve e vo imeto na Alah i muhamet ....
I za zaokruzuvanje na sve od Biblijata .....
Oce nas , koj si na nebesa ,da se sveti imeto tvoe , da dojde carstvoto tvoe ,da bide voljata tvoja ,kako na neboto ,taka i na zemjata ,lebot nas nasusen daj ni go denes i prosti ni gi dolgovite nasi kako sto im prostevame i nie na nasite dolznici i ne ne voveduvaj vo iskusenie i socuvaj me od lukaviot,
zasto e tvoe carstvoto i silata i slavata na oca i sina i svetiot duh , sega i sekogas i vo vecni vekovi.... AMIN .... + ......


alvega
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
NikolaP напиша:
Пак ова ми е мутно, ептен. Ти си задоволна со објаснението со водата???
Секоја супстанца има „3” агрегатни состојби. 3 ставено во наводници, затоа што има многу повише. Гелот на пример, течните кристали, итн.
Ама да не забегувам.
Финтата со водата ништо не објаснува. И понатаму 3 у еден ми е некако безсмислено. Исус за мене не е ништо повише од мудар човек, не ја исклучувам ни можноста за нешто божанско во него(од типот архангел, како и сите други), ама тоа самиот бог Отец да станал шизофреничар, не ми иде у глава.

И ова ми звучи бесмислено и работата подметната под тепихот.
Извињавај Дани за глупостите... Како некој кој ја отвори темата, мислам дека знам за што пишуваме тука. Да те потсетам, конкретно темава е за разликите и сличностите меѓу муслиманството и христијанството, ама ај религија е таква тема, на која може да се забегува и со други прашања поврзани за неа.
Еве моментално тројството... Мене никад не ми било логично, дури и кога самиот сум бил христијанин. Единствен логичен одговор кој го добив за тоа на форумов е од Павел Липранди.
Ај јас ке пробам да кажам нешто за светото тројство Велигден Фарбаме јајца јајцето е составено од три дела Лушпа Белка Жолчка незнам дали ке бидам сватен шо сакам да кажам али нема везе реков дека нема да коментирам на темава
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дани ... немам познавање, ама немаш ни ти за толку да ме убедуваш во нешто. Малку разговарав со Еко и ми кажа неколку негации на постови од Слак од самиот Коран ... значи поверодостојно во секој случај. Него ај да не се препуцаваме без факти и све тоа ... остави на тие што читале тоа што е поправилно, од секои наши телевизиски или интернет податоци.
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Аlvega браво-ете едно убаво објаснување на религијата и споредба..инаку тој дел

- Мухамед велел Преобрати се или умри! - Исус велел Верувај и живеј!

е вистина,и е дел од проповедите на Мухамед.Самиот Мухамед го имал то кажано.Тоа било база за понатаму да се наметнува муслиманстото над секој кој што не е муслиман за разлика од христијанството кое било пред се учење и било оставено на човекот да избере дали ќе го прифати- всушност баш тоа-верувај и живеј...
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
divine напиша:
Дани ... немам познавање, ама немаш ни ти за толку да ме убедуваш во нешто. Малку разговарав со Еко и ми кажа неколку негации на постови од Слак од самиот Коран ... значи поверодостојно во секој случај. Него ај да не се препуцаваме без факти и све тоа ... остави на тие што читале тоа што е поправилно, од секои наши телевизиски или интернет податоци.
А што е поверодостојно зошто ти кажал Еко а на мене не ми веруваш? Земи го ти Коранот види ги деловите кои се цитирани со страни каде се наоѓаат и кажи дали не е така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom