Мрзата направила човек од мајмунот а не работата! :)

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Па ти ти ги мешаш поимите а не ние!
Како што реков наутибајнејчр многу убаво напиша што значи мрза- а и да ти кажам право веќе ме фати мрза да ти објаснувам...
Ти мислиш дека седење на гз автоматски значи мрза.
Многу симплифицирана дефиниција, за жал, тотално погрешна.

И нормално, мрзата (наводно) ќе те спречи во "победата" во оваа дискусија. Што само докажува дека те спречува да ги искористиш потенцијалите.
А велам "наводно", зашто во овој контекст ти е само оправдување да избегаш од дискусија во која знаеш дека нема да победиш. На тема која ти ја отвори. И на која пиша "Ај некој нека рече дека не е така!". :)

Мрзата, од многу луѓе, е користена како добро нешто, како оправдание. Оправдание за нивните неуспеси.
Ја не гледам телевизија или серии од мрза, ја гледам зашто се интересни и ме опуштаат во одредени моменти. Тука ти е клучната грешка во твојата теорија за мрзата - ја немаш дефинирано самата мрза правилно. :)
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24

Значи причината која ти грешка ја сваќаш е што ти грешка имаш сватено што е мрза - сега ме испровоцира...
Победата во оваа дискусија јас ја имам од самото отварање на темата а не на докажувањето со човек ко тебе - зошто? Многу едноставно - ти упорно тврдиш дека мрзата е нешто сосема различно додека правото објаснување на зборот мрзата е да не ти се прави некоја работа во даден момент, а која треба да ја направиш.
Ништо не е апсолутно во овој свет исто така и мрзата и работливоста...
Жити се или си глуп или само се инаетиш.... а сега продолжи со твоите цинични тврдења додека јас мрзливо ќе се испружам на кревет, баи
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827
Мрза е кога мајка ми сеуште му ја чисти собата,му го фрла ѓубрето и му ги пере алиштата на мојот 34 годишен брат,ете тоа е мрза,во својата чиста форма,без премногу филозофирање и мудрување.Како доаѓа до тоа еден возрасен човек да го фати мрза? Па,пред се,тука е факторот "bambini" кој е популарен во Италија,а се однесува на возрасни 30 и 40 годишни мажи кои сеуште живеат со своите родители и се понашаат како да се во својот ран пубертет.Да ја земам смукалката и да му ја исчистам собата на некој кој е неспособен за тоа,тоа е во ред,но на некој кој е во цутот на својата работоспособност,е тоа е веќе огромна грешка,со која само му правиш контрауслуга на мрзливецот.Вакви во Македонија ги има премногу и лично сум се уверил во тоа и кај мои роднини а низ пријатели.
Имав една мачка која се окоти со 4 маченца,ги галеше,ги милуваше НО,СЕ ДО МОМЕНТОТ КОГА ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА СЕ ОСАМОСТОЈАТ.После тој момент(кој им е добро познат на скоро сите животни),мојата мачка почна да ги брка маченцата од себе,да им бега,а се со цел да ги натера самостојно да напредуваат и да станат вистински мачори.Значи,едно маче знае што е најдобро за своите деца,додека ние луѓето суште не сме ја научиле добро таа лекција(барем половината од нас).Значи да финиширам,воопшто не се согласувам со насловот од твојата тема,поздрав! :smir:
 
Не стои само насловот од темата,
Суштината на темата е битното- што го тера човекот да напредува или со други зборови што го прави човека човек... во прост пример објаснив зошто мрзата е битниот фактор во истото.
Инаку не се секирај, дефинитивно знаев дека ќе има вакви мислења ;)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Значи причината која ти грешка ја сваќаш е што ти грешка имаш сватено што е мрза - сега ме испровоцира...
Победата во оваа дискусија јас ја имам од самото отварање на темата а не на докажувањето со човек ко тебе - зошто? Многу едноставно - ти упорно тврдиш дека мрзата е нешто сосема различно додека правото објаснување на зборот мрзата е да не ти се прави некоја работа во даден момент, а која треба да ја направиш.
Ништо не е апсолутно во овој свет исто така и мрзата и работливоста...
Жити се или си глуп или само се инаетиш.... а сега продолжи со твоите цинични тврдења додека јас мрзливо ќе се испружам на кревет, баи
Епа како тогаш гледањето телевизија и печењето пиле е мрза? : )

Јас немам друга работа за правење, миксерот ми помогна да си создадам слободно време кое ќе го користам ЈАС како сакам. А сакам да гледам телевизија.
Ти реков уште на почеток, мешаш поими.
 
П

Пепси_

Гостин
Кажете 1 дефиниција за мрзата и водете се по таа сега ова мрсите ептен кој како ја сваќа мрзата така пишува :) :)

Патем не може да кажиме дека мрзата направила од мајмунот човека..... мрзата може да биде иницијатор на некоја идеја која ќе мора да ја реализираш т.е. миксерот мора некој да го направе,а мрзеливоста била иницијаторот за да му текне на некој дека миксерот по брзо ќе сврше работа,АМА ако не го направе тој мрзеливиот т.е. ако не ја материлијазира таа идеја што ја има за миксерот ништо од мрзеливоста пак ќе меша со рака..... значи без работа нема ништо :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не џабе рекле старите: дај му на мрзлив човек да направи една работа, и ќе ја направи на наједноставниот можен начин. Така да, не гледам што има тука лошо? Тој шо нема во глата, има во рацете и во нозете. А конкретно јас, побрзо би мислел 8 часа отколку да лупам. Не дека нејќам, туку имам избор.

Е сега, од друга страна, поставете ја темата во ваков начин: Мрзата направила човек од мајмунот - Го натерала да размислува како да ги искористи ресурсите во неговата околина за да си го поедностави животот.

Ајде да ве видам што ќе кажите на таа проблематика, наместо да се контрате кој што рекол и каде бил контрадикторен :)
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Очигледно дека мојот километарски пост е напор за некого, па не се ни потрудил да го сфати. Сеедно, еве уште еден. :)
Човек не сака да прави одредени нешта, не заради мрза, туку зашто едноставно тоа време сака на друг начин да го искористи.
^Баш ова го реков и јас, со таа разлика што јас мрзата ја дефинирам со таа желба времето да се искористи на нешто друго. Ти сосема непотребно ги разграничуваш овие 2 нешта.
Според вашава теорија, човек прво ПРАВИ НЕШТО ШТО НЕ САКА, само за во иднина да не мора да прави НИШТО.
. . .
И не, миксерот не е измислен за ние да сме мрзливи, измислен е за да завршиме одредена работа побрзо, за да имаме време за друга.
:tapp: Мојата теорија е баш спротивното од болдираното, зарем и тоа не сфати? Човек прави нешто што не сака, за да има повеќе време да прави нешто што сака, а не за да не прави ништо (како што тврдиш ти дека тврдам). Вториот дел е токму она што и јас го зборам. Мрзата е стремеж кон повеќе време за посветување на она што е производ на твојата креативност (по 100-ти пат).

Мрзата те спречува да ги искористиш потенцијалите
Каква грешка. Најголемата пречка за искористување на нашиот потенцијал е нашето ''ефективно" образование и системот кој не угнетува и принудува да бидеме работници кои му служат него, а не на сопствената среќа. Мрзата се јавува како одбојност кон овие лимитирачки стеги и не' насочува кон искористување на својот потенцијал. Освен ако не мислиш дека најголемиот потенцијал на луѓето е да станат добри банкари, или добри бизнисмени. За мене, ова е навредувачко. Да не навлегувам, мислам дека се разбираме.

Мрза е воопшто да не пипнеш миксер, не па да го измислиш.
Затоа ти викам, теоријата, иако ти изгледа интересна, е тотално погрешна. :)
Мрза е тоа што не сакаш да мутиш јајца рачно само за да си спремиш оброк, а измислувањето миксер е труд мотивиран од таа мрза. Мрза е да не сакаш да ораш нива со лопатка, па заради таа мрза човекот измислил трактори, комбајни 'n shit.

Мрзата, од многу луѓе, е користена како добро нешто, како оправдание. Оправдание за нивните неуспеси.
Оправдание..:tapp: Никој не се правда со мрза, туку за мрзата бара оправданија, затоа што е погрешно сфатена. "Мрзата го гнаси човекот", според мене, е само еден од инструментите на перење мозок и претворање на луѓето во labor.
Мрзата е еден вид одбранбен механизам, кој всушност ти помага да осознаеш што ти го прави животот поубав, а што полош. Таа е дел од нас, исто како што се емоциите. Нема добри и лоши емоции, сите се корисни. Сите се индикатори на нештата кои се добри или лоши за нас. Не можеш да ги искорениш од човекот, можеш само да ги искорениш причините што ги предизвикуваат. Ако нешто е корисно, по default e добро. Кога повеќе би ја почитувале, би живееле во многу попродуктивно, покреативно и посреќно општество.

@beret
Не може без философирање. Темата е во философија и моментално ја разгледуваме мрзата од философски аспект (или барем се трудиме), а не според сфаќањата на старите. Дури и во твојот случај, мрзата на брат ти е корисна за него (за жал не е за вас). Иако ми личи дека тука се кријат многу покомплексни причини, ама тоа е веќе друга тема, а и не е наша работа.

Значи овде темата се темели на тоа дека мрзата не е неправење ништо, туку отпор кон она што не го сакаме и стремеж кон она што не прави задоволни/среќни. Ако се согласиме дека е иницијатор на напредок, со цел помалку непожелна работа, тогаш не е грешно да и' придадеме значење во формирањето на човекот.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Значи овде темата се темели на тоа дека мрзата не е неправење ништо, туку отпор кон она што не го сакаме и стремеж кон она што не прави задоволни/среќни. Ако се согласиме дека е иницијатор на напредок, со цел помалку непожелна работа, тогаш не е грешно да и' придадеме значење во формирањето на човекот.
Correct.
Само што Mac пред да пише не се потруди да размисли за што всушност станува збор.. тој си помисли само на едно
мрза=лоша работа :nenene:
работа=:baeh:

епа :bip:
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Човек не еволуирал од мајмун ;)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Очигледно дека мојот километарски пост е напор за некого, па не се ни потрудил да го сфати. Сеедно, еве уште еден. :)

^Баш ова го реков и јас, со таа разлика што јас мрзата ја дефинирам со таа желба времето да се искористи на нешто друго. Ти сосема непотребно ги разграничуваш овие 2 нешта.
Океј, ајде тогаш, зашто да застанеме овде.

Мрзата е среќа, мрзата е љубов, мрза е кога паѓаат лисјата во есен.
Вие бе луѓе, сте се фатиле дека мрзата те тера да мислиш и е причина за сите еволутивни производи и процеси кои се измислени.
Сами на себе сте контрадикторни, по 20ти пат ви кажувам. Ако си мрза, како у курац си станал научник или електро-инженер за да измислиш миксер или било кој друг иновативен производ?
Како си прошол факс?

Значи, те мрзи да работиш, ама не те мрзи да смислуваш миксери, телевизори и слични чуда. Епа, тука вашата логика нема смисла.
Тие работи кои сега вас ви овозможуваат да бидете мрзливи (конкретно тој миксер, спомнат по илјадити пат) е направен со труд и пот, од трудољубиви луѓе. Да тврдиш дека е направен заради мрза е небулозна ствар, исто како да тврдиш дека еволуцијата на мобилните е исто така ради мрза. Некој го смислил миксерот, а вие со мрзоволие нема да смислите ништо - па по 100 години ќе бидеме пак, каде што сме сега.

Џиш ви спомна погоре, мрзлив човек ќе ја направи работата на наједноставен начин. Мораш да измиксаш нешто?
Мрзливиот ќе фати и ќе го измикса, без да се замара.
Сигурно нема да отиде дома, да се мучи, да иновира и да патентира, за на крај по 2 години да дојде со Power Juicer идеја, ебате беља. :)

И не, ние не правиме работи што ги МРАЗИМЕ, или пак приморани сме да ги правиме. Вие го користите скопскиот сленг "мрази = мрзи", па си ги изедначувате работите.
Мрза била работи што нејќеме, односно да правиме работи што сакаме бла бла бла...

Мрза е и кога лисјата паѓаат. Фала, чао и пријатно.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
На сила на никој неможеш да дадеш јбг.. но има некои кој ќе извлечат и по некоја поука од ова
 
H

HITCH

Гостин
Не џабе рекле старите: дај му на мрзлив човек да направи една работа, и ќе ја направи на наједноставниот можен начин. Така да, не гледам што има тука лошо? Тој шо нема во глата, има во рацете и во нозете. А конкретно јас, побрзо би мислел 8 часа отколку да лупам. Не дека нејќам, туку имам избор.

Е сега, од друга страна, поставете ја темата во ваков начин: Мрзата направила човек од мајмунот - Го натерала да размислува како да ги искористи ресурсите во неговата околина за да си го поедностави животот.

Ајде да ве видам што ќе кажите на таа проблематика, наместо да се контрате кој што рекол и каде бил контрадикторен :)
Потполно се согласувам со Dzish!

Некои работи не се создадени бидејќи ние сме мрзливи, туку за да се скрати време. Замисли живот без кола, авион, воз, автобус, брод, точак... Како ќе функционираш? Не можеш дома да седиш или уште бетер пешки да идеш до Кина ... Мрзата си има добри и лоши страни. Добрата е што колку толку крадеш време за да одмориш, лошата што работите се одложуваат малку.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Аман.. Колку пати да напишам дека мрзата не те спречува да направиш нешто. Мрзата е инстинкт, рефлекс, како сакаш сметај ја, ама се јавува само кога некоја акција ти е НАМЕТНАТА! Дали те мрзело или не, нема пресудна улога во твоето (не)делување. Користејќи го РАЗУМОТ, пресудуваме во кој случај имаме поголема корист на долгорочен план, и токму таа проценка е одлучувачкиот момент за преземање акција. Тоа што некогаш грешиме во проценките е сосема друга работа. Пример: Ако свесно земеш ковано железо во рака, не можеш да ги обвиниш рецепторите за болка дека се контрапродуктивни. Исто и со мрзата.

И никој не рече дека мрзата е основниот двигател на човештвото и дека секој пронајдок е мотивиран од неа. Ама факт е дека е дел од истото.

Некој учи со желба и љубов, а некој учи затоа што го мрзи да копа, да чисти улици, или да работи 20 саата дневно за да спечали колку што би спечалил со 8 работни саата со диплома. Така и со миксерот, подобро еднаш да смислам алат што ќе ми ја забрза работата, отколку да мутам што и да е, цел живот, рачно.

Постои барем еден човек на планетава кој ништо не го мрзи да прави? Тешко дека е така. Е па, како може да се смета за маана нешто што е дел од секој човек поединечно и што го усмерува кон труд кој притоа му овозможува и уживање?
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
ДА! Мрзата а не работата.

Ако погледнеме како човекот напредува ќе видиме дека, се што се работи е да се поедностави работата на човекот, секој би користил миксер за да направи шлаг од торта, место да го измеша рачно.. дефинитивно не поради тоа што е многу работлив.. туку баш спротивното дека е мрзлив.
Значи секое нешто што го правиме гледаме да го поедноставиме (помрзливо да не речам) и се повеќе и повеќе технологијата тежнее кон истото.

Еве незнам кој философ беше што кажуваше дека работата го прави човека човек - е грешка.. мрзата е битниот фактор ;)

edit: извинете ми за игноративноста со која се изразувам- но неможам да си помогнам кога луѓето многу работи земаат здраво за готово, а ова заслужуваше малку отварање на очи.. не дека работата не го прави човека човек.. но да знаете дека мрзливоста има големо значење тука, ако не и поголемо хах!
p.s. требаше да се запишам на филозофски- ќе ги реметев професорите на секојдневна база со вакви заебанции.. :D
А за да го направи некој тој миксер потрошил којзнае колку време во работење за да го осмисли целиот тој механизам и слично, а за да имаш ти пари да го купиш тој уред или било кој друг уред треба да спечалиш пари ехееее за да опремиш еден стан ти требаат минимум 15000 до 20000 евра а камоли да го купиш па сеа ти види дали мрзата го прави човекот или работата, ако не работиш ќе немаш пари ќе буричкаш по контејнери...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom