Очигледно дека мојот километарски пост е напор за некого, па не се ни потрудил да го сфати. Сеедно, еве уште еден.
Човек не сака да прави одредени нешта, не заради мрза, туку зашто едноставно тоа време сака на друг начин да го искористи.
^Баш ова го реков и јас, со таа разлика што јас мрзата ја дефинирам со таа желба времето да се искористи на нешто друго. Ти сосема непотребно ги разграничуваш овие 2 нешта.
Според вашава теорија, човек прво ПРАВИ НЕШТО ШТО НЕ САКА, само за во иднина да не мора да прави НИШТО.
. . .
И не, миксерот не е измислен за ние да сме мрзливи, измислен е за да завршиме одредена работа побрзо, за да имаме време за друга.
Мојата теорија е баш спротивното од болдираното, зарем и тоа не сфати? Човек прави нешто што не сака, за да има повеќе време да прави нешто што сака, а не за да не прави ништо (како што тврдиш ти дека тврдам). Вториот дел е токму она што и јас го зборам. Мрзата е стремеж кон повеќе време за посветување на она што е производ на твојата креативност (по 100-ти пат).
Мрзата те спречува да ги искористиш потенцијалите
Каква грешка. Најголемата пречка за искористување на нашиот потенцијал е нашето ''ефективно" образование и системот кој не угнетува и принудува да бидеме работници кои му служат него, а не на сопствената среќа. Мрзата се јавува како одбојност кон овие лимитирачки стеги и не' насочува кон искористување на својот потенцијал. Освен ако не мислиш дека најголемиот потенцијал на луѓето е да станат добри банкари, или добри бизнисмени. За мене, ова е навредувачко. Да не навлегувам, мислам дека се разбираме.
Мрза е воопшто да не пипнеш миксер, не па да го измислиш.
Затоа ти викам, теоријата, иако ти изгледа интересна, е тотално погрешна.
Мрза е тоа што не сакаш да мутиш јајца рачно само за да си спремиш оброк, а измислувањето миксер е труд мотивиран од таа мрза. Мрза е да не сакаш да ораш нива со лопатка, па заради таа мрза човекот измислил трактори, комбајни 'n shit.
Мрзата, од многу луѓе, е користена како добро нешто, како оправдание. Оправдание за нивните неуспеси.
Оправдание..
Никој не се правда со мрза, туку за мрзата бара оправданија, затоа што е погрешно сфатена. "Мрзата го гнаси човекот", според мене, е само еден од инструментите на перење мозок и претворање на луѓето во labor.
Мрзата е еден вид одбранбен механизам, кој всушност ти помага да осознаеш што ти го прави животот поубав, а што полош. Таа е дел од нас, исто како што се емоциите. Нема добри и лоши емоции, сите се корисни. Сите се индикатори на нештата кои се добри или лоши за нас. Не можеш да ги искорениш од човекот, можеш само да ги искорениш причините што ги предизвикуваат. Ако нешто е корисно, по default e добро. Кога повеќе би ја почитувале, би живееле во многу попродуктивно, покреативно и посреќно општество.
@beret
Не може без философирање. Темата е во философија и моментално ја разгледуваме мрзата од философски аспект (или барем се трудиме), а не според сфаќањата на старите. Дури и во твојот случај, мрзата на брат ти е корисна за него (за жал не е за вас). Иако ми личи дека тука се кријат многу покомплексни причини, ама тоа е веќе друга тема, а и не е наша работа.
Значи овде темата се темели на тоа дека мрзата не е неправење ништо, туку отпор кон она што не го сакаме и стремеж кон она што не прави задоволни/среќни. Ако се согласиме дека е иницијатор на напредок, со цел помалку непожелна работа, тогаш не е грешно да и' придадеме значење во формирањето на човекот.