Немој само да ми кажуваш како се успева. Баш поради "Мрзата" јас денеска имам висок излив на пари, со малку работа благодарение на тоа што барав мрзлива работа кога се мислев во што да инвестирам пред 3 години. Значи дефинитивно ми се исплати.
А тоа што спомна примерот со миксерот- баш тоа е мрзата, верувам дека и да ти беше слободен денот и да немаше што друго да правиш одкога ќе ја завршиш тортата на крај сепак ќе се одлучиш да работиш со миксерот - нормално за на крај да му ја легнеш.
Тоа не е мрзата тоа е оптимизација на слободно време? Ма дај немој! И за на крај да посветиш повеќе време за себе- тогаш што е мрзата?
Всушност она што го сочинува успехот не е само работливоста - како сакај наречи го, ефикасност или мрзливост (начин на размислување).
Прашање до тебе: Имаш опција 1 и да инвестираш во работа која ќе ти носи доволно пари со многу помалку работа? И имаш опција 2 која со многу работа ти носи исто така доволно пари... која опција ќе ја избереш- а на крај слободноте време што ти останува да не можеш да го искористиш никаде на друго место во продуктивност? (значи да се осигураме дека нема да си го оптимизираш времето туку ќе ти остане само за излежување)
Немој да си мислиш дека успехот лежи само во работата - и оптимизацијата на слободно време. Јас сум успешен и сум жив доказ дека мрзата е добра особина (нормално се си има граници) а не е оптимизација на време пак ќе ти кажам.
Мрзата го тере човекот да работи!
Мрзата го тере човекот да размислува поразлично од мајмунот!
Ајде доброутро
И пак се вртиме на истото. Ако ти одиш до крај со твојата теорија, нема да си богат, ќе бидеш само мрзлив.
Бидејќи за да инвестираш, за да одбереш работа, за да ги напраиш сите тие нешта - ти баш треба да не си мрзлив. Ако сме со тој мрзливиот памет, нема да ги направиме.
И потоа, откако ќе ги направиме, ќе видиме дека сето тоа слободно време што сме го ќариле (нели сме избрале работа што бара малку труд од нас), потоа ќе сфатиш дека тоа слободно време можеш да го искористиш да го зголемиш приходот. И пак ќе ја прифатиш таа прилика.
Многу поими мешате гледам овде...ај вака, ако си мрзлив воопшто нема ни да одбереш работа и да го оптимизираш времето. А ако еднаш одбереш работа, значи ќе одбереш и следниот пат, па следниот и така натаму.
А човек не бира помалку работа зашто е мрзлив. Бира помалце работа за исти пари, зашто никој не е глуп да работи за исти пари, ама повеќе.
Е сега тука доаѓаат во прашање и други елементи, како на пример просперирањето понатаму во кариерата. Имаш една работа, која иницијално нуди ПОМАЛА плата, но можност за просперирање понатаму и поголема плата во иднина. Ај тука мисли мрзливо, да те видам?
Не ми се допаѓа дискусијава, баш зашто тебе ти се погодило, па од еден случај генерализираш без притоа да размислиш подлабоко за "проблемот" малку. Намерно е ставено во наводници, бидејќи за мене не е проблем.
Човек не сака да прави одредени нешта, не заради мрза, туку зашто едноставно тоа време сака на друг начин да го искористи. Затоа, ако има избор, ќе го избере оној што овозможува повеќе слободно време (секако, ова е симплифицирана теорија, бидејќи многу елементи влегуваат тука, како она погоре со просперирањето во кариерата пример).
Ако нема избор, ќе ги прави работите што не ги сака, знаејќи дека во иднината тие ќе му донесат пари, а со тоа и среќа итн...
Според вашава теорија, човек прво ПРАВИ НЕШТО ШТО НЕ САКА, само за во иднина да не мора да прави НИШТО.
Проблемот е што, ако еднаш си се помачил, ќе видиш дека тоа носи резултати. И во иднина кога ќе имаш избор да се помачиш или да дремеш, па ќе избереш "мачење", само зашто знаеш дека после ќе ти биде криво ако тоа време си го поминал "мрзливо".
И не, миксерот не е измислен за ние да сме мрзливи, измислен е за да завршиме одредена работа побрзо, за да имаме време за друга. Дали таа друга работа ќе биде после печење пиле или гледање телевизија, не е битно.
Мрзата те спречува да ги искористиш потенцијалите, а со тоа што ми реплицирате со километарски постови само ја докажувате мојата поента.
Како не ве мрзи сега, ова нит ви носи пари, а ипак е замор за вашите мозоци.