Моќ и нејзиното влијание

Член од
10 јануари 2008
Мислења
7
Поени од реакции
0
Моќта мислам дека е најдобро опишување што го врти светот и зошто е тоа така. Отсекогаш моќта била најбитна почнувајќи уште кога сме биле племинња и кога имало врачови па попови па сега претседатели и министри, а да не ги исклучувам и мафијашите да не се навредат. Сега се фокусираме највеќе на парите затоа што парите ти ја даваат таа моќ. Ти даваат контрола на тоа што се случува околу тебе така што се трудат сите да ти удоволат. Жално е да кажам ама и сите војни се водени за власт и моќ, никогаш за идеали. Е сега останувам на тоа дека најсилно нешто е љубовта и те прави да направиш работи што нормално не можеш, ама повеќето се вљубени во моќта и во парите. Има луѓе што и покрај парите и моќта што ја имаат сепак не се задоволни, тоа е заклучок дека или се побудалени од моќта или им фали нешто што не се купува со пари.
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Моќта мислам дека е најдобро опишување што го врти светот и зосто е тоа така. Отсекогаш моќта била најбитна почнубајќи уште кога цме биле племинња и кога имало врачови па попови па сега претседатели и министри, а да не ги исклучувам и мафијашите да не се навредат. Сега се фокусираме највеќе на парите затоа што парите ти ја даваат таа моќ. Ти даваат контрола на тоа што се случува околу тебе така што се трудат сите да ти удоволат. Жално е да кажам ама и сите војни се водени за власт и моќ, никогаш за идеали. Е сега останувам на тоа дека најсилно нешто е љубовта и те прави да направиш работи што нормално не можеш, ама повеќето се вљубени во моќта и во парите. Има луѓе што и покрај парите и моќта што ја имаат сепак не се задоволни, тоа е заклучок дека или се побудалени од моќта или им фали нешто што не се купува со пари.
Економска сила + Воена сила = Моќ

Има уште многу други работи кои можат да ти дадат моќност(Влијателност во општеството)....ама овие две некако ми се издвојуваат.
Инаку многу е нормално дека некои такви фаци нека да бидат задоволни од тоа што го постигнале....нема тука ништо чудно.....За да се достигне до некоја таква влијателна фуккција или пак едноставно за да се има големо материјално богатство....треба многу голема желба за да се има истото.А бидејќи желбата е голема.....јасно е и дека нема да згасне така едноставно.....тие луѓе успеваат затоа што се префекционисти и затоа што не се задовлуваат со малку.....едноставно незнаат за граници, инаку не би постигнувале такви резултати.( не зборам за луѓе кои ја наследиле моќта,..власта и парите)....ете затоа оставаат впечаток дека и покрај тоа што имаат се....сепак нешто им фали.....

За луѓето што имаат високи цели во животот... На нивниот пат кон остварувањето на истите постигнуваат многу успеси за да стигнат до целта.И покрај тоа што не стигнале на облежаното место, сепак направиле многу......Гледано од страна за некој што нема такви амбиции ќе рече ....што му е на овој?!?!...има се!!! ....како може да биде така ненаситен?!?!!?
 
Се согласувам со ImperatoR само лошото е во тоа што многу се такви ненаситни. Кажи ми најискрено дали си сретнал човек што бил задоволен со својата позиција на работа или парите што ги заработува (има). Тоа е алчноста кај луѓето што по мое мислење ја има кај секој, кај некој повеќе, кај некој помалку.
А за економска сила што кажуваш тоа се парите на една држава, а една држава највеќе секогас инвестира во војската т.е. нејзината одбрана и напад наместо да се вложи во некоја друга поконкретна работа. Заклучокот е дека и со парите што ги има една моќна држава првенствено ги вложува во сила или моќ за да биде над другите. Како што викаат старите "сила бога не моли".
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ако на државно ниво разговарате за моќ, тоа секако е воената големина. Воената спремност. Највлијателни се секако Америка, Русија, Кина, спремни да пукнат по некое нуклеарче таму или ваму...

Но вистински моќта ја прават парите. Швајцарија воопшто и нема војска, а го има светот во раце. Сите вложуваат во неа. Израел е земја која без помошта на Америка нема да постои. Но Израел под свое го имаат евреите... а тие знаеме какво влијание имаат во реалното Ризико и Монопол. :wink:

На локално ниво, моќ се гради и на милион други начини. Интелигенција, физичка привлечност, способност и талент... и во различни кругови различни предности даваат различна моќ. На берза е џабе што има човек мускули... :helou:

p.s. Све мислам дека имаше некоја ваква тема...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.059
Зошто да си ја рушам психата кога се е совршено.. ти си ти,јас сум јас .. ние сме СЕГА..јас можам,јас ДЕЈСТВУВАМ и се што сакам ке се оствари.. мислам дека секој поседува моќ,само треба да знае да ја ИСКОРИСТИ! ! ! * другите ке речат дека не сум ко што треба ... а може и не сум?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566

Злато, ти у Харе Кришна да не си? У Хабардов центар?:nesum:
Другпат, потруди се да не бидеш толку конфузен у постовите, ок?:smir:

Околу темава...Поимот моќ е прилично комплексен поим, кој нема секогаш негативна конотација. Моќта е нешто како процес, кој му го овозможува чуството на секој од нас дека е способен да прави промени во своето опкружение. Моќта е тесно поврзана со нашата животна енергија, па далеку од тоа дека е секогаш штетна. Во зависност од целите, моќта за убедување, моќта на расудување, материјалната моќ итн. кои ги поседува некоја индивидуа можат да донесат итекако позитивни промени.
Проблемот настанува кога на потребата за моќ ќе се надоврза и алчноста и желбата на "моќникот" да биде главен и одлучувачки фактор во се и за секого (комплекс на бог). Во тој случај, индивидуата ги губи "кочниците" и ја брише границата помеѓу она што е лошо, а што добро (моралниот "закон" кој го поседуваме од раѓање) и не запира пред ништо, се со цел да си ја задржи илузијата дека е надмоќна. А, истово се случува често, затоа што просечен човек, штом ќе ги осети благодетите на моќтта, тешко дека ќе се откаже од неа. Моќта може да се спореди со наркотик, кој после извесно време ствара резистенција и бара се поголеми дози за да личноста се одржи.

Политиката и војните се буквален пример за играта на моќ и надмоќ. Нивната суштина е единствено надмоќ, ништо друго.
Да, и парите се средство за демонстрирање моќ. Што повеќе ги поседуваш, тоа е и поголем просторот на кој можеш да ја демонстрираш таа моќ.
Но, не мора да се оди толку далеку. Скоро секој однос во нашиот живот се базира на игри на моќ.
И како што реков, моќта не е само демонстрирање на сила или деспотизам. Моќта е нешто кое е составен дел од секој човек. Помага да преживееме, да се надградуваме, да правиме промени. Моќен човек не значи секогаш и злобен човек.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609

:helou: Потполно се сложувам, се е добро додека не се замеша алчноста. Тоа значи дека моќта почнува да го менува човекот и таа преога во негативност.:smir: :smir: :smir:
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
А, истово се случува често, затоа што просечен човек, штом ќе ги осети благодетите на моќтта, тешко дека ќе се откаже од неа. Моќта може да се спореди со наркотик, кој после извесно време ствара резистенција и бара се поголеми дози за да личноста се одржи.
Кога човек ќе открие дека некоја способност му дава позитивни резултати, кога ќе сфати со тек на искуството дека е нешто што му е корисно, тешко дека ќе ја отфрли од себе. А и зошто да ја отфрли кога му прави да се чувствува убаво?

Моќта лека полека се претвора во силна страст, те прави зависен, можеби го замислуваш како некој одбрамбен механизам кој ќе те заштити од тоа некој друг со конците на моќта да управува со тебе.

Крајно, има луѓе кои преземаат секакви мерки за себедокажување за да можат и да се осветат, долго и трпеливо чекајќи си го моментот кога ќе се почувствуваат помоќни од некој друг.

Но, дали оние кои се сметаат за моќни, се запрашуваат дали има и помоќни од нив? Што се случува ако сфатат дека не можат целосно да ја имаат моќта и не можат сите останати да бидат исклучени?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Но, дали оние кои се сметаат за моќни, се запрашуваат дали има и помоќни од нив? Што се случува ако сфатат дека не можат целосно да ја имаат моќта и не можат сите останати да бидат исклучени?
Затоа што секоја демонстрација на моќ, кога тогаш, доаѓа до својот краен лимит, верувам дека сите оние кои се сметаат за моќни и буквално го искусуваат органичувањето на својата моќ, и линијата до која истата може да оди.
Во тој случај, според некоја моја слободна претпоставка, почнува нивниот вистински "кошмар" кој го претставува свесноста дека сепак и тие се ограничени, па затоа и посегаат по крајно очајни(и за жал штетни) средства, се само за да си ја задржат(и зголемат) моќта.
Затоа и се вели дека моќта удира во глава и дека е тежок товар за носење.
Откако ќе помине првичната занесеност и илузијата дека не постои нешто или некој кој би ги сопрел, започнува чувството на страв од загуба на моќта кој може да биде огромно измачување за личноста. Тој страв прави да гледа во се и секого пречка и закана, и се помалку да го вклучува моралот како средство за расудување на тоа што, а што не смее да направи. Жедтта за моќ ја има силата да ги надмине и потребата за љубов, блискост, искреност, пријателство и слично. Во екстремни случаи дури и блиските личности почнуваат да се гледаат како пречки и конкуренција, па се размислува за начин на кој би се "тргнале од патот" (пример за ова може да биде Сталин, кој ликвидирал или праќал во прогонство луѓе од своето семејство и блиски пријатели).
Или, како помалку радикален пример, може да се земат ѕвездите од шоу бизнисот, кои, откако ќе им помине славата(која е истотака моќ на некој начин), стануваат очајни луѓе спремни на газење врз себе и своето достоинство со цел да ја повратат барем делумно илузијата дека се одлучувачки фактор и некој кон кого сите чуствуваат одушевување. А, во суштина се руини од луѓе, тажни за гледање.
И тука е делот кај што моќта станува исклучително (само) деструктивна.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
:helou: Потполно се сложувам, се е добро додека не се замеша алчноста. Тоа значи дека моќта почнува да го менува човекот и таа преога во негативност.:smir: :smir: :smir:
А јас пак, мислам дека со самото прифаќање на одговорноста на носење на “товарот“ на моќта, веќе сме навлегле свесно или несвесно во алчноста, затоа е и текстот над мене во тој правец, тешко потоа човек може да застане и да види каде. Кога ќе влеземе во играта, веќе сме алчни за нешто повеќе од гола егзистенција.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.059
Злато, ти у Харе Кришна да не си? У Хабардов центар?:nesum:
Другпат, потруди се да не бидеш толку конфузен у постовите, ок?:smir:.
барем моето е кратко и интересно,а за конфузно мислам дека секој може да го сфати, А обично долгите реферати слабо ги читаат:)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
барем моето е кратко и интересно,а за конфузно мислам дека секој може да го сфати, А обично долгите реферати слабо ги читаат:)
Кој сака и тие ги чита...

А, од твојот пост заклучивме дека се е перфектно, дека тој е тој, таа е таа, ти си ти, ти делуваш и секој може да делува и да има моќ ако знае како...:raz::icon_conf:icon_conf...Ај сеа превод, кој ќе биде у контекст на темава, може?
 
Член од
3 февруари 2008
Мислења
59
Поени од реакции
1
Jas sum moken - izvika HE MAN

Zelbata za mok poteknuva od dlabokite kompleksi i znaci kompenzacija. Na vistinski sreken covek ne mu treba nitu mok nitu dominacija toj ednostavno e toj sto e. Ko sto rece deckoto jas sum jas toj e toj nie sme nie sosema dovolno... da zivee Hari Krisna i mokta na srebreniot cerep .
 
:pos: Во право си... само, затоа форумот има илјадници теми, оваа е за моќта... а за човечката среќа и нирвана, има друга... :helou:
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
7
Поени од реакции
0
Jas sum moken - izvika HE MAN

Zelbata za mok poteknuva od dlabokite kompleksi i znaci kompenzacija. Na vistinski sreken covek ne mu treba nitu mok nitu dominacija toj ednostavno e toj sto e. Ko sto rece deckoto jas sum jas toj e toj nie sme nie sosema dovolno... da zivee Hari Krisna i mokta na srebreniot cerep .
Моќта е потребна за да успееш во животот. За да бидеш среќен човек треба да завршиш факултет и да бидеш на добра и завидна позиција (шеф,раководител). Што значи дека за да бидеш среќен човек треба да имаш моќ, меѓутоа алчноста на човекот нема крај.Колку повеќе имаш повеќе бараш со цел да бидеш посреќен. п.с. колку што знам е моќта на сивиот череп, а не на сребрениот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom