Дали вашиот живот си го контролирате сами или околината има влијание врз тоа?
Па го контролирам таму кај што можам. Рецимо сам си го планирам денот како ќе ми тече, но приоритет е да ги завршувам задачите што ми се додадени. Пример - мајка ми ми има дадено задача, ја извршувам попрво таа - освен ако не сум временски ограничен од друга задача која најпрво ја завршувам
Колку им дозволувате на вашите блиски (родители, пријатели, другари...) да донесуваат во контролираат, координараат и управуваат?
Не премногу. Ако еве имам некоја задача со time trial (временски сум ограничен) попрво ја завршувам таа задача - па подоцна нивната. Нормално не се покорувам 100%, ако забележам некој да ја користи мојата добрина, остро реагирам.
Или пак дали сте од оние луѓе на кои родителите им се постојано заштитнички поставени, секогаш како помош за секојдневните проблеми? Колку сте самостојни во тој поглед?
Па нормално е родителот да го штити своето дете. Но не сакам да бидам слепото црево во фамилијата.
Во овој момент колку ви е потребна помош од родителите? А,колку од пријателите, познаниците?
Па ако се фатам у небрано, нормално е да побарам помош. Инаку секогаш ги барам за совет, информација. Не да ми извршуваат мои задачи. Освен родителите. Ако некогаш сум оневозможен да ја завршам работата самостојно. Ама ретко. Многу ретко.
А за одлуките, колку другите и околината може да влијае врз вашите одлуки?
Па.... Родителите ги слушам за крупните одлуки. За другите па.... Се додека не загрозувам некого со мојата одлука, си ја задржувам.
Колку често сте паразит и очекувате другите да мислат и донесуваат одлуки за вас?
Ретко... многу ретко.... Али ако сум у некоја фаа на нерационално размислување (се дешава) оставам некој друг да донесе одлука.
И на крај: работа, школо, факултет, проблеми-како се справувате со овие работи, сами или со помош на мама и тато?
Па ако заглавам нормално е да побарам помош. Помошта се состои само од совет - никакви потегнувања на врски и ургенции.