МојДДВ - проект за поврат на ДДВ кај граѓаните

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Не е на сите производи ддв 5%, на повекето е 18%. Ако си купиш на пример тв од 30 000 денари ддв е 5.400 ден од кои 15% се 810 ден за враќање. Не е занемарлива сума. Ако едно семејство месечно троши 50.000 денари за кои ке има фискални сметки тоа значи месечно за поврат ке има по 1.350 денари или 16.200 денари годишно што не е сума за занемарување.....
:lolzz:
Ако едно семејство трошело 50к месечно:pos:
просечната плата е 24к има 200к невработени од 900 и нешто илјади, шо му доаѓа дека во секое 5 семејство никој не работи,
е сега за точната плата на работниците, просечна работничка плата е околу 15к, со 2 члена до 30к,
максимално што може некое просечно семејство да земе е околу 60 евра годишно,
некој ако купува телевизор од 30к секој месец, друг ќе купи од 10к и ќе го користи додека не цркне.

знаеме дека си :pusigo:на власта, не мораш до толку да ги бранеш, народот што нема корист нема лесно е да се пресмета.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Кои се алтернативните начини?
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.984
Поени од реакции
11.910
Не е на сите производи ддв 5%, на повекето е 18%. Ако си купиш на пример тв од 30 000 денари ддв е 5.400 ден од кои 15% се 810 ден за враќање. Не е занемарлива сума. Ако едно семејство месечно троши 50.000 денари за кои ке има фискални сметки тоа значи месечно за поврат ке има по 1.350 денари или 16.200 денари годишно што не е сума за занемарување.....
Куртон, шарен, северџан...
 
a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
495
Поени од реакции
274
Требаше сите да имаме картичка како овие банкарскиве, не е фер вака. Или нешто како Лајонес аххахахаха! :D :D :D
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.313
Поени од реакции
7.448
Госпот да си го поживејит господинот Зоран Заев ...со него ќе ги вратиме сите пари кон граѓаните , значит од власта односно народот кон граѓаните односно нас во џебод...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Тупаџија тежок овој Заев, наместо данокот да го намалеше, он ке не малтретира сега со сликање на фискални сметки..упм..
А да прашам, дали може едно семејство да слика на еден телефон, на една трансакција да одат парите??
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820

Да и лимито е 29 хиљади и 800 дењара поврат годишно. Тава значи дека за тие 29 хиљади треба да потрошеш само еден миљон дењара :LOL:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Не е целта со повратот на ДДВ да се вратат парите кај граѓаните. Тоа според мене е само ефтин ПР кој може да упали кај некои кои не ги разбираат работите.

Друга е целта што директно сака да ја постигне власта.

Прво, на сите ни е јасно дека има сива економија и дека со ова ќе се поттикне прво луѓето да бараат фискална сметка, па макар и за мастики. Со тоа би го полнеле буџетот за износ кој не би се наплатил ДДВ со недавање на фискални сметки. Просто е. На 100 денари сметка за која не би се издала фискална (а со оваа мерка очекувањата се дека купувачот би побарал фискална) за ДДВ треба се 18 денари (ако сите производи се даночат со 18%), а повратот е 2.7 денари. Значи на овој начин би се наполнил буџетот за 15.3 денари за сметка за која на пр. не би се издала фискална сметка. Од тоа што го гледам, очекуваат позитивна разлика од приходи и повратот кај граѓаните со намалување на сивата економија преку оваа мерка. Првиот директен ефект е тој кој го очекуваат. Јас искрено и се сомневам дека ќе успеат во тоа, но тоа си е нивна одговорноста. За пофалба е борбата против сивата економија, но не со вакви манипулации од типот дека ги враќаме парите на граѓаните.

Другата директна цел е да се поттикне потрошувачката. Ќе почне некоја еуфорија меѓу народот овој период со оваа “мамка“ и ќе се зголеми потрошувачката и на тој начин ќе се стимулира раст на БДП. Со влезот во наредната година, пред се изборна година, ќе се презентираат бројките за раст на БДП и ќе има обид за сеење на магла со тој раст на БДП кој пред се би бил резултат на зголемена потрошувачка (ако продолжат со олку ниско темпо инвестициите и извозот). Здрав раст на БДП е оној чиј мотор се растот на инвестициите и извозот, а не оној чиј се раководи исклучиво на потрошувачка како резултат на владина пропаганда. Тоа е балон кој наредната година ќе пукне и ќе имаме пад на БДП доколку инвестициите и извозот продолжат со слично темпо.

За крај, повратот на ДДВ како мерка за враќањето на парите кај граѓаните е само една манипулација. Просечна месечна потрошувачка кошница во едно 4члено семејство Македонија изнесува околу 33.000 денари. Доколку се пазарат производи со 18% ДДВ од тој износ оди 5.940 за ДДВ, а повратот од ДДВ би бил 891 ден месечно. За 12 месеци повратот на ДДВ е околу 10.692 денари за едно 4члено семејство. Со груба математика износот е толкав, а ако одиме подлабоко ќе биде и понизок повратот на ДДВ затоа што добар дел производи се и со 5% ДДВ, а и во повратот на ДДВ се исклучени одредени плаќања. А и искрено, ќе треба фискалните да се пазат како...На бензинска пумпа сигурно дека ќе оди некој по фискална сметка во ек на метеж...

Доколку некој реално сака да враќа пари кај граѓаните, прво ќе го намали данокот, второ ќе ги зголеми платите, трето ќе ги зголеми пензиите, стипендиите и социјалната помош, четврто ќе се обезбеди квалитетна бизнис клима за инвестирање со/без државна помош, петто ќе се обезбедат квалитетни јавни услуги од кои бенефит ќе имаат граѓаните...
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
На 100 денари сметка, 18% данок не е 18 денари. Не се смета така туку по друга обратна математика.
Ако купите производ кој што е 100 денари, вие купувате производ кој што е околу 85 денари и ПОСЛЕ тоа е додаден 18% данок на тие 85 денари кој што е некаде околу 15 денари.
85+15, а не 82 + 18.
Може и да сум грешка, али мислам дека е вака. Најголем дел од населението не знае како се пресметува данокот.
 
Does it make any diference?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
На 100 денари сметка, 18% данок не е 18 денари. Не се смета така туку по друга обратна математика.
Ако купите производ кој што е 100 денари, вие купувате производ кој што е околу 85 денари и ПОСЛЕ тоа е додаден 18% данок на тие 85 денари кој што е некаде околу 15 денари.
85+15, а не 82 + 18.
Може и да сум грешка, али мислам дека е вака. Најголем дел од населението не знае како се пресметува данокот.
Прво е формирана крајната цената а после е пресметан данок како дел од цената и е одземен од крајната цена. Така да 18 ден е на производ од 100 ден. Тоа е поради поврат на ДДВ. Основно сметководство е тоа.
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Тоа што населението не знае како се пресметува данокот не е проблем. Проблем е што и господата министри не знаат.

Прво е формирана крајната цената а после е пресметан данок како дел од цената и е одземен од крајната цена. Така да 18 ден е на производ од 100 ден. Тоа е поради поврат на ДДВ. Основно сметководство е тоа.
На производ од 100 денари данокот е 18 денари. Но на платени 100 денари данокот е малку над 15 денари. А повратот на ДДВ е баш од тие 15 денари.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
На 100 денари сметка, 18% данок не е 18 денари. Не се смета така туку по друга обратна математика.
Ако купите производ кој што е 100 денари, вие купувате производ кој што е околу 85 денари и ПОСЛЕ тоа е додаден 18% данок на тие 85 денари кој што е некаде околу 15 денари.
85+15, а не 82 + 18.
Може и да сум грешка, али мислам дека е вака. Најголем дел од населението не знае како се пресметува данокот.
Тоа што населението не знае како се пресметува данокот не е проблем. Проблем е што и господата министри не знаат.

На производ од 100 денари данокот е 18 денари. Но на платени 100 денари данокот е малку над 15 денари. А повратот на ДДВ е баш од тие 15 денари.
Во право сте и двајцата. Направив ненамерен превид целовреме мислејќи на производ во пресметката, а не на крајната цена...Извинете, моја грешка.
100х0,18/1,18=15,2542 ден. На тие 15,2542 ден., повратот е 2,29 денари.
На примерот кој го дадов со кошницата, на 33.000 ден. кошница, данокот не е 5.940 ден., туку 5.033 ден., а повратот не 891 ден, туку 755 денари. Крајниот годишен износ од поврат на ДДВ не е 10.692, туку 9.061 ден.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
@ziak92
Значи пресметката дека на 1кк потрошени денари имаш поврат од 27к денари е грешна?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom