Darling
High Value
- Член од
- 5 јуни 2009
- Мислења
- 13.274
- Поени од реакции
- 27.726
Колапсот на бронзената ера е можеби најмистериозниот период од човековата историја. Во овој период се згаснати најголемите империи, освен Египет, од каде доаѓаат ретки историски докази за напаѓачите наречени Морски народи.
Колапсот на бронзената доба се случува во периодот од 1200 - 900 година пред нашата ера.
Најсилните цивилизации во тоа доба биле Микенска Грчка цивилизација, Хетити од Анатолија, Египет и Асирија.
Први под напад на Морските народи биле Микенските грци. На археолошки наоѓалишта најдени се траги од стрели на ѕидините на градовите. Микенците се комплетно уништени и по ова на грчките места настапува период на културен мрак, писмото кое е користено од микенците е уништено и заборавено неколку века, додека дури по неколку века повторно не се измисли класичното грчко писмо и класична грчка култура која ќе ја замени микенската.
Втора уништена цивилизација е Хетитската империја која се наоѓала во Анатолија. Хетитите веќе биле ослабнати по многу војни со Египет, но се претпоставува дека настрадале од земјотреси а потоа и глад во империјата.
Египетското царство е единственото кое успеало да ги победи Морските народи, на чело со легендарниот фараон Рамзес 2. Благодарение на нив имаме некаква идеја за настаните.
Во написите се спомнуваат следните народи како групација или алијанса која е наречена Морски народи: Денен, Еквеш, Лука, Пелесет, Шекелеш, Шерден, Тереш, Тџекер, Вешеш.
Постојат неколку теории околу потеклото на овие народи. Општо прифатено е дека овие народи се со потекло од средоземје.
Многу историчари сметаат дека Денен се таканаречените Данајци, за кои и самите грци имаат мит дека се народите кои го имаат заменето домородното население на Грција.
Лука се претпоставува дека биле племе во анатолија, соседи на Хетити.
Шекелеш и Шерден се претпоставува дека се народите од Сицилија и Сардинија соодветно.
Египет води неколку војни со овие народи, кои го доведуваат кралството во криза од која нема да се опорави долго време. Се претпоставува дека едно од овие племиња, Пелесет имаат склучено договор со Египетскиот фараон, и се населуваат во блискиот исток, и понатаму стануваат народите кои се познати како Филистинци.
Ниедна од овие теории не е потврдена, бидејќи до ден денес историчарите имаат да се потпираат само на египетски извори, кои и можеби не се најобјективни.

Последно уредено: