Морски народи и колапс на бронзена ера

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.422
Поени од реакции
4.251
Географијата не им била некој проблем на степците, ама веројатно не се работи за некоја таква групација, не се споменуваат коњаници кои се родени во седло, тоа доаѓа подоцна, иако необично потсетуваат :)
Шуми, дивина и планини...се проблем за коњаница..секаков тип. Едноставно не можеш да се движиш ефикасно кроз нив, без путишта и инфраструкура.
Степците се толку ефикасни ВО СТЕПА, бидејќи нема дрва, нема кујзне колку карпи и географски пречки да се движиш брзно и непречено(што е цел со коњаницата).
Исто се важи и за плодни рамнини..
Имаат коњи(и магариња), не јаваат планински кози...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Шуми, дивина и планини...се проблем за коњаница..секаков тип. Едноставно не можеш да се движиш ефикасно кроз нив, без путишта и инфраструкура.
Степците се толку ефикасни ВО СТЕПА, бидејќи нема дрва, нема кујзне колку карпи и географски пречки да се движиш брзно и непречено(што е цел со коњаницата).
Исто се важи и за плодни рамнини..
Имаат коњи(и магариња), не јаваат планински кози...
На монголите не им сметале планини и ридови, од Јадран до Пацифик уништувале све што им дојде на пат, како термити, само не верувам дека Морските народи биле степски покрај сличностите во деструктивната улога во историјата.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
@LordDragonII mechevite potsekaat na keltski.
Imaj predvid deka pogolemiot del od evropa e keltska kultura toj period.
Може да те потсеќаат, Келтската култура прв пат се појавува во доцната бронзено доба, баш на горното течение на Дунав. Сега дали станува збор за производ на прото-келтите или тие превзимаат, има за дебата бајаги. Во овие настани учествувале многу култури т.е. група на луѓе.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.422
Поени од реакции
4.251
На монголите не им сметале планини и ридови, од Јадран до Пацифик уништувале све што им дојде на пат, како термити, само не верувам дека Морските народи биле степски покрај сличностите во деструктивната улога во историјата.
Никогаш ја немаат пљачкано скандинавија, швајцарија, британија и иберија(ниту централен балкан). Не, они идат по пат на помал отпор..
А крајбрежјата и речните долини нормално дека биле ниви...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Географијата не им била некој проблем на степците, ама веројатно не се работи за некоја таква групација, не се споменуваат коњаници кои се родени во седло, тоа доаѓа подоцна, иако необично потсетуваат :)
Не им е проблем воопшто.
Хуните тогаш се бајаги на истокот, соседи на Кина.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Ne, Troja e unistena od Mikenska grcka civilizacija, razlicna kultura od helenistickata.

Ostanati se mnogu malku artefakti od Mikenskoto pismo
Прегледај го приврзокот 234357
Kompletno razlicno od klasicno grcko pismo, koe e vsusnost adaptirano fenikijsko pismo.
А Тројанците не биле сродни со Хетитите? Пошто периодов на падот на големите царства е некаде 1200 пне кога се случувала тројанската војна. И од кај знаеме дека sea people биле една целина, може биле различни напаѓачи? Има една теорија за таканаречени The Luwians (не им е вистинско име), цивилизација која била сродна со Хетитите и која најверојатно формирала сојуз против нив, во тие Luwians спаѓале и Тројанците кои се нападнати од страна на Грците подоцна.



 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.433
Поени од реакции
19.634
За малце ке каеше дека тј сфеќник е менора, ама менора е сс 9 сфеќе.Убаф
мозаик, глеам дека гу има и Давидова ѕвезда. Има и скалеста пирамида на Сицилију.Чудни су стари гробнце на Сардинију и Малту, огромни су.Како на некои џинови, нефили а?
Не е утфрдено кој и кд ги правија. Можда су повржани сс морски људи.
Можда е најпедерски збор нели : D
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
За малце ке каеше дека тј сфеќник е менора, ама менора е сс 9 сфеќе.Убаф
мозаик, глеам дека гу има и Давидова ѕвезда. Има и скалеста пирамида на Сицилију.Чудни су стари гробнце на Сардинију и Малту, огромни су.Како на некои џинови, нефили а?
Не е утфрдено кој и кд ги правија. Можда су повржани сс морски људи.
Можда е најпедерски збор нели : D
*Седмокрак свеќник. Прекрасна тема, камо да имаше повеќе вакви на форумов. А за нефили ако сакаш ѕирни на сајтов, третира некои помалку познати нешта: Nephilim
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.293
Поени од реакции
78.949
Многу некако ми е рандом нагаѓањето за тоа кои биле овие.
А само у пролазу и неповрзано да констатирам дека ние сме доста поблиску до нив хронолошки (3-4к), одколку што се они самите блиску до, на пример, Ѓобекли Тепе (7-8к).
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Бидејќи темава е убава и се обидува да фрли светлина на помалку познат и јасен дел од историјата, ќе се обидам да ја оживеам со видеово кое го најдов.

 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Потеклото на мистериозните морски народи



Патот на миграцијата на морските народи

1507415164_1_559x .jpg



Терминот „морски народи“ е модерно име дадено на разни напаѓачи на море и копно, лабава конфедерација на кланови кои ги вознемириле земјите од Блискиот исток и Египет за време на завршниот период на бронзеното доба. Никој не знае кои се овие луѓе и од каде потекнуваат. Иако Египќаните веројатно знаеле за татковината на морските народи, информациите оттогаш се изгубени. Направени се многу обиди да се утврди потеклото на различните групи морски народи користејќи текстуални и иконографски докази, како и материјалната култура на морските народи, идентификувана на Кипар и во Левант. Оваа материјална култура се карактеризира првенствено со локално изработени керамичка грнчарија.

Неколку научници се збунети околу тоа дали морските народи биле одговорни за пропаѓањето на некои цивилизации од доцниот бронзен период или едноставно се еден од неколкуте катализатори што го предизвикале овој колапс. Сигурно е дека движењето на морските народи било една од најголемите и најважните миграции во историјата кои го смениле ликот на античкиот свет повеќе од која било друга единствена манифестација пред Александар Велики.

Се верува дека најстарата етничка група меѓу морските народи е посведочена во египетските хиероглифи на обелискот од Библос (2000-1700 п.н.е.) пронајдена во храмот Обелиск во Библос. Во натписот се спомнува kvkwn син на rvkk, транслитерирани како Куканис, син на Лука (Ликиецот). Следните историски докази за морските народи се од писмата од Амарна, единствен корпус на документи од Новото Кралство на Египет. Овие документи ја претставуваат дипломатската кореспонденција на фараоните од времето Амарна и нивните современици во Канаан, Месопотамија, Анадолија и Егејот. Во тоа време, на Блискиот исток доминирала групата на „Големиот крал“.

Исто така, имало многу градови-држави под влијание на Големиот крал кои му служеле и како вазали. Токму во вазалната преписка најчесто се споменуваат морските народи. Најстарите писма датираат од доцното владеење на Аменхотеп III, а најновите од време на владеењето на Ај, во периодот од 1386-1321 г.п.н.е. Повеќето писма датираат од времето на владеењето на Екнатон, првиот монотеистички фараон. Етничката група сега класифицирана како поморски народи споменати во писмата од Амарна се Шерден, Дануна и Лука.

Некои од морските народи се споменуваат и во натписите на Рамзес II во битката кај Кадеш. Битката со Хетитите кај Кадеш била една од најзначајните настани во времето на Рамзес, која се случила во неговата петта година на владеење (околу 1285 година п.н.е.). Иако не завршила со победа на ниту една страна, таа резултирала со сојуз меѓу Египет и Катите и период на стабилност на античкиот Близок Исток. Текстот е поделен на два дела, билтен и поема. И двата дела биле репродуцирани во форма на натписи во храмови и папирус. Во билтенот, Рамзес ја опишува масовната конфедерација на народите од Канаан и Медитеранот кои работеле заедно со Хетитите. Меѓу нив има две групи кои сега се класифицирани како морски народи: Каркиша и Лука. Во текстот, двата народа секогаш се споменуваат во тесна врска едни со други.


Релјефна претстава на битката на Рамзес II против Хетитите кај Кадеш

073d8cd49e03fc43e7e13218ba59a629.jpg



Поемата дава подетален извештај за бегството на Рамзес од силите на Хетитите. Составот на хетитската конфедерација повторно е опишан овде, а другото споменување на морските народи е во контекст на Рамзесовите војници. Силите на Рамзес го вклучиле и народот Шарден кој бил заробен од кралот во битка и потоа бил назначен за војници-платеници. Овие извештаи за битката кај Кадеш даваат некои важни согледувања за статусот на морските народи во екот на владеењето на Новото Кралство. Лука, Каркиша и Шарден во тоа време биле значајни воени сили, кои очигледно делувале главно како платеници. Особено Шарден биле египетски платеници уште од времето на владеењето на Екнатон (Писмата од Амарна) и ќе продолжат да дејствуваат во тоа својство барем за време на Рамзес III (натписите од Мединет Хабу).

Во петтата година од владеењето на Мернепта (околу 1207 година п.н.е.), Египет бил нападнат од коалиција на Лабу (Либијците) и поморските луѓе на границата на западната делта. Овие настани се опишани во четири текстови: Големиот натпис од Каракак, Столбот во Каиро, Стелата од Атрибис и Химната на Победата, инаку позната и како израелска стела. Според овие текстови, либискиот крал Мерјеј формирал коалиција со неколку групи денес класифицирани како морски нации и со нивните жени, деца и личен посед се упатил напред кон делтатата. Штом Мернептах открил што се случува, тој повел експедиција против напаѓачите и ги победил по шестчасовна борба.

Морските народи се спомнуваат само во првите три текста: Големиот натпис од Карнак е еден од најдолгите познати натписи на египетски храмови. Текстот започнува со список на непријатели со кои се соочува Египет: Либијци, Еквеш, Тереш, Лука, Шерден и Шекелеш, а Мешвеш се појавуваат подоцна во текстот. Еквеш и Тереш, иако традиционално се групирани со другите морски народи, не се појавуваат во нивни рамки во претходните или подоцнежните текстови. Најважниот дел од текстот за проучување на морските народи е списокот на затвореници, убиените непријатели и живите воени заробеници споменати кон неговиот крај. Вкупниот број на непријатели убиени или донесени како живи заробеници во Египет бил 9376. Повеќето биле Либијци, но и од морските народи исто така имало покосено голем број човечки жртви. Интересно е што Еквеш биле опишани како обрежани народи, факт кој може да понуди индиции за нивното етничко потекло. Списокот на грабежи е интересен заради информациите кои ги носи за материјалната култура на морските народи и Либијците. Ограбени биле 9111 мечеви од бакар од Мешвеш и Либијците, како и добиток, кози, мали пловни објекти, оклоп и разни оружја.

Големиот натпис од Карак на фараонот Мернептах исто така вели дека била обрежани најмалку три морски народи - Еквеш, Шекелеш и Шерден. Интересно е да се укаже и на ставениот библиски акцент на необрежаните Филистејци, а фактот дека тие се скоро единствената група обележана во рамките на библискиот корпус, сугерира дека тие можеби биле архетип за „необрезание“ за библиските автори.


Натписот (стелата) на Мернептах, каде е прикажана неговата победа над Либијците и нивните сојузници

Merenptah_Israel_Stele_Cairo.jpg



Историскиот текст на столбот од Каиро е многу краток. Тој ја опишува најавата на гласник на Мернептах за инвазијата на Либијците и нивните сојузници: во петтата година, вториот месец од третата сезона (десеттиот месец), еден дојде да му каже на Неговото Величество: „пакосниот поглавар на Либијците нападна мажи и жени од народот Шекелеш. Стелата од Атрибис е слична на натписот Карнак, се состои од скратена верзија на борбеното салдо, проследено со други списоци на убиени непријатели, заробеници и воен плен. Бројките се согласуваат со претходните пресметки речиси во целост, со само неколку мали отстапувања и разлики. Бројот на мртви од народот Шерден повторно недостасува, но бројот на оној од Еквеш е присутен: 2201.




...продолжува...​
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Најдеталните и најпознати текстови кои се однесуваат на морските народи се натписите од Мединет Хабу. Тоа е посмртен храм што е изграден за Рамзес III во Теба, Горен Египет. Декорацијата во храмот се состои од низа релјефи и текстови за воената кампања на кралот против Либијците и морските народи. Текстовите и релјефите што се однесуваат на морските народи датираат уште од осмата година од владеењето на Рамзес III, околу 1191 или 1184 година п.н.е. Во натписите продолжуваат да се прецизираат групите што биле вклучени во Конфедерацијата на морските народи: Пелесет, Тјекер, Шекелеш, Денјен и Вешеш (хиероглифите поврзани со копнената и морската борба не го спомнуваат Шерден како дел од освојувачите, кои биле карактеристични по шлемовите со рогови). Натписите на Мединет Хабу се значајни и заради нивните уметнички прикази на морските народи. Тие обезбедуваат вредни информации за изгледот и опремата на различните групи и можат да дадат индиции за дешифрирање на нивната етничка припадност. Сцената на копнената и морската битка обезбедува богатство на информации за воените стилови на луѓето. Релјефите прикажуваат копнени битки на египетски трупи, воени кочии и помошници кои се борат против непријателот, кој исто така користел воени кочии, со дизајн многу сличен на египетските. Вториот познат релјеф од Мединет Хабу е поврзан со поморските битки на овие народи. Сцената на морската битка е вредна поради прикажувањето на бродовите на морските народи и нивното наоружување. И Египќаните и народите ги искористиле едрилиците како главно средство на поморската флота. Сепак, интересно е што бродовите на морските народи немаат весла, што би можело да укажува на нови техники за навигација. Ова може да посочи на тоа дека морските народи биле изненадени кога биле во близина на брегот. Придружните текстови се чини дека алудираат токму на таква ситуација: ...Земјите што доаѓаа од нивните островчиња среде морето, напредуваа во Египет, нивните срца се потпираа на нивните раце. Мрежата беше подготвена да ги пороби. Влегувајќи во пристаништето, тие влегоа во неа... Натписите од Мединет Хабу остануваат најважниот извор за разбирање на морските народи, нивното можно потекло и нивното влијание врз медитеранскиот свет. До денес, не е откриен ниту еден друг извор кој ќе даде подетален извештај за овие групи, а овој посмртен храм е сè уште единствениот темел за точна датација на морските народи.


Приказ на војниците од морскиот народ Шерден со нивните шлемови со рогови

Relief_Sherden_Breasted_2.jpg



Приказ на битката кај Мединет Хабу

b6f511578c9447ab5da2e41e9798a910--sea-peoples-of-the-seas.jpg Shardana.jpg



Записи за некои од морските народи се појавуваат во четирите писма пронајдени во Угарит, а последните три се чини дека го претскажале уништувањето на градот околу 1190 или 1180 пр.н.е. Писмата затоа се датирани во почетокот на дванаесеттиот век. Последниот крал на Угаритите бил Амурапи или Хамураби (околу 1191 - 1182 година п.н.е.), кој во време на оваа кореспонденција бил прилично млад човек. Во најраното писмо до „Големиот крал“ на Хетитите (веројатно Супилулиума II) неведено е дека му наредил на кралот на Угаритите да му го испрати Ибнадушу на сослушување, но кралот бил премногу незрел да одговори. Затоа тој сакал префектот да го испрати човекот, кому му ветува возвраќање на одговор. Ова имплицира дека оваа преписка која се однесува на односот на Хетитската Империја со Угаритите е отворено прашање за толкување. Ибнадушу бил киднапиран и престојувал меѓу народот на Шикала, веројатно Шекелешите, кои живееле на бродови. Овие нивни заемни писма генерално се толкуваат како интерес за воено разузнавање од страна на кралот. Последните три писма се собир од архивата на Рап'ану меѓу малку повозрасниот Амурапи (Хамураби), кој сега се занимавал со неговите државнички дејности и Ешувара, големиот началник на Аласија. Очигледно, Амурапи го известил Ешувара дека непријателска флота од 20 бродови била забележана на море.

Папирусот Анастасија е сатирично писмо што датира од раната ера на Рамзес (доцно бронзено време до рано железо време). Текстот преживеал во неколку копии со различни нивоа на комплетност. Една фрагментарна копија на текстот може да се датира од времето на владеењето на Рамзес III. Бидејќи името Рамзес II се појавува во неколку пасуси, некои научници имаат тенденција да го датираат најрано од времето на владеењето на фараонот. Најважниот дел од текстот за наши цели е делот што се занимава со неспособноста на Аменемоп да управува со воена експедиција. Аменемоп е испратен да се сретне со контингент на странски непријателски војски на несигурна локација. Народите со кои треба да се справи Аменемоп биле Шерден, Кехек, Мешвеш и „Црнци“ - веројатно по потекло од Судан. Задачата на Аменемоп била да ја обезбеди кампањата, што тој не успеал да го направи. Овој дел од текстот ни кажува дека народот од Шерден се борел рамо до рамо со народите од Северна Африка како непријатели на Египет, дури и на овој ран датум, за време на владеењето на Рамзес II.


Рамзес III и морските народи се споменуваат и во папирусот Харис I познат и како Големиот Харис папирус, кој со должина од 41 метри е најдолгиот папирус досега пронајден во Египет. Овој документ, кој датира од почетокот на владеењето на Рамзес IV, наследник на Рамзес III, бил пронајден зад храмот Мединет Хабу и сугерира на поширока кампања против морските народи, но не го спомнува точниот датум. Во него, персоналот на Рамзес III вели: „Јас ги убив Денјен на нивните острови“ и ги „запалив“ Текер и Пелесет, што имплицира на морски напад. Тој, исто така, ги заробил дел од Шерден и Вешеш „од море“ и ги населил во Египет. Оттука тој се нарекува и „Владетел на деветте лакови“, така ословен на релјефот на источната страна, а овие настани веројатно се случиле во осмата година, кога Неговото Величество ќе ја искористи победничката флота за некои казнени експедиции на друго место на Медитеранот.


Големиот Харис папирус; десно - Рамзес III пред боговите од Хелиополис: Ра-Хоракте, Атум, Иусас и Хатор

Papyrus_Harris_I_Pl._LXXVI.jpg AN00186880_001_l.jpg



Ономастиконот (толковен речник на лични имиња) на Аменемоп или Аменемипит ѝ дава мала веројатност на идејата дека кралевите од Рамзесовата династија ги населиле морските народи во Палестина. Датиран околу 1100 година п.н.е., на крајот на 21-та династија (во која имало бројни фараони со кратко владеење), тој споменува неколку различни групи на морски народи. Мешвеш се поврзувал со Шерден, Кехек и Нубијците, кога тие пред владеењето на Рамзес II нашле контингент на египетската војска. Во времето на Рамзес III, тие биле главниот непријател на Египет. Наведени се и шест имиња на места, од кои четири се наоѓале во Филистеја, а службеникот ги цитира Шерданите, Текер и Пелесет, за кои може да се претпостави дека ги окупирале тие градови. Приказната за Венамун на папирус со истата картуша, исто така го лоцира и Текер во Дор во тоа време. Дануна се споменува само во ономастиконот од времето на Рамзес III. Народот Лука, пак, бил тесно поврзан со Каркиса и Маса. Тие биле наведени како сојузници на Хетитите во времето на Рамзес II.




...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom