Монах у сув бунар

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во темата "Календар - денес се слави" сретнав едно, за мене, многу интересно ткн. "житие" за некој си ткн. "Преподобен Јован Пустиник".
Како граѓани од 21 век кои сме далеку од средниот мрачен век кога црквата ги спалувала на клада оние што се сомневале во нејзините догми, би сакал да дадеме еден критички осврт на ова житие.

Преподобен Јован Пустиник 11/04/2007

Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.
Интересно сведоштво. Ја оставил мајка му, отишол во пустина, се пикнал во сув бунар, јадел и вршел нужда на исто место, бдеел 10 години во бунарот и псовисал во него.

Ме интересира мислењето на сите форумџии. Дали сметате дека ова е вистинска случка или пак дело на бујната фантазија на православните писатели на житијата? Или пак можеби сметате дека ова е една апдејтирана верзија на Марковото житие која по методот "расипан телефон" од генерација во генерација луѓето ја кроеле додека чекале ред за вода покрај бунарот сред село?
Ако пак верувате дека ова е вистинска случка, дали тогаш сметате дека тоа што наводно го направил горенаведениот Марко било Христов повик?
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
150
Поени од реакции
0
Углавном сите житија се филувани легенди - очаен обид да се плагијаризира грчката митологија, згора на тоа со далеку понизок литературен гениј, така да, неам шо друго да додадам. Ако има уше луѓе шо веруваат у Прометеј и у Сизиф, зашо да нема и луѓе бунарџијанци.
 
^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
Hristos site znaeme sto ni zapoveda,da odime i da go sirime evangelieto a ne da se zatvorime sami i da nemame ni nie polza od toa ni pak Bog.Namesto za tie 10 god da im zboruva na lugeto za spasenieto i da se obratat eden kup luge on sam cmael pa kolku saka neka e svet koga ne bil so lugeto da vidi iskusenija ne e toa sto go saka Bog
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Во темата "Календар - денес се слави" сретнав едно, за мене, многу интересно ткн. "житие" за некој си ткн. "Преподобен Јован Пустиник".
Како граѓани од 21 век кои сме далеку од средниот мрачен век кога црквата ги спалувала на клада оние што се сомневале во нејзините догми, би сакал да дадеме еден критички осврт на ова житие.

Интересно сведоштво. Ја оставил мајка му, отишол во пустина, се пикнал во сув бунар, јадел и вршел нужда на исто место, бдеел 10 години во бунарот и псовисал во него.

Ме интересира мислењето на сите форумџии. Дали сметате дека ова е вистинска случка или пак дело на бујната фантазија на православните писатели на житијата? Или пак можеби сметате дека ова е една апдејтирана верзија на Марковото житие која по методот "расипан телефон" од генерација во генерација луѓето ја кроеле додека чекале ред за вода покрај бунарот сред село?
Ако пак верувате дека ова е вистинска случка, дали тогаш сметате дека тоа што наводно го направил горенаведениот Марко било Христов повик?
Да, вистинска е, согласно Новиот Завет. Убеди ме во спротивното, нормално, со богатство од новозаветни цитати, кои велат дека Преподобниот не живеел според Христа.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да, вистинска е, согласно Новиот Завет.
Опа, вистинска и тоа според Новиот Завет. Ајде повели наведи ни каде тоа Христос заповедал да се пикаме по суви бунари и да пцовисуваме таму?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Како и обично: „..на погрешно прашање, се дава погрешен одговор...„.

Изразот „..каде е тоа запишано во Новиот завет..„ кај заедниците од протестанстка провиниенција, стана CONDITIO SINE QUA NON. Истиот тој „услов без кон не се може„, стави го настрана за барем една минута, и ќе падне целиот начин на кој го толкуваш христијанството.

А еве , за котра-пример, што вели Христос: „...Кој љуби татко и мајка повеќе од мене, не е достоен за Мене: и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене...„ (Матеј, 10.37). Според тоа.,спомеантито подвижник, го слуша советот Христов, и , наместо да ги сака мајка си и татко си повеќе од Христа, тој подвижник, ради Христа, ги напушта своите родители, се изолира од Светот за да го постигне врвот на побожното живеење и покајание. Дали бил во бунар или во пештера изолиран, сеедно е.

Ќе ти текне...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Според тоа.,спомеантито подвижник, го слуша советот Христов, и , наместо да ги сака мајка си и татко си повеќе од Христа, тој подвижник, ради Христа, ги напушта своите родители, се изолира од Светот за да го постигне врвот на побожното живеење и покајание. Дали бил во бунар или во пештера изолиран, сеедно е.
Го слуша советот Христов?
Па каде тоа Христос не советувал да се пикаме по суви бунари и да пцсовисуваме таму? Зарем ова "ради Христа" го направил бунарџијава?

Да го сакаш Христос повеќе од своите роднини значи некомпромисно да избереш да го слушаш повеќе Христос отколку твоите роднини. Тоа значи доколку твоите роднини, мајка или татко сеедно, ти забранат на пример да го проповеаш Христовото учење, ти да речеш: "жал ми е мамо, јас повеќе го сакам и го слушам Христос!".
Јас имам пријател од Косово кој поттекнува од муслиманско семејство. Тој кога поверува во Христос, татко му забрани да оди во црква. Но кога тој повеќе го ЗАСАКА Христос од татко му, не подлегна на забраните на татко му. По ова татко му го избрка од дома. Тој живееше и спиеше скоро 2 месеци во тамошната црква. По ова татко му се помири со судбината и го прими назад дома.
Ете тоа се вика "повеќе да го засакаш Христос отколку роднините", а не заради некакви бунарџиски садомазохистички егзебиции да го напушташ семејството и да се пикнеш во сув бунар и да пцовисаш таму! Тоа не е Христов повик! Христос не повикува да одиме меѓу народот, како јагниња меѓу волци, и активно да го проповедаме евангелието, а не да се самоубиваме по суви бунари.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Чорбаџи, постов ќе го разберам само како твое приватно размислување. А што сакал да каже писателот, за тоа, ќе консултирам свештеник, теолог или богослов или точно толкување, според Светите Оци.
 
^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
bas taka corbadzi se slozuvam so tvojot post, inaku za tipot od kosovo Driton da ne se vika
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Го слуша советот Христов?
Па каде тоа Христос не советувал да се пикаме по суви бунари и да пцсовисуваме таму? Зарем ова "ради Христа" го направил бунарџијава?

Чорбаѓија чорбаѓија! Е,бре христијанине. Ако можеш да бидеш христијанин. Што толку си го замразил тој твој поранешен православен род? Ги мразиш од срце. Ако ги сметаш за вистински непријатели барем пази ја заповедта -сакајте ги своите непријатели и молете се за оние што ве колнат. Што тие? Повеќе пати повторуваш пцовиса. Тоа е одлика на животните,луѓето па и православните починуваат,преминуваат,се преселуваат.
Го молам Господ да ти прости,не знаеш што правиш.
Навредуваш голем број на Македонски пустиножители,кој оставија се и тргнаа по Господа.Св Јоаким Осоговски,Св.Прохор Пчински,Св.Гаврил Лесновски,Св.Еразмо Охридски....
Многу голема навреда на повеѓе од половината православни жители на ова парче Света земја Македонија. Пцовисале,сложисе дека многу грд збор према ма кој човек да бил а ти го користиш како да си рекол добронамерно добро утро. Не се сложувам ни малку со тебе.​
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Mac.Koren, јас не навредувам никого, па ниту овој бунарџијава Јован, затоа што убеден сум дека неговото "житие" е измислена приказна на некои баби или дедовци со бујна фантазија додека чекале ред крај бунарот сред село за да ги наполнат стомните со вода :)
Зарем тебе те гризе совест ако кажеш дека Пинокио пцовисал? Се разбира дека не затоа што станува збор за измислена анимирана личност која ниту можеш да ја израдуваш, ниту да ја натажиш, ниту пак да ја навредиш. Епа јас истото го мислам за овој анимираниов Јован бунарџијата. Јас верувам дека постоел таму некој друг Јован кој починал на за нас непознат начин. Но јас тука не коментирам за него. Јас тука коментирам за овој другиов анимиран Јован Бунарџијата, од чие набаждарено и филувано житие гледам дека станува збор за анимирана режија на група ентузијасти со бујна фантазија.

Тоа не значи дека јас не верувам во чуда, напротив, јас верувам дека доколку некој човек заради Христос т.е. следејќи некоја Христова заповед направи некој ексцентричен подвид, верувам дека ќе добие Христова натприродна подршка. Сум слушал за сведоштва на христијани кои оделе во Африка во некои племенски пагански заедници да го проповедаат Христос. Еден таков мисионер познавам и лично. Тој ми има кажувано за многу чуда што се дешавале таму. И во нив верувам затоа што тие чуда се во склад со Светото Писмо, затоа што Христос јасно кажа дека оние кои ќе го проповедаат евангелието ќе ги следат и чуда, исцеленија и Божја подршка.
Но не можам да верувам во чуда кои ѓоамити Бог ги направил за да задоволи нечии садомазохистички бунарџиски подвизи. Демек некој си анимиран ткн. "Јован" ја напуштил мајка му за да се пикне во бунар и да си бдее, а демек Бог 10 години го ранел таму преку ангели за најпосле тој да пцовиса таму. Зошто бог би го ранел 10 години таму? За да зјапа во одредена точка од бунарот по 24 часа на ден? Каква е таа служба? Иллјадници луѓе надвор од бунарот умираат секој ден без Христовото спасение, а некој "христијанин" се пикнал во бунар и зјапа во некоја точка по 24 часа на ден, 365 дена годишно, и така 10 години. Епа извини, ама не ми е до толку испран мозокот за да верувам во такви бабини деветини кои немаат никаква подршка од Светото Писмо.

А зошто велам пцовисал, а не умрел? Прво, како што веќе реков, затоа што сум убеден дека не станува збор за реална личност, туку за анимирана измислена личност со филувано "житие" кое нема благе везе со непознатото житие на вистинскиот Јован. Значи јас зборувам за измислениот Јован, а не за вистинскиот. Второ, се знае како достојно умира човек. Не со сила и при здрав разум да се бута во некој сув бунар за да умре таму, туку... на поинаков начин. Се знае кој може да умре во сув бунар. Или некое куче или маче што паднало таму, или некоја стара птица која слетала таму непосредно пред да издивне таму. За овие животичниња велиме дека пцовисале таму.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
150
Поени од реакции
0
Навредуваш голем број на Македонски пустиножители,кој оставија се и тргнаа по Господа.Св Јоаким Осоговски,Св.Прохор Пчински,Св.Гаврил Лесновски,Св.Еразмо Охридски....
Јас лично не знаев дека во Македонија имало пустини.

Луѓе, ова е нов момент во географијата.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ќе дадам осврт на житиево, а тоа е дека се работи за чисти глупости. Живеел 10 години во бунар, исто како јас што сум живеел 10 години во бунар. Ако веќе се спуштил требале да го остават да чека леб од Господ да му прати, па да видеа за колку дена ќе биде храна за мршојадците.
 
Читај го малце житието. Бог му праќал храна, ама за да не се возгордее, тоа го правел преку Фармутиј.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Mac.Koren, јас не навредувам никого, па ниту овој бунарџијава Јован, затоа што убеден сум дека неговото "житие" е измислена приказна на некои баби или дедовци со бујна фантазија додека чекале ред крај бунарот сред село за да ги наполнат стомните со вода :)
Зарем тебе те гризе совест ако кажеш дека Пинокио пцовисал? Се разбира дека не затоа што станува збор за измислена анимирана личност која ниту можеш да ја израдуваш, ниту да ја натажиш, ниту пак да ја навредиш. Епа јас истото го мислам за овој анимираниов Јован бунарџијата. Јас верувам дека постоел таму некој друг Јован кој починал на за нас непознат начин. Но јас тука не коментирам за него. Јас тука коментирам за овој другиов анимиран Јован Бунарџијата, од чие набаждарено и филувано житие гледам дека станува збор за анимирана режија на група ентузијасти со бујна фантазија.

Тоа не значи дека јас не верувам во чуда, напротив, јас верувам дека доколку некој човек заради Христос т.е. следејќи некоја Христова заповед направи некој ексцентричен подвид, верувам дека ќе добие Христова натприродна подршка. Сум слушал за сведоштва на христијани кои оделе во Африка во некои племенски пагански заедници да го проповедаат Христос. Еден таков мисионер познавам и лично. Тој ми има кажувано за многу чуда што се дешавале таму. И во нив верувам затоа што тие чуда се во склад со Светото Писмо, затоа што Христос јасно кажа дека оние кои ќе го проповедаат евангелието ќе ги следат и чуда, исцеленија и Божја подршка.
Но не можам да верувам во чуда кои ѓоамити Бог ги направил за да задоволи нечии садомазохистички бунарџиски подвизи. Демек некој си анимиран ткн. "Јован" ја напуштил мајка му за да се пикне во бунар и да си бдее, а демек Бог 10 години го ранел таму преку ангели за најпосле тој да пцовиса таму. Зошто бог би го ранел 10 години таму? За да зјапа во одредена точка од бунарот по 24 часа на ден? Каква е таа служба? Иллјадници луѓе надвор од бунарот умираат секој ден без Христовото спасение, а некој "христијанин" се пикнал во бунар и зјапа во некоја точка по 24 часа на ден, 365 дена годишно, и така 10 години. Епа извини, ама не ми е до толку испран мозокот за да верувам во такви бабини деветини кои немаат никаква подршка од Светото Писмо.

А зошто велам пцовисал, а не умрел? Прво, како што веќе реков, затоа што сум убеден дека не станува збор за реална личност, туку за анимирана измислена личност со филувано "житие" кое нема благе везе со непознатото житие на вистинскиот Јован. Значи јас зборувам за измислениот Јован, а не за вистинскиот. Второ, се знае како достојно умира човек. Не со сила и при здрав разум да се бута во некој сув бунар за да умре таму, туку... на поинаков начин. Се знае кој може да умре во сув бунар. Или некое куче или маче што паднало таму, или некоја стара птица која слетала таму непосредно пред да издивне таму. За овие животичниња велиме дека пцовисале таму.
Ахх, што ќе беше оваа лукавштина... Секогаш сакаш демагошки да ја избегнеш вистината, па остај тоа, и гордо се правдаш дека ти си во право.
Примеров со Пинкио не да ти е неоснован, туку и ептен забеган. Пинокио е личност од приказна, додека подвижникот, како ти што го нарекуваш, бунарџијата, е реална личност. Ако тебе не ти е вистинита таа приказна, на 300 милиони православни христијани во светот им е вистинита. Пинокио, пак, на 6 милијарди луѓе во светот им е измислица. Внимавај што зборуваш, затоа што повредуваш чувства на милиони христијани!
Садомазохистички подвизи имале и апостолите, и башка тоа се радувале на тоа. Ти текнува на книгата Дела Апостолски? Бог да ти прости и за оваа хула!

Прибери се малку со овој твој речник - баш докажуваш колкав христијанин си!!! Секоја чест, баш христијански!!!

еххх, многу ми е жал за тебе, навистина...:(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom