- Член од
- 12 јануари 2010
- Мислења
- 87
- Поени од реакции
- 23
Можна ли е Трета светска војна
Постојат ли шанси тензиите меѓу Северна и Јужна Кореа да прераснат во војна, а во еден ваков конфликт не е исклучено да бидат вовлечени Русија, Кина, САД и Јапонија, анализира рускиот весник Комсомолскаја Правда.
Весникот посочува дека само малкумина не знаат за потонувањето на јужнокорејскиот брод, за што Северна Кореа е обвинета дека го торпедирала. Веднаш потоа САД почна вежба со подморници со Јужна Кореа и мистериозно исчезнаа четири севернокорејски бродови.
“Пјонгјанг и Сеул ја подигнаа својата борбена готовност. Јапонија се огласи – колку може да не заплашат со нуклеарно оружје? Кина повика на решавање на проблемите со дијалог, посочувајќи дека Пјонгјанг е нејзин сосед и безмалку брат. Русија, како вообичаено е загрижена заради порастот на тензиите и најави воена вежба “Восток - 2010-та,“ наведува Комсомолскаја Правда.
Во анализата понатаму се посочува дека конфронтациите на Корејскиот Полуостров имаат долга традиција и дека “малите“ разузнавачки и специјални единици распоредени на границата во секој момент може да започнат војна.
Весникот прави и пресметка на расположливите сили на двете држави, па заклучува дека Северна Кореа има 1,5 милиони фанатични борци, а Јужна Кореа располага со 672 илјади луѓе. Калкулирајќи кој би победил, Комсомолскаја Правда посочува дека Северна Кореја е посупериорна и со луѓе и со оружје, но Јуќна Кореја ги има САД на своја страна.
На крајот весникот заклучува дека доста е веројатно долго време да се разменуваат закани меѓу двете страни, но дека доколку на крајот дојде до војна, тоа може да значи и почеток на светска војна.