Можна ли е трета светска војна?

Член од
12 јануари 2010
Мислења
87
Поени од реакции
23
Можна ли е Трета светска војна
Постојат ли шанси тензиите меѓу Северна и Јужна Кореа да прераснат во војна, а во еден ваков конфликт не е исклучено да бидат вовлечени Русија, Кина, САД и Јапонија, анализира рускиот весник Комсомолскаја Правда.

Весникот посочува дека само малкумина не знаат за потонувањето на јужнокорејскиот брод, за што Северна Кореа е обвинета дека го торпедирала. Веднаш потоа САД почна вежба со подморници со Јужна Кореа и мистериозно исчезнаа четири севернокорејски бродови.

“Пјонгјанг и Сеул ја подигнаа својата борбена готовност. Јапонија се огласи – колку може да не заплашат со нуклеарно оружје? Кина повика на решавање на проблемите со дијалог, посочувајќи дека Пјонгјанг е нејзин сосед и безмалку брат. Русија, како вообичаено е загрижена заради порастот на тензиите и најави воена вежба “Восток - 2010-та,“ наведува Комсомолскаја Правда.

Во анализата понатаму се посочува дека конфронтациите на Корејскиот Полуостров имаат долга традиција и дека “малите“ разузнавачки и специјални единици распоредени на границата во секој момент може да започнат војна.

Весникот прави и пресметка на расположливите сили на двете држави, па заклучува дека Северна Кореа има 1,5 милиони фанатични борци, а Јужна Кореа располага со 672 илјади луѓе. Калкулирајќи кој би победил, Комсомолскаја Правда посочува дека Северна Кореја е посупериорна и со луѓе и со оружје, но Јуќна Кореја ги има САД на своја страна.

На крајот весникот заклучува дека доста е веројатно долго време да се разменуваат закани меѓу двете страни, но дека доколку на крајот дојде до војна, тоа може да значи и почеток на светска војна.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Teшко САД и Русија да влезат во војна поради Северна и Јужна Кореа, до сега имаа еден куп можности за такво нешто, Косово, Грузија, Босна.... секој си го гледа својот интерес и од секоја војна гледаат да профитираат!
 
Г

Господ

Гостин
Ја би сакал да има.Ми смачија игрициве со втора светска војна.Све истите пушки се :(
 

Круме

Life, Get One!
Член од
28 март 2010
Мислења
449
Поени од реакции
32
Можно е да се случи, зошто да не.... Како и да е тоа им одговара и на Русија и на САД! Ќе ги испразнат своите магацини од оружја, проектили и гранати - ќар до гуша, конечно кеш!
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
"I know not with what weapons World War III will be fought, but World War IV will be fought with sticks and stones." - Albert Einstein
 
Х

Ханзо

Гостин
Можно е да се случи, зошто да не.... Како и да е тоа им одговара и на Русија и на САД! Ќе ги испразнат своите магацини од оружја, проектили и гранати - ќар до гуша, конечно кеш!
Ќе ги испразнат и магацините со луѓе. Тотен Јуден нихт арбајтен.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Ако има 3 светска војна готова е цела земја. Ке се користат хемиски оружја. И невините ке умрат. Ние ке летнеме, немаме со што да се бориме. Исто како во втората светска војна
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
еј ај не се глупирајте туку затворете ја темава. не ставајте трн во здрава нога
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
А да се погледнете околу вас што се случува? :)

Трета светска војна е во тек од 2001 година. GLOBAL WAR ON TERROR! :) што би рекол Bush.

Дека терористите немаат држава/и не значи дека не се војува по целиот свет.
 
Г

Господ

Гостин
Ако тепаат американците Обама ќе го слават уште 1000 години.Се прашувам кој ќе го глуми на Red Alert:raz:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Не е можна светска војна , со измислувањето на нуклеарните бомби таа можност не постои веке.
 
Г

Господ

Гостин
А да се погледнете околу вас што се случува? :)
Трета светска војна е во тек од 2001 година. GLOBAL WAR ON TERROR! :) што би рекол Bush.
Дека терористите немаат држава/и не значи дека не се војува по целиот свет.
Абе официјално сакаме :)
Више одамна искачаат игри со тмурни арапи.
 

Круме

Life, Get One!
Член од
28 март 2010
Мислења
449
Поени од реакции
32
Ако тепаат американците Обама ќе го слават уште 1000 години.Се прашувам кој ќе го глуми на Red Alert:raz:

barack obama & ilham anas
Еве кој :) И е*ате Red Alert-от .... сигурно све ќе биде со нуклеарки :)

Не е можна светска војна , со измислувањето на нуклеарните бомби таа можност не постои веке.
А бе не викај двапати... Они само што ја измислија во Втора Светска Војна одма ја џитнаа... Што да не фрлат и сеа ако дојде до тој степен...

Ќе ги испразнат и магацините со луѓе. Тотен Јуден нихт арбајтен.
Не бе... Руси и Американци не гинат у туѓи војни. Паметни се тие... Они само ги буцкаат и им даваат калаши и емки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom