Можна ли е независност за Косово?

Можна ли е Косово наскоро да добие независнот?

  • Вкупно гласачи
    106
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
Да не се лажеме многу. Тоа што го прави Русија во мометов е купување време и создавање предуслови за пазарење, се разбира за руски интереси со САД кога ќе затреба.

Доколку Русија беше толку моќна ќе го спречеше нападот на Србија од страна на НАТО, но ништо не бидна. Така ќе биде и овој пат.
Независноста на Косово е сигурна работа, само прашање на време е кога ќе се случи. Доколку анализираме кое решение е подобро или полошо за Македонија, мислам дека и двете. Значи и независнота на Косово не е ни добра ни лоша за нас, но и останувањето во рамките на Србија и продолжување на немирите и нестабилноста исто така не е добро. И, кога ќе видиш, се најдовме во небрано. :toe:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Значи и независнота на Косово не е ни добра ни лоша за нас, но и останувањето во рамките на Србија и продолжување на немирите и нестабилноста исто така не е добро. И, кога ќе видиш, се најдовме во небрано. :toe:
Независноста на Косово е само скалило до следните нереди. Моментално кај нас е тивко бидејќи случајот Косово уште трае. Кога тоа ќе заврши, ќе почне нашиот процес.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.226
Поени од реакции
84.189
Да не се лажеме многу. 1.Тоа што го прави Русија во мометов е купување време и создавање предуслови за пазарење, се разбира за руски интереси со САД кога ќе затреба.

2.Доколку Русија беше толку моќна ќе го спречеше нападот на Србија од страна на НАТО, но ништо не бидна. Така ќе биде и овој пат.
3.Независноста на Косово е сигурна работа, само прашање на време е кога ќе се случи....
1.Сега за сега, можеби е купување време, но не ми личи дека е за пазарење... времето ќе покаже дали рускиот став е/бил сериозен (досега е така).
2.А за нападот на Србија, мислам дека се знае дури и сумата што ја кркна Русија (Елцин), за да молчи. Не беше до тоа дали таа е моќна да го спречи бомбардирањето, туку до гарнитурата што владееше со Русија тогаш и нејзината сосема поинаква политика од денешнава.
3. Како што поминува времето се помалку личи дека независноста е сигурна работа.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Елцин и неговите соработници си завршија голема работа за нивното молчење кон Косово,особено доколку се знае дека зетот за ќерка на Елцин стана милјардер во бизнисот со Алуминиум,како и Иванов кој стана газда на коцкарскиот бизнис односно на казината во Москва.Значи пречутното одобрување од страна на Русија за бомбардирањето на Косово беше добро наплатено од Елцин и неговата "свита".:(
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
1.Сега за сега, можеби е купување време, но не ми личи дека е за пазарење... времето ќе покаже дали рускиот став е/бил сериозен (досега е така).
2.А за нападот на Србија, мислам дека се знае дури и сумата што ја кркна Русија (Елцин), за да молчи. Не беше до тоа дали таа е моќна да го спречи бомбардирањето, туку до гарнитурата што владееше со Русија тогаш и нејзината сосема поинаква политика од денешнава.
3. Како што поминува времето се помалку личи дека независноста е сигурна работа.
To e to.
Samo ne mislam deka zele pari,tuku tolku bila silata,pa se napravile na udreni,pogotovo sto SM i onaka bese gjubre.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
Како што поминува времето се помалку личи дека независноста е сигурна работа.
Не е толку битно дали независноста ќе се случи наскоро или после 100 години (макар што за Македонија е битно). Косово е еден од најчистите етнички... ај да речам... региони на Балканот. Може ли Србија да контролира 2.000.000 народ? Дури и на секој човек да испрати по еден полицаец пак ќе нема успех. Кога тогаш, независноста е неминовна, а особено после јасната поддршка од страна на САД од среде Тирана.

За Македонија е најбитно што побрзо да се реши статусот на Косово. Мене лично воопшто не ме интересира дали ќе има независност или не, или дали ќе биде под Србија или не. Единственото нешто што ме тера да се вмешам во овој настан е последиците врз Македонија. Како што веќе кажав, за нас и двете решенија не се најдобри. Но, сепак најдоброто за Македонија е статусот да се реши што поскоро. Тоа влијае врз економскиот развој и на Македонија, како и на стабилноста.
 
Па Србија е свесна за тоа и токму затоа предлага поделба на Косово или пак независност како на Тајван од што Србија ќе ги црпи само ресурсите на Трепча што единствено и е интересна како и на сите во таа вукојебина на Балканот.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
...Србија ќе ги црпи само ресурсите на Трепча што единствено и е интересна како и на сите во таа вукојебина на Балканот.
Србија има свои планови, но не верувам дека Албанците се толку наивни (како што гледаме не се) па да играат улога на овци за стрижење :)
И како што реков, лично не ме интересира ниту Косово, ниту пак дали ќе биде Србија до Токија или Србија ко Нокија. Мене единствено ме интересираат последиците врз Македонија и нејзиниот економски развој. Поделбата на Косово е нешто коешто најмалку и одговара на Македонија, а и на Балканот, па ако сакате и на Европа и пошироко.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Зошто,па јас мислам дека само така ќе има обостран мир.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
Затоа што после истото "правило" ќе почне да се применува и на други места, па и кај нас.

Доколку се направи тоа, тоа ќе значи остварување на плановите на Арбен Џафери, а и на визиите на Љубчо Георгиевски дека единственото решение за ситуацијата на Балканот е во создавање на етнички држави. А, тоа нема да запре само со Косово.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па зошто никој не ја земе Босна за пример,туку сите се запнале за Косово па приказни ќе биде вака или онака,кога Босна е типичен пример за етнички поделена федерација на држави.?
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
Затоа што Албанците одамна си расчистиле со тоа кои се и што се и за што се борат и упорно веруваат во своите планови. А, да не заборавиме дека и нивниот менталитет многу се разликува од останатите Балканци. Никогаш не можеш да споредиш Босанец со Албанец, а уште помалку Македонец со Албанец. Доколку и ние се боревме и верувавме дека еден ден Егеј, Пирин или некој друг дел ќе може да добие автономија или независност или спојување со Македонија, сега можеби тоа ќе беше реалност.

И сега, на овaa моја последна реченица, знам дека многумина ќе се смејат и ќе ме направат луд. Епа, тоа е и причината зошто денес центар на внимание е Косово, а не Егеј :)

п.с. Нашите планови до 1990, а на некои и потоа беа од Македонците да направат Југословени - нов идентитет и јазик, а можеби и нова религија со еден бог - Тито.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
п.с. Нашите планови до 1990, а на некои и потоа беа од Македонците да направат Југословени - нов идентитет и јазик, а можеби и нова религија со еден бог - Тито.

И денес, и денес...не само до 1990та
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
rymz: zhalam sluchaj, i dzhabe analizite, se povekje go krkate okolu Kosovo.

Precedatelot na Avstrija, Hajnc Fisher, ocenuva denes vo vesnikot "Salzburger nahriten":

" Site znaat deka najlosho reshenie e ednostranoto proglasuvanje na nezavosnost na Kosovo, bez dogovor so Srbija, bez odluka na Sovetot za bezbednost na ON, so podrshka na SAD, no i protiv voljata na Rusija i so razlichni stavovi vnatre vo Evropskata unija. Toa [reshenie] bi bilo najneposakuvano. "

No Fisher dodava deka kje treba mnogu napor da se vlozhi za da se sprechi ova scenario.

Ushte ednash: bez odluka vo ON, proglasenata nezavisnost e nelegitimna. Toa za nas pretstavuva dodaten problem zaradi granicata, trgovijata itn.

Podelbata na Kosovo e najopasna za Makedonija, zoshto togash se postavuva prashanjeto za celovitosta i teritorijalniot integritet na Republika Makedonija (potvrdeno i od Daniel Serwer od U.S. Institute of Peace), kako i na Bosna i Hercegovina i niz drugi drzhavi.

Putin jasno kazha deka bara kompenzacija za "dadenite" teritorii kako Latvija, Estonija, itn., po zavrshuvanjeto na Studenata vojna, a toa vkluchuva teritorii od Crnoto More do Jadranskoto sose Avstrija.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Е шо па мене ми било џабе? :) кој јас да добијам од било кој исход на Косово :) Јас не кркам ништо :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom