Може ли поезија да биде бестселер?

Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Денес се’ некако изгледа како поезијата да е ставена на маргините на книжевноста, и тоа не само кај нас, ами и надвор. На пример, во странство иако сеуште се твори доста поезија, сепак меинстрим литература останува романот, и тоа најчесто конспиративната литература.
Мислам дека денес како што се одвиваат работиве, една поетска книга никогаш нема да стане бестселер. Што мислите вие?
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Mi se dopaga temava.
Jas go delam istoto mislenje. Poezijata ne moze da stane bestseler bidejki narodot paga ne na umetnicki vrednosti, tuku na prikazna, intriga, ljubov, a seto toa zaedno poveke go ponuduva prozata (pokonkretno romanot).

Ne samo vo stranstvo, mislam deka sekade se tvori poveke vo poezija otkolku vo proza.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Мислам дека времето на поезијата е одамна завршено... Па само да се потсетиме колку повеќе поезијата се почитуваше во минатото, на сите оние автори кои своите кариери ги изградија пишувајќи поезија... Но тоа е за тогаш; денес, нештата се сосема различни... Се гледа приказна, заплет, пресврти, мистерии... Нешто што поезијата дефинитивно НЕ може да го понуди.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Може, зошто да не, иако ретки се луѓето што сакаат да читаат поезија. Ни јас еве не сакам многу да читам поезија, но не би се мислела дали да ја купам некоја книга или не ако содржи внатре такви фасцинантни дела како „Гавранот“ на Едгар Алан По.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Како што сме опседнати самите со себе не нѝ е интересно да читаме нечии чувства изразени преку поезија доколку не се пронаоѓаме барем делумно во тие редови.

Романот и приказните знаат да нè восхитат затоа што предизвикуваат љубопитност и онаа желба да дознаеме што следува понатаму. Во поезијата ја нема таа неизвесност, има симболика и чувства.

Макар што не постои тема за која нема пишувано, слободно може да кажеме дека сите можни теми во литературата се напишани, веќе сè е кажано, единствената разлика е во начинот на кој се изразува таа и перцепцијата на читателот.

Можеби затоа порано поезијата била повеќе ценета и повеќе читана.
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
да се надоврзам на она што го кажаа луѓето над мене, барем дел од нив. Велат дека романот, т.е. прозата може да понуди приказна, заплети, интересен развој на наративата... па и поезијата го може тоа, и тоа исто толку добро како прозата. Плус, во поезијата како придружба на нарацијата има и музика, т.е. ритамот во кој се врамува стихот.
Само прочитајте ги расказите во стихови на Китс, Колриџ и останатите романтичари и ќе ви стане јасно. Е сега, најчесто поезијата бара повеќе концентрација да се чита, иако и тоа е релативно. Можеби и затоа поезијата не се чита како порано.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Всушност, една од петте најпродавани книги во историјата на човештвото се песните на Мао Це Тунг, заедно со Библијата и Куранот. Така што, поезијата дефинитвно може да биде бестселер. Но, темата е поставена во поинаков правец, го разбирам тоа, и би рекол дека е многу потешко па дури и невозможно собрани песни да остварат профит како една заплеткана научно фантастична проза.

Бестселерите денес не се никаков показател за вредноста на делото, бидејќи народот сака лесна литература која ќе им го задржи вниманието, а не и која ќе им ја поттикне имагинацијата и ќе ги натера сами да размислуваат. На ист начин и плочите на Џенифер Лопез постигнуваат златни и дијамантски тиражи, бидејќи слушателот не го интересира уметноста на композицијата, туку паштета производот... се мачка лесно на уво и оди дури и додека пеглате. Касни голтни и запеглај.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Секако дека и поезија може да биде бестселер. Содржината на делото е пресудна за неговата популарност, а не литературниот род на кој ќе припаѓа.
Е сега во однос на тоа какви се работите денес, сметам дека би требало да биде навистина некој поетичен бум за да се напише добра поезија и притоа таа да успее да се протне помеѓу многуте романи - бестселери.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Е не . Многу стихозбирки има кои биле бест селери ... Заправо ако не се лажам на некоја таму статистика за најпродавани книги на 20 -ти век 70 посто беа стихозбирки .

Некои од примерите за такви поетски бест селери се пример Сатански стихови на Салман Ружди , Никотин и други песни на Езра Паунд , Приказни за скоро секој на Галеано , на Калил Ѓибран ( пророк мислам дека се викаше ама не сум сигурен ) итн итн итн .

Е сега ако согледаме реално поезиата никогаш не се искачува високо на бест селер листите ама останува долго на нив кога ке стигне да влезе .

Освен тоа во однос на вистинска литература бест селер листите не се никаво мерило . Мислам за бога милога Гришам , Куељо . Ден Браун , Стивен Кинг се постојано на нив па во книгите нивни ни л нема од литература .

А Шекспир пишел стихови и не бил популарен во своето време , ама остана вечен .
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Мислам исто и дека опаѓањето на поезијата има голема врска и со напредокот... не можеме да зборуваме за расцут на поезијата во класична смисла во денешново дигитално време. е сега, во 18-19в со индустриската револуција се случува еден раскин помеѓу поезијата и музиката... стихот се „либерализира“, се јавуваат прозаични елементи дури и во најстегнатите поетски форми, што кон крајот на векот радикализира. Исто тоа се должи и на раскутот на романот во тој период кога тој се развива како доминантен жанр. По однос на поезија, мислам дека романтизмот е еден од последните правци кој масовно ги поддржува и применува „класичните“ поетски форми.
Е сега, бидејќи романот се јавува во книжевноста тесно поврзан со журнализмот (голем број романи се издавани во весници како фељтони или на епизоди, Дефо како еден од првите романсиери се стремел литературата да ја сведе на журнализам), оттука и неговата популаризација како жанр.
Е сега, разликата помеѓу проза и поезија најмногу се воочува во однос на сугестивната моќ, која кај поезијата е далеку поголема. Но затоа пак по однос на дескрипција прозата е далеку поекспресивна од поезијата
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
38
Поени од реакции
4
Според мене поезијата може да биде бестселер. Јас лично повеќе сакам поезија да читам отколку проза, можеби бидејќи многу брзо ми здосадуваат големите книги, романи и сл. :wink: Повеќе сакам љубовна поезија, бидејќи да кажеш половина страна од еден роман,тупење, описи, бла бла, само со едно 4-5 стиха, е голема вештина:pipi: а и плус многу лесно се чита :pos2:Но сепак, се зависи од содржината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom