- Член од
- 3 мај 2014
- Мислења
- 878
- Поени од реакции
- 2.700
Долго време, македонскиот фудбал е на работ на аматеризам, прво со инфраструктура на клубовите, па постоење на клубови кои се водени од исти луѓе(пример, Камчев) па водење на клубови од општини само за перење пари,гласи па уште на сето тоа, ФФМ со забрани за навивачи(навивачките групи се одамна на едно много лошо ниво) казнување на клубови итн. После толку години тешки за македонскиот фудбал, ова година, нашиот фудбал мрдна малку кон напред, пласирањето на Вардар во Европа Лига, добриот успех на Шкендија, па средувањето на "Младост" во Струмица, влегување на Академија Пандев во ПМФЛ која одлично работи како клуб(своја академија, учествување на добри младински турнири, свои простории и сл) денеска е почната реконструкција и на "Гоце Делчев" во Прилеп, претходно почна реконструкцијата на "Тумбе Кафе" во Битола, исто така вложувањето на ФК Вардар во Тренинг Кампот, добра работа во младинската школа, сето ова ни влева надеж за подобри денови за македонскиот фудбал. Исто така тука би сакал да спомна една идеја, за чија реализација ќе е потребно многу повеќе од пишување тука на форум, но убаво е да се сподели, мислам дека има многу заинтересирани кои би сакале да погледнат емисија посветена за македонскиот фудбал, анализа, најинтересни моменти од натпреварите, интервју со тренери, играчи, најава на квалитетни натпревари итн, со ова би се добило повеќе на квалитет, на популарност на фудбалот во Македонија, квалитетни најави на натпревари и уште много бенефити за клубовите и за ФФМ и реализаторот на проектот. Според мене и некое мое скромно мислење, полека се дига квалитетот на лигата, но останува проблемот со навивачите т.е забрната.