Може ли повеќе фудбалот во Македонија?

Дали може повеќе фудбалот во Македонија?(организираност, инфраструктура, посетенот итн)


  • Вкупно гласачи
    39
  • Гласањето е завршено на .
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Долго време, македонскиот фудбал е на работ на аматеризам, прво со инфраструктура на клубовите, па постоење на клубови кои се водени од исти луѓе(пример, Камчев) па водење на клубови од општини само за перење пари,гласи па уште на сето тоа, ФФМ со забрани за навивачи(навивачките групи се одамна на едно много лошо ниво) казнување на клубови итн. После толку години тешки за македонскиот фудбал, ова година, нашиот фудбал мрдна малку кон напред, пласирањето на Вардар во Европа Лига, добриот успех на Шкендија, па средувањето на "Младост" во Струмица, влегување на Академија Пандев во ПМФЛ која одлично работи како клуб(своја академија, учествување на добри младински турнири, свои простории и сл) денеска е почната реконструкција и на "Гоце Делчев" во Прилеп, претходно почна реконструкцијата на "Тумбе Кафе" во Битола, исто така вложувањето на ФК Вардар во Тренинг Кампот, добра работа во младинската школа, сето ова ни влева надеж за подобри денови за македонскиот фудбал. Исто така тука би сакал да спомна една идеја, за чија реализација ќе е потребно многу повеќе од пишување тука на форум, но убаво е да се сподели, мислам дека има многу заинтересирани кои би сакале да погледнат емисија посветена за македонскиот фудбал, анализа, најинтересни моменти од натпреварите, интервју со тренери, играчи, најава на квалитетни натпревари итн, со ова би се добило повеќе на квалитет, на популарност на фудбалот во Македонија, квалитетни најави на натпревари и уште много бенефити за клубовите и за ФФМ и реализаторот на проектот. Според мене и некое мое скромно мислење, полека се дига квалитетот на лигата, но останува проблемот со навивачите т.е забрната.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Постојат многу фактори ама според мене има еден проблем кај македонскиве фудбалери а тоа е фактот што делуваат неспремни кондиционо. Значит не се разбирам многу од фудбал, ама просто кога гледам меч од странски лиги и меч од нашиве... темпото на игра е значително поспоро. Шознам... можда грешам ама испаѓа дека се работи за менталитетот на играчите и нивните тренери и во глобала менталитетот на народот.
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.895
Поени од реакции
717
Не може поради менталитетот на народот (и играчите) поради кои првите со надсељачки менталитет и однесување лошо влијаат на финансиите и инвеститорите на клубот (ги бркаат) кои поради нив јадат казни, суспензии, и натпревари од "висок" ризик со цел да ја сведат публиката на минимум со што би се заштитиле од истите, и поради вторите кои доагаат тука чисто како на корзо, фудбалот не им е најважна споредна работа него дискотеките, пичките, цигарите, алкохолот, животот што го живеат тука за разлика од нивните вукојебини од каде што доагаат. Евентуално би гласал и за второто меѓутоа тој долг временски рок нема да го дочекаат ни моите деца, ни нивните деца, ни децата на нивните деца. Или онака не сме себичен народ па сакаме и нашите деца да ја видат оваа мизерија :icon_mrgr:
 
Член од
1 август 2017
Мислења
117
Поени од реакции
31
јас сум секогаш скептичен во прашување дали може македонскиот фудбал да се напредува понатаму
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
А прашањево се однесува на националниот тим или на лигата, оти не е баш исто?
 
Ф

Флеш

Гостин
Сега сме во период каде што сметам дека Ффм е навистина добра во овие моменти .... Управата на Ффм последниве години со Илчо,донесе доста промени на организационо ниво .... На ниво кои се подобри во позитивна смисла и модернизира .... Е сега одма сигурен сум ќе речете не е точно .... Кажете ми дали е точно што поголем број од мак. клубови подобри ја на клупско ниво ?! Ффм си одработи реформи во национални селекции и менаџмент ....Клубовите не направи ја ништо освен што се паразити и влечат пари и донации од Ффм .... Можам само ТРИ КЛУБА кои функционираат правилно:
  1. Вардар
  2. Шкендија
  3. Пандев Академија
Каде се останатите клубови во Македонија? Чекаат од Ффм со скрстени раце ,додека клупските одбори се расправаат за свои челни интереси и забошуваат инвестиции ....Абе и јас знам од општина Кадрифаково да добијам 100.000 евра годишен буџет и лупни пари со врски играчи и опрема,и очајни резултати на крај .... Не им текнува прво терен,организационо,школа,маркетинг итн ...Се е ФОРМАЛНО РАБОТЕЊЕ !!! Вина е кај клубовите и специјално луѓето шо се водачи ....Немаат никаква програма .... Еве Академија Пандев пример ....Имаат план ...
  1. Оформија клуб со чело Пандев
  2. Освојување на Втора Лига
  3. Влез во Прва и стабилност
  4. Создавање на тренерски кадар
  5. Младински школи
  6. Помош со агентот на Пандев,да нудат таленти агресивно
  7. Тренинг комплекс
Еве бујрум резултати имаат,меѓу најболе три,извади ја таленти во Арсенал,Интер итн ,се во најкраток рок од што ебен Работнички напраи за неколку години .... СООДНОС .... Доста збор
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
проблемот е јасен, парите се тие кој го вртат фудбалот, фудбоалот од секогаш бил занимација за средно -ниска класа а кај нас со 100 еу ,12 часа работно време од пон до сабота уште на утакмици да идат, и друга работа никогаш нема да се напредува на клубско ниво заради аматеризмот на клубовите. Прават играч ,пуни 18 години место да му понудат договор , они го продаваат за некоја кикирики сума пошто полесно е да земат нешто отклку да се ебаваат и да прават трошоци за договори по адвокати а па недај боже 300 тини евра плата да му дадат и да го задржат 2-3 год
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Можда ако некад некој укине нет и кабловска на ТВ у државава од мука ќе ги натера луѓето да гледаат Ренова со Академија Пандеви.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
И да се однесува на лигата, за добра репрезентација потребно е да имаш квалитетно првенство. Се се може ако се сака, ако имаш клуб за пример, кој вложил средства, но и во структурата на клубот има луѓе кои го разбират фудбалот(имаш факултети за тоа, спортски менаџмент) па вложиле труд од помошен тренер до претседател на клубот, резултати ќе има, фудбалот бара големо вложувања да, но и носи огромни профити. Еден од главните проблеми кај нас е што клубовите ги водат луѓе кои се лакоми за пари, и немат знаење.. А зашто луѓе не одат на стадион е исто така повржано со стручниот кадар во клубот но и во федерацијата, сега за сега ФФМ направи некои доста добри и успешни проекти. Според мене мора ФФМ да ги зголеми критериумите за влез во прва лига, мора да ги исполниш критериумите ако сакаш да игра прва лига. Има многу примери за успешни клубови и лиги, само треба некој да засука ракави и да почне со работа според однапред добро замислен план..
 
Ф

Флеш

Гостин
Според мене мора ФФМ да ги зголеми критериумите за влез во прва лига, мора да ги исполниш критериумите ако сакаш да игра прва лига. Има многу примери за успешни клубови и лиги, само треба некој да засука ракави и да почне со работа според однапред добро замислен план..
Одлично кажано :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Може. Само треба многу вложување во него, иначе нема да има никаков напредок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom