Јас не викам да си ја прчам 24/7 и да си гледам само филмови и да си читам книги. Со моето останување дома по автоматизам се подразбира дека јас ќе го перам, пеглам, ќе чистам, ќе правам ручек, ќе мијам садови и ќе ги извршувам сите други домашни обврски.
Тоа нели е потење на газот и придонесување кон домот? Или само носењето пари претставува за тебе придонес кон домот?
Од него ќе барам само еднаш дневно да ми фрла ѓубре.
Или и тоа е многу, оти он ќе биде мажјакот кој ќе носе пари дома и кога е дома не треба ни со малиот прст да мрда?
Или ај нека ме плаќа он мене за сето тоа што ќе го правам, па и јас да „придонесувам“ според тебе.
Или ај вака. Јас ќе работам и ќе носам пари дома, а он нека ги завршува сите домашни обврски. И така се слагам јас. Не е проблем, способна сум да правам пари ако треба, ама он нека седе дома и нека изиграва домаќинка... И на крај пак ќе бидам подобра од него у тоа што ќе го правам. Дали дома, дали на работно место.
Јас никаде не спомнав командување во мојот предходен пост, реков заедничко носење на одлуки.
Во една врска, дали е брак или не, не треба да има команданти, туку двајца полноправни партнери кои ќе донесуват заеднички одлуки.
Како бре ти ќе воспитуваш едно дете, да има почит кон родителите и кон постари, ако ти како негов татко не ја почитуваш неговата мајка и не ги цениш нејзините обврски кон фамилијата и изиграваш командант кон неа?
Е баш поради вакви мажи како тебе кои виреат во Македонијава, жените бираат кариера/работа пред фамилија. И не ги обвинувам. Никој не сака да биде понижуван и неценет, па дури и ти како маж не го сакаш тоа, сигурна сум.
Со вакво непочитување на женскиот труд, само покажувате колку сте ограничени во мозоците кои ги носите у главата. Ако воопшто и ги имате таму...