RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.739
Прво, да не ми залепите етикета, не сум сексист, шовинист, феминист итн итн. Вчера прочитав едно истражување кое ме мотивираше да ја отворам темава. Во него скоро 70% од жените се имаа изјаснето дека не би имале ништо против да бидат финансиски зависни од мажите и да се грижат за деца и домот, наместо да градат кариера. Тоа доведува до друго прашање, колку мажите се способни да се грижат за семејството финансиски? Очекувам и мажите и жените да се изјаснат на темава рационално.
Тука имате многу прашања на кои можете да си го искажете ставот. Како на пример:
1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа?
2. Дали и покрај тоа што како маж заработувате доволно пари, повеќе би сакале сопругата да има своја кариера и да заработува?
3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера?
4. Прашање до мажите. Мислите ли дека би можеле да стигнете до степен да го издржувате самите семејството?
Поентава е да дојдеме до одговор. Дали мажите во Македонија денеска можат самите да го издржуваат семејството финансиски или тоа е нешто што ретко кој може да го доживее? Да да, знам криза е, се нема. Но, да не се лажеме има доволно луѓе кои ако спрегнат сили можат да обезбедат доволно. Каде спаѓате вие?
П.С: Ако темава заврши со констатација дека Евреите се криви, не ме кривете мене.