Јас не знам што подразбирате под поимот поштена ? Таа што живее блиску до поштата ли ? Ќе најдете кога ќе си ги смените размислувањата, дами има останато за каваљери. Може реално не бараш мирна, нормална девојка, него те привлекуваат ,,девојки со лесен морал,, кои ти се физички привлечни само, гледаш површински какви се и не се трудиш да ги запознаеш или пак се обидуваш да ги ,,скротиш,, да ги смениш, си ги упознал во период во кој едноставно не им било времето да бидат сериозни. Далеку од тоа дека не се менуваме де, ама ни зависи од периодот - не за парење. Животниот. Е сега некоја што имала ,,некој,, дечко пред тебе нека се и 5 и 10 нека се, ама е добра особа, образована и културна и го има тоа што го бараш од девојка, не чини оти е курва, била со многу мажи.
И после машко ќе ти рече - мене не ми е битно колку си ги имала пред мене, јас рачунам од сега натака со мене каква си ... ха ха ха ха виц на деценијата. Лажат мажите, битно им е.
Сум имала машки, сум поминувала пијани ноќи, сум го живеела животот како што според сите стандарди се живее на 20 год, период на експериментирање како што го нарекувам јас. Има ли нешто лошо во тоа? Подобро тогаш, него после, зар не е така ?
На мажите што размислуваат вака, им треба поголема самодоверба и помалку комплекси, или се плашат од критика ?
Поштена ... маах ! Реално вие колку сте поштени, ги цените девојките и знаете да процените ,,поштена,, девојка ?