главнината губи вредност за 10 години, а каматата зависи од тоа како е договорена стаоката...последната еврообврзница е понеповолна од тие пред шарената револуција, таа не само што направи штета на фасадите туку со вештачко креирање на криза ни ја зголеми каматната стапка, т.е. Сорос си налати дебело тоа што го вложи во кризата. Но освен каматата битно е дали успешно ќе се инвестира, секако чување во државни резерви кое е направено 2005 не е оправдано..
Главнината "губи вредност" моментот кога ќе се потпише обврзницата. Затоа постои камата која ја зема предвид "изгубената вредност" по основа очекувана инфлација и ризици плус профит кој сака да се оствари врз основа на обврзницата.Таков е концептот на инструментот.
Во 2005 каматната стапка за обврзницата е била 4,625%. Во 2016 се задолживме 500 000 000 во рок од 7 години со стапка од 5,625%.
Во 2005 обврзницата е искористена за исплата на долгот кон "Лондонскиот Клуб". Втората, третата и четвртата обврзница се користат за купување гласови и задоволување на нечии фетиши.
Користење на еврообврзници за инвестирање во инфраструктурни проекти не е најпаметна работа. Зошто да плаќаш 4+% камата кога имаш пристап до средства со грејс период и камати пониски за 1% поен.
Шо да ти кажам друго.