Проблемот е што големите држави никогаш нема да дозволат да имаме реален извоз. Патем затоа и ја распарчија Југославија која држеше преголеми пазари во блиски исток Африка и Кина да останеше така сега којзнае што ќе извезувавме пошо во тоа време сеупте не сме имале некоја голема палета ама пак тоа што сме го имале идело. Моментално ние сме робови од секој аспект. Како прво кредитите кои мораме да ги земаме поради немањето на реален извоз и стопанство. Друг аспект нереалниот извоз или да кажеме лон производство. Текстилна индустрија - голем дел од извозот, носат главен материјал, помошен материјал, надзор. Нашата компанија мора за 2-3 еур да му сошие кошула и со тие 2-3 еур да плати работник, струја, амортизација, давачки - даноци. Материјалот ќе го произведе во Филипини по багателна цена и кремот го јаде германецот. Ја произведува кушулата за 10 еур ја продава од 50 еур нагоре за попусти ќе ја снижи на 20. И во Македонија исто ќе ти ја донесат њу јоркер или бершка за 25-30 еур а шиена тука за 10 еур. Друга работа странски инвестиции - друг начин на лон систем нема ништо различно. За разлика од лонот каде текстилците плаќаат даноци и други трошоци овие си доаѓаат на готово си ги носат машините на готово. Даваат само по 200 еур нето плата, користат робови профитот го селат во матичните држави ништо не се реинвестира тука. Кога ќе заврши забавата и ќе треба да плаќаат даноци како македонските компании кои пред тоа плаќале и за нив си ги качуваат машините на камион и одат во СРбија, Босна, Албанија кај што ги чекаат исти такви услови. Не за џабе е западот богат има едно правило за на еден да му се обдени на 1000 треба да му се стемне. За жал ние сме во тие 1000. Убаво викаше дедо ми внучко нечекај да дојде поубаво оди кај што е поубаво. Некој на време се иселил од некое село во планина и отишол во поубаво, тие малце што останале 20 години чекале една чешма и еден асфалт да им се направи и пак останале на исто ниво.