@Grmys знаеш на што мислам. Овој заменик министер доаѓа од партија која губи на избори и пак ќе изгуби догодина. Нема никаков легитимитет. Да сум популист како него би притискал да се зголемат платите во сите сектори пошто и онака ќе губам на избори барем да изгубам со помала разлика ветувајќи глупости.
Прво како оцени дека партијата на тој заменик-министер ќе изгуби?
Второ зошто мислиш дека нема легитимитет?
Трето дали министерот за правда е праведно на неговата функција кога неговата партија не победи на предходните избори?
Четврто кои ветувања се глупости за тебе?Си прочитал некоја програма и мислиш дека баш таа мерка е неотстварлива и глупава?
Вака
@Brutus за тоа дали ќе изгуби СДСМ или ДПМНЕ не сакам воопшто да коментирам бидејќи неможам да предвидувам иднина.
Легитимитет тој заменик-министер има, прво со тоа што за неговата партија гласале над 300 000 гласачи, и второ затоа што победничката партија сама прифати тој да биде заменик министер. Прочитај што означува терминот легитимитет и легалитет за да не тресеш зелени.
Министрите на ДУИ,СПМ,ДС и остала боранија која се врзува до големите партии нај легитимно си имаат свои министри кои се поставуваат од страна на претседателот на Владата. Така да не постои избор на министри и ако претседателот на Владата сака ќе ме стави и мене министер и тука гласачите неможат ништо!
За глупостите кои зборуваш ти не сум економист и неможам да кажам дали се глупости, али според мене нај голема глупост на светот е да зимаш кредити за да дадеш плата на партиски војничиња вработени во администрација!