Еве го надворешниот долг, спрема НБРМ, во милиони евра, по години
- 2006 - 2,500
- 2007 - 2,840
- 2008 - 3,300
- 2009 - 3,780
- 2010 - 4,100
- 2011 - 4,840
- 2012 - 5,170
- 2013 - 5,220
- 2014 - 5,950
- 2015 - 6,180
Прегледај го приврзокот 126950
Значи, само под сегашна власт , Македонија е задолжена повеќе од сите претходни влади ( 2 мандата на Бранко, 1 мандат на Љубчо , експертска влада на Кљусев + превземаниот долг од СФРЈ ) !!!!!![DOUBLEPOST=1440130819][/DOUBLEPOST]
Да, во купот, стварно се гола вода[DOUBLEPOST=1440130986][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1440132773][/DOUBLEPOST]
Реалноста ќе биде поболна, за жал....
Кога ќе ја презадолжат државата. тогаш ММФ ќе ти направи план како ќе ги враќаш кредитите. Дај боже да грешам, ама еве отприлика како ќе биде-
- кратење на буџетот- намалување на пари за здравство ( намалување на бесплатни лекови, зголемување на партиципација на здравсвени услуги и сл), кратење пари во школство ( да го доутепаме и онака “јакото“ ни школство и да продуцираме уште поглупави генерации, понатаму, намалување на пензии и се по ред....
- приватизација на ресурси ( водовод, патишта, електрани, аеродроми...) Ова ќе резултира со поскапување на сите услуги, што на крај ќе го платат граѓаните.Имаш пример со Боливија и нивниот “договор“ со Светска банка за приватизација на водата, промптно покачување на цената од 35%, демонстрации, жртви, вонредна состојба....
Ќе се издеферинцираат полека 2 слоја - еден кој ќе биде доволно финансиски поткован, да може да си дозволи и поскапа струја и вода, и приватно здравство и школство, и останатите 99% кои ќе живеат во се помизерни услови, ќе работат како робови само за да преживеет, а за квалитетно здравство, школство, одмор, патување, ќе можат само да сонуваат.
Јас разбирам дека во целото свесно пропаѓање на државата се работи за големи игри, каде многу работи и не зависат од нашите политичари, ама едноставно НЕ РАЗБИРАМ како некои го оправдуваат и даваат подршка за тоа неразумно задолжување.
12 милиона биле ништо, сме била малку задолжена држава, спомениците го кревале националниот идентитет, врбите и златните коњи привлекувале туристи...Муда од лабуда.....проста маса......
И ако некој стварно не разбира што значи НЕПРОДУКТИВНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ и не му доволна сликата од комшии
шта речи....