Значи човек треба да ве дискриминира за да се активирате а
Па...
Оваа зима машкиот тренд ја застапува спортската елеганција,меѓутоа тука сепак доминира елеганцијата.
Веројатно поради боите и моделите.
Од боите се актуелни оние што се пробаа да се наметнат лани:
темно лилава,сива и темно сива,па дури и тегет.
1. Пуловери и елеци на V.
Без разлика на која боја ќе ги одберите и дали ќе ги носите во комбинација со кошула одоздола или не - нема врска. Удобни се и изгледаат убаво во секоја прилика,без разлика дали ги носите со фармерки или пантолони.
2. Универзални сакоа,палта.
Одберете палта или сакоа со неутрални бои и универзални модели кои ќе ви одат со секоја комбинација.Одберете да бидат такви што практично ќе ви служат како јакни. Без разлика дали одбравте да бидете поелегантни или направивте денска спортска комбинација,одат со се. Бирајте беж,темно кафеави,сиви,црни.
3. Риги
Ригите се заштитниот знак на наредната есен-зима.
Носете кошули,џемпери,блузи,маички дезенирани со риги,неутрални се,може и да му даде елегантен и спортски шмек на облеченото.
4. Маички,блузи,кошули
со принтови
Тука дозволете вашата креативност да си го прави своето.
Маичките со принтови се практични за секоја прилика или дел од денот.Одбрете мотиви и бои какви сакате.
И за крај,еве ви неколку идеи