Модни трендови : Есен-Зима 2007

Статус
Затворена за нови мислења.

rich_bitch1

~DARLING~
Член од
15 март 2007
Мислења
744
Поени од реакции
5
da vidime sto ni nudat kreatorite za ovaa esen:

Michael Kors

,


Robert Rodriguez



D&G




Gap

,
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Оукеј,летс сиии....

Есен - Зима 2007

Дизајнерите оваа сезона инсистираат на нагласување на цврстата,секси половина со високиот струк. Класичните костуми со сукња се повторно ин,вклучувајќи и макси долгите фустани.
Миди-должината (3/4) ис бек.

Од боите тука се црно,сиво,темно лилаво и темно плаво,а веројатно и цикламата ќе се пробие преку темно лилавото.

1. Истакната половина
- Можете да ја постигнете со едноставно ставање на ремен високо,под градите.
- За постигнување на елегантен ефект внимателно одберете аксесоари од егзотични кожи,па дури и пердуви.
- Шминка: Бледа кожа и природни бои совршено би го надополниле овој софистициран изглед.

- Giambattista Valli

2. Новата должина
- Миди-должината (3/4,под колено) настапува оваа сезона.
- Не мора да се само сукњи и фустани - носете и пантолони со таа должина.
- Избегнувајте да ја носите со рамни чевли -најдобро оди со високи потпетици.

Salvatore Ferragamo
Temperley

3. Црно на црно
Носете ја омилената боја на модата во комбинација од разни материјали.
- Можете да искомбинирате свилен или сатенски топ,со мат здолниште и обувки од лакована кожа или антилоп.
- Комбинирајте дезениран или илустриран топ со еднобојно црно здолниште,или обратно.

Chloe
Antonio Berardi

4. Костумот со сукња
- Сакоата со ремени се повторно ин.
- Дизајнерите си играат со пропорциите,спојувајќи тесни сакоа со широки сукњи.
- Сукњите со миди-должина или должина едноставно баш над колено се добра опција.

Botega Venetta
Roberto Cavalli
Ralph Lauren

5. Големи џемпери
Стоплете се зимава со гооолеми,широки и топли џемпери.
- Широки плетени фустани се полн погодок.
- Долга плетена туника е шик алтернатива за со палто.

Akris
Sonya Rykiel

6. Шик-палта
- Одберете пократки должини и модели со колан.
- Шик се палтата чии модели се како мантили.
- Црните се секогаш во мода.

Sonya Rykiel
Gianfranco Ferre

7. Тесно,право, мини фустанче.
Овој модел на фустанче би бил уникатен во вашата гардероба,а и плус универзален - може да се комбинира со се,во секоја пригода.
- Принтови или дезени се добродојдени.

Erden Moralioglu
Preen

Аксесоари:
Што и да бирате,бирајте упадливи аксесоари,по можност од лакирана кожа. Подобро тие да бидат упадливи,отколку вашата облека.

- Ташните се со класични форми.
Слободно експериментирајте и одберете од егзотични кожи(крокодилска,змиска),нека има и додатоци и од крзно,камчиња,пердувчиња...
- Дефинитивно се препорачуваат огромни,големи ташни.
- Четвртастиот облик е формата на ташните за оваа сезона.

Michael Kors
Oscar de La Renta

Обувки:
Се се врти околу високите потпетици.

- Чевлите оваа сезона се со заоблен или тап,четвртаст нос(врв) и нормално - дебела штикла.
Формите им одат со интересно изрежени изрази или едноставно бирајте чевли што изгледаат екстремно софистицирано,па комбинирајте ги со груби,дебели чорапи(никако мрежести) во боја,а и дезенирани се дозволени(ама дебели).

Miu Miu
Peter Som

- Чизмите се исто така со заоблен или четвртаст врв,дебела и средно широка потпетица.
Ниски до глуждот чизми се тотално ин,иако не изостануваат и оние со висина до колено.

Jean Paul Gautier
Louis Vuitton
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Pls something for Man :) Не треба само девојките да се дотеват, ај ако најдите нешто Ангелче, Rich Bitch или кој било за мажи пуштете :smir:
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Значи човек треба да ве дискриминира за да се активирате а :pos:

Па...

Оваа зима машкиот тренд ја застапува спортската елеганција,меѓутоа тука сепак доминира елеганцијата.
Веројатно поради боите и моделите.

Од боите се актуелни оние што се пробаа да се наметнат лани: темно лилава,сива и темно сива,па дури и тегет.


1. Пуловери и елеци на V.
Без разлика на која боја ќе ги одберите и дали ќе ги носите во комбинација со кошула одоздола или не - нема врска. Удобни се и изгледаат убаво во секоја прилика,без разлика дали ги носите со фармерки или пантолони.



2. Универзални сакоа,палта.
Одберете палта или сакоа со неутрални бои и универзални модели кои ќе ви одат со секоја комбинација.Одберете да бидат такви што практично ќе ви служат како јакни. Без разлика дали одбравте да бидете поелегантни или направивте денска спортска комбинација,одат со се. Бирајте беж,темно кафеави,сиви,црни.



3. Риги
Ригите се заштитниот знак на наредната есен-зима.
Носете кошули,џемпери,блузи,маички дезенирани со риги,неутрални се,може и да му даде елегантен и спортски шмек на облеченото.








4. Маички,блузи,кошули со принтови
Тука дозволете вашата креативност да си го прави своето.
Маичките со принтови се практични за секоја прилика или дел од денот.Одбрете мотиви и бои какви сакате.








И за крај,еве ви неколку идеи :pipi:





 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Ахам значи пак ригите се во мода . Супер Ангелче што се потруди :) само незнам оти никој друг од машките не се интересира за модата :)
 

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
ауу шо е ова бе је*ем ти модата, не вас туку онака генерално..
шо е тоа оној белоглавиот, риги... баба не плете веќе такви гоблени..
ја си идам по мое, панталончиња и волнено блузиче, тука таму и некоја дуксерица од ОBJ
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
ауу шо е ова бе је*ем ти модата, не вас туку онака генерално..
шо е тоа оној белоглавиот, риги... баба не плете веќе такви гоблени..
ја си идам по мое, панталончиња и волнено блузиче, тука таму и некоја дуксерица од ОBJ
Те читам...и се думам дали да те бришам или да те опоменам.
Не им е местото на вакви мислења на вакви теми,ако имаш нешто да кажиш - бујрум,ако не поарно ич не постирај.
Темата бара да се дискутира трендот,за кабадајлуци можеш и дома.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
најдов некои преубави чизми кои се дефинитивно ИН оваа сезона
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom