Моден додаток: „Ракавици“ - Од каде можам да ги набавам?

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
- Значи дечкото има мака си бара ракавици и ќеф му е ете да носи такви. Било тоа сега дали е модерно или не. Прашува дали и по која цена ги има, ако знаете во ред, но не мора од мрафка да направите слон. Но вие како и секогаш по секој случај мора да испаднете паметни и да пљукате по некого, во овој случај него... Тоа не е во ред и не е човечки. Мислам дека сум во право!
Е сега за ракавиците не знам, би требало да ги има по градоф и трговските центри СИГУРНО!.:)
Барај... Пред некој месец сум видела црвени, ама забораив каде и во кој бутик :) Да не те лажам...Заедно идеа со едно такво кожно јакниче. Топски!;)
Во право си, ама не си во право за мрафката
 
Член од
24 март 2013
Мислења
64
Поени од реакции
61
Од мрафка правиме слон, како тоа не можеме од блокче чоколатка да направиме 250 грамска Милка?
Бидејќи само таа дарба, Магија, Господ ја всадил во Вас. Од мрафка да направите слонче.
За др не ве бидуе...:eek:
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Бидејќи само таа дарба, Магија, Господ ја всадил во Вас. Од мрафка да направите слонче.
За др не ве бидуе...:eek:
Еј стварно, а тие што сме атеисти, кој ни ја дал таа способност,а?
 

AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
АЛООООООООООООО!!! Навистина неможам да сфатам зошто на сите мои теми се ствараат вакви прашини, узбуни, некои урагани и од една “лесна“ тема, почнува да се коментираат и дебатираат проблемите на општеството и светот, има секакво плукање по одредени маргинализирани социо-заедници, се искажуваат илјадници филозофии... Значи прашањето, а и темата ми е КАДЕ МОЖАМ ДА НАЈДАМ РАКАВИЦИ како во прилогот!!! Друго ништо... толку лесно и едноставно... Доколку толку обожава да се коментира, пцуја и вреѓа нека се отвори посебна тема и таму, колку шо сакате и како шо сакате пишете си и пцуете се.


И за сите оние, шо искоментираа од типот „модерен геј“ и сл. работи, во кои сепак беше содржан зборот „геј“; сакам да ви порачам дека сте толку гнасни, ограничени, хендикепирани, прости... со сигурност тврдам дека освен плукање по она шо вреди и по оној шо го живеј животот, кој вие никогаш ама баш никогаш нема да го имате, не ве бива за ништо друго. Ги жалам личностите, кои еден ден, на жалост, ќе мора да го делат својот живот со вас.


Сакам од овде да ви се обратам со уште едно прашање!! ШТО ПРЕТСТАВУВА ЗА ВАС ВИСТИНСКИ МАЖ И КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ МАЖ?? За да се биде маж, какви што сте вие, значи да се капиме еднаш неделно? Да променуваме облека и веш еднаш неделно?? Да седниме пред телевизор, со нозете качени на маса и смрдливи чорапи, со пиво во раката, да гледаме фудбал и да се дериме како некои дивјации?? Ве молам, баш сакам да ми одговорите!! Не ми е јасно, зошто ако некој сака да се облече по последната мода, сака да биде различен од другите, пази на себе и на својата лична хигиена и изглед, за вас, ДИВЈАЦИТЕ без елементарна култура и воспитание, е ГЕЈ??? Знам дека нема да добијам одговор, бидејќи одговор на веќе поставено прашање можеш да добиеш само од човек, интелигентно живо суштество со способност за говор и мислење! Видете да ви кажам, Светот се менувам веќе сме 21 век, а вие и понатаму продолжете да плукате по секого и како паразити врткајте се наоколу со вашите ОПИНЦИ!!!


И уште еднаш напоменувам - темата е за ракавиците, би бил благодарен за секоја помош!!
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
....

Сакам од овде да ви се обратам со уште едно прашање!! ШТО ПРЕТСТАВУВА ЗА ВАС ВИСТИНСКИ МАЖ И КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ МАЖ?? За да се биде маж, какви што сте вие, значи да се капиме еднаш неделно? Да променуваме облека и веш еднаш неделно?? Да седниме пред телевизор, со нозете качени на маса и смрдливи чорапи, со пиво во раката, да гледаме фудбал и да се дериме како некои дивјации?? Ве молам, баш сакам да ми одговорите!!

...

И уште еднаш напоменувам - темата е за ракавиците, би бил благодарен за секоја помош!!
Сега одлучи се.Сакаш да ти кажат што за нив представува вистински маж и кој е тој или темата е за ракавиците.Реши се зошто вака ептен контрадикторен си.
 

AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
Готрнаведеното јас повеќе би го толкувал како реторичко прашање... Инаку да, темата е за ракавиците... !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom