SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.556
- Поени од реакции
- 278
Александрија Стевковска
Протестите на фармерите завршија кобно за дел од нив. Некои сточари беа „здраво“ натепани од полицијата за да отстапат од својата намера да продолжат да штрајкуваат, а другите, под закана дека и нив ќе ги снајде истото, се повлекоа од првите борбени редови.
Браво, повторно победи власта и правната држава! Во случајов може да и' се симне капа на Владата и да и' се оддаде почест како се справи со протестите. Караманлис може да му носи вода на нашиот премиер Груевски, кој може да му дава совети на својот грчки колега како се решава проблемот со протестите. Во Грција фармерите штрајкуваа повеќе од десетина дена, блокираа патишта, граници и' го отсекоа целиот континентален дел. Се' беше парализирано, но чудо едно што на грчката влада не и' текна дека со употреба на сила може да го ампутира проблемот.
Во Македонија беа блокирани само неколку патни правци, но изгледа и тоа им пречеше на нашите власти, кои очигледно не сакаа светот да види дека и кај нас постои незадоволство, револт, граѓани кои се дрзнаа да го кренат својот глас и да го искажат својот револт по улиците, исто како и млекото со кои се измиваа пред камерите. И полицијата најде да интервенира токму врз тие луѓе кои беа виновни што единствено си го бараа своето - парите за предаденото млеко за трудот и средствата кои ги вложуваа во своите фарми со месеци наназад.
Најдискутабилно е тоа што додека во исто време фармерите сведочеа за ќотекот што им го удри полицијата, премиерот на собраниска седница во неколку наврати негираше дека врз луѓето на барикадите е употребена сила, па испаѓа дека штрајкувачите го измислиле тепањето. Зарем некој може да верува дека фармерите би измислиле приказна за сопствените модринки, направени од пендреците на полицијата.
На власта дури и' пречи и критиката на опозицијата за начинот со справување со блокадите, а не се праша дали доколку беше примената сила за разбивање, на пример, на протестите на неколкутемина од некогашната „Глас на светлина“, како ќе реагираше таа како тогашна опозиција. Тогашните протести беа многу порадикални и со денови го блокираа крвотокот на главниот град, владејачката гарнитура тогаш не се осмели да се закани, а камоли да примени сила врз демонстрантите, кои подоцна на чудесен начин, во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се вработија во државните институции.
Не може Владата да се амнестира од одговорност во случајот со „Сведмилк“ и фармерите. Повеќе од очигледно е дека не држи оправдувањето на Владата дека не сака да се меша во работењето на една приватната компанија и нејзините должничко-доверителски односи, кога истата таа Влада се замеша во работењето на ЕВН, која е исто така приватна компанија и која ја оквалификува како најлоша инвестиција во земјава. На истата таа ЕВН Владата за избивање на два бушона и' праќаше инспекции и се закануваше со одземање на дозволата за работа. А, во случајот со „Сведмилк“, Владата одеднаш не се наоѓа погодена да помогне за да се реши проблемот што оваа млекарница го има со 3.000 кооперанти, а пред две години можеше да се фали дека со нејзините залагања „Сведмилк“ влезе во земјава, како перспективна инвестиција и дека, конечно, решен е проблемот на вишок млеко.
И на крајот, каде е правната држава во случајот кога еден должник јавно признава дека и' должи пари на млекарницата, а со тоа и на фармерите, но ете не ги плаќа, за да не одат и тие јабана, како и другите приливи во млекарницата. Зарем државата нема механизми со кои ќе обезбеди наплата на долгови и ќе ги заштити оние кои во случајот се најпогодени, фармерите, бидејќи тие самите не се осмелуваат да тужат. За тоа немаат ниту пари, ниту пак веруваат дека некој прво нив ќе ги исплати, ако фирмата отиде во стечај. Како и да е, фармерите остануваат измолзени, истепани, и од власта и од банките, и никој не смее да затвора очи пред објективниот проблем на млекарницата која тоне и фармерите кои имаат крави, но не и пари да ги хранат и нив и семејствата.
P.S. Ajde neka kazhe nekoj od DPMNE deka sega nekoj navodno sobira politichki poeni na smetka na mlekarite.
Извор - Утрински
Преродбата продолжува!