Младите и работниците во Македонија - закрепостени селани

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Темата е супер е сега јас нешто да кажам сите муабети што ги правите тука на форумот се контрадикторни

1)пример да речеме дека сте газди дали би му дале на вашиот вработен 1000 евра плата да не работи ништо или да му ја качите платата а фирмата да не остварува приходи .чиста логика

2)обратна ситуација работникот кој работи кај својот газда за 300 евра а овој му ги вади џигерите е незадоволен и не сака да му каже дека работи за џабе и не се жали до инспекција

3)работникот нема муда да се жали кај својот работодавач

4)фирмата нема потенцијал или можност да вработува луѓе и да им нуди добра егзистенција


5)дај да се бапнам во администрација кој ги шиша другите ќе работам јас под притисок ма нема шанси подобро сигурни 15000илјади и да каснам на работа ќе поминам полесно него приватно.


Која опција ќе ја изберете се разбира 5 тата но тоа не значи

1)дека ќе обезбедите подобар живот за вас и семејството
2)со оваа опција ќе ја оштетите и така државата која се задолжува
3)со овој чекор ќе станете лоши луѓе
4)со вакво размислување нема да се вработите во странство лесно

Значи заклучок ако фирмата работи добро и се направи добар договор со стимулација сите ќе имаат пари едниот ќе има повеќе но и работникот ќе има доволно пари и слободно време во текот на работниот ден.

Експлоатација нема да има но работа мора да има тука да си бидеме на чисто ........
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
30
Поени од реакции
6
Абе Маркс добро утро? :)
Биди ти газда и плаќај ги твоите работници 1000 евра, може?

Луѓе со муда го менуваат светот, а не тие што зборат...
Не сум Маркс и уште не помина полноќ за да биде добро уто.
Имам другар кој работи во фирма која остварува неколку милиони евра профит. Просечната плата на работниците во фирмата е 300 евра. Дали газдата ќе остварел толкав профит ако работниците не работеле??? И што ако просечната плата во фирмата била 1000 евра? Ќе изгубел газдата еден милион....
„Луѓе со муда го менуваат светот, а не тие што зборат...“ ХАХАХА....
--- надополнето: 8 август 2012 во 23:57 ---
Ти посакувам некогаш да станеш работодавач и повторно да пишеш вакво нешто :)
Дали е возможно сите луѓе да станат работавачи??????
Јас зборувам за експлоатацијата на работниците а не за тоа што сум јас... Еве и јас можеби сум работодавач.... Јас не зборувам за тоа дали јас би имал корист или не...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
И уште една работа имам приметено но за тоа си се криви самите работодавачи сигурно Леандра не е таков тип на чоек да речеме пример

кога треба да се оди на одмор Газдата оди на Ибица а вработените одат во Грчка и тука пак се јавува некоја си дискриминација значи секогаш ќе има споредба меѓу работникот и работодавачот се додека работникот не стане работодавач и така да се однесува.

Јасен е муабетот човекот секогаш е љубопитен и сака да има повеќе и да биде поуспешен но вистинските вредности на понуда и побарувачка се сосема нешто друго .

На крајот нема работа во Македонија а како ќе има ако сите сакаме да бидеме експлоататори
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
30
Поени од реакции
6
Темата е супер е сега јас нешто да кажам сите муабети што ги правите тука на форумот се контрадикторни...

Значи заклучок ако фирмата работи добро и се направи добар договор со стимулација сите ќе имаат пари едниот ќе има повеќе но и работникот ќе има доволно пари и слободно време во текот на работниот ден.

Експлоатација нема да има но работа мора да има тука да си бидеме на чисто ........
Експлоатација ќе има секогаш и таа секогаш ќе се зголемува исто како што се зголемува апетитот на работодавачот за профит.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Експлоатација ќе има секогаш и таа секогаш ќе се зголемува исто како што се зголемува апетитот на работодавачот за профит.
Да ама ако тоа го нема ќе нема и работа некогаш лошото е добро а доброто е лошо јинг јанг момак
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Да ама ако тоа го нема ќе нема и работа некогаш лошото е добро а доброто е лошо јинг јанг момак
Кое ако го нема, милиони евра профит на работодавецот, а 200 евра плата на работникот?

Убаво кажа Schmeiser Smit погоре, зошто да ти даваат 400 евра кога може 200. Експлоатација имало и ке има!
 
Член од
8 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
9
Епа што ми трубиш погоре за тоа како си сакал позитивна работна атмосфера, дрн, дрн. Кога даваш минималец, минималец и ке очекуваш. Нема што да очекуваш позитивна атмосфера, за 200 евра никој нема со песна и радост да работи и да ти биде лојален.
Кај мене во фирма почетна плата е просечната плата за работното место на пазарот што е далеку над минималецот. А има и некој луѓе кој се подолго во фирмата кој земаат доста над просекот ама се покажеле како добри колеги и ги сакаат клиентите и создаваат позитивна работна атмосвера и затоа се соодветно наградени тие луѓе се битни за фирмата и треба да се задржаат. Позитивна атмосвера се создава од прав избор на луѓе и соодветни работни задачи на секој не му лежи се...Има многу работи кој треба да се погодат. Менаџмент е и наука а дел и умешност и талент.
 

Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
И плата е битна...ама не е се има доста и до карактерот на работникот колку ја сака работата и има желба да напредува во професијата. Платата е некаква мотивација ама ако е единствена подобро ти е да го шутнеш од работа отколку да го чуваш од такви луѓе фајде се нема. Такви работници може целата атмосвера во фирмата да ти ја уништат. Тоа е поентата на тоа. Ако си менаџер треба да ги бираш правите карактери за твојата фирма посебно кога имаш избор. Но, многу зависи од професијата во некој професии има многу голема разлика од работник до работник во некои нема голема разлика кога е во прашање продуктивноста.
Ако си менаџер најдобро е да ги шутнеш сите запослени. Ем за плата тука дошле ем може да заебат нешто. Поарно без нив.
 
Член од
8 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
9
Одлична тема и баш ме радува што има застапувачи на работодавците.

Прво како ја одредуваш цената на трудот? Факт е дека некој физички работник неможе да сработи 2-3 пати повеќе, но како ги доби ти тие 300 евра? Можеби ти треба да му платиш 1000 евра ама ти му плаќаш само 300 и го искористуваш - го експлоатираш.


Во капитализмот:
Еден радотник за еден месец прави (шие) 10 костуми (хипотетички). Работодавачот костумите ги продава по 100 евра еден. За да се произведат костумите потребни се 200 евра за репроматеријали, амортизација, други трошоци (не вклучувајќи ја цената на трудот). Работодавачот се договорил со работникот месечно да му исплаќа 300 евра (серазбира доколку работникот произведе 10 костуми). Значи за работодавачот остануваат 500 евра. Вака се е во ред.
Но „невидливата рака“ на пазарот го прави следново: понудата на костумите се зголемува и нивната цена паѓа од 100 на 50 евра. Работодавачот тогаш не го интересира продуктивноста на работникот туку профитот. Тој нема да се откаже од тие 500 евра кои ги заработувал порано. Поради тоа што трошоците за производство останале исти (200 евра без цената на трудот), работодавачот ќе му ја намали платата на работникот на 200 евра за да му останат него 100. Каде е во тој случај продуктивноста???
Од друга страна факт е дека парите се најголем стимуланс за подобро и поквалитетно работење и затоа парите се „лоши“.
Денес работниците работат за да живеат....КАТАСТРОФА!!!
Јас не ја одредувам цената пазарот ја одредува цената на трудот. Инаку многу е тешко да ја намалиш платата на работникот попрво ќе треба да ја затвориш фирмата и отпуштиш работниците ако немаш профит. Ако толку си заглавен и мораш да намалуваш плати доста веројатно или работниците да си одат или и онака фирмата да пропадне...А тие што ќе опстанат бидејќи некако успеале да одржат профит можеби ќе имаат поефтина работна сила ако имало големи отпушања. Тоа обично се случува во рецесија. Не работам во цикличен сектор така да ова баш и не ме засега. Инаку во крајот на 90тите ми се отворија многу конкурентски фирми во околината и профитот падна и тоа доста...ама сепак се исплатеше но за некоја година сите други пропадна очигледно на нив уште полошо им одел бизнисот и профитот пак се врати на старото ниво...конкуренција работи...
--- надополнето: 9 август 2012 во 00:48 ---
Ако си менаџер најдобро е да ги шутнеш сите запослени. Ем за плата тука дошле ем може да заебат нешто. Поарно без нив.
Ако измислат и такви роботи...можеби
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
30
Поени од реакции
6
Јас не ја одредувам цената пазарот ја одредува цената на трудот. Инаку многу е тешко да ја намалиш платата на работникот попрво ќе треба да ја затвориш фирмата и отпуштиш работниците ако немаш профит. А тие што ќе опстанат бидејќи некако успеале да одржат профит можеби ќе имаат поефтина работна сила ако имало големи отпушања. Тоа обично се случува во рецесија. Инаку во 90тите ми се отворија многу конкурентски фирми во околината и профитот падна и тоа доста...ама сепак се исплатеше но за некоја година сите други пропадна очигледно на нив уште полошо им одел бизнисот и профитот пак се врати на старото ниво...конкуренција работи...
Ај сега пазарот ја одредува... Самиот кажа дека ти му ја одредуваш платата на работниците а не пазарот...
Кај мене во фирма почетна плата е просечната плата за работното место на пазарот што е далеку над минималецот.
Во Македонија неможе пазарот да ја одредува цената на трудот од причина што имаме 30 % невработеност.
Кога еден работник во Македонија ќе заработи доволно пари за да си купи куќа????????
Чекам одговор.
 
Член од
8 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
9
Ај сега пазарот ја одредува... Самиот кажа дека ти му ја одредуваш платата на работниците а не пазарот...

Во Македонија неможе пазарот да ја одредува цената на трудот од причина што имаме 30 % невработеност.
Кога еден работник во Македонија ќе заработи доволно пари за да си купи куќа????????
Чекам одговор.
Отварам оглас, луѓе се јавуваат и им нудам просечна пазарна цена тоа е тоа. Функционира, просто е.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Нема работа, затоа не им давале плати...кој го пиша ова поназад не знам, се надевам ова е кажано као шала затоа што ако не е способен да исплати плати, награди и сатници...тогаш треба да ја затвори фирмата и да се вработи негде. Фирми работат и кешираат турбо, не е дека немаат пари.
Првин е без везе зашто не се плаќа сатница него месечна плата од ѓутуре.
У ствари газдите треба да им кажат фала на сите досегашни влади за скоро целосната затвореност на државата, за огромниот број невработени и нефункционирањето на синдикатите и било која организација која ќе ги заштити работниците.
А мотивацијата доаѓа од парите, а не од љубов кон науката или системот, но ако со темава треба да измислиме топла вода...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ај сега пазарот ја одредува... Самиот кажа дека ти му ја одредуваш платата на работниците а не пазарот...

Во Македонија неможе пазарот да ја одредува цената на трудот од причина што имаме 30 % невработеност.
Кога еден работник во Македонија ќе заработи доволно пари за да си купи куќа????????
Чекам одговор.
...никогаш, а веројатно, ни тогаш.... проблемот е малку покомплициран и тешко се објаснува парадоксот на непримерно големиот број станови кои се градат, по цена како да се во Монако..
Инаку факт е дека во услови на непостоење на нормална држава, непостоење на вистински синдикати, голем простаклук на народ и никакво образование, едни копуци кои заради некоја игра на случајот глумат капиталисти, на други копуци кои се ептен глупи да ни тоа неможат да го прават, им продаваат робовладетелство завиткано у капиталистичка обланда.
На жалост веќе работно активни стануваат генерациите родени во тој квазикапитализам , образувани на ФОН/Бојо/идими-дојдими и други такви школиии.
Од друга страна,каде да е... и последните нормално образувани, со искуство стекнато во нормални работни услови, културни луѓе, заради законите на природата...изумрат..., па полека-полека ќе се заборави дека имало и подобро.
И нема да има вакви испади..како твојов и на некои други овде.
А се ова не е појава карактеристична само за нас во Македонија.
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Во мојот пример, работам зошто ја сакам баш оваа работа, уште од мал сум сакал да бидам инженер во сектор како истражување и развој во автомобилска индустрија. Платата не е тоа што ме мотивира (не сум во Скопје, формулата е: Плата во Скопје - трошоци за стан и превоз = под 300 евра), ама сепак останувам овде иако знам дека на запад во Франција на пример за потполно иста работа земаат токлу пари на час во Рено. Ама во Рено не се влегува без работно искуство од барем 5 години, во кои 5 години морам да прифатам да работам вака...
Е тоа е моментот на некој вид на експлоатација, знаат дека знаеме за подобрите услови во странство за оваа работа, знаат за поголемата плата во Скопје ама на крај исто ти се фаќа поради формулата погоре, а сепак знаат и дека нема каде да одиш во тие барем 3-4-5 години.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И уште една работа имам приметено но за тоа си се криви самите работодавачи сигурно Леандра не е таков тип на чоек да речеме пример

кога треба да се оди на одмор Газдата оди на Ибица а вработените одат во Грчка и тука пак се јавува некоја си дискриминација значи секогаш ќе има споредба меѓу работникот и работодавачот се додека работникот не стане работодавач и така да се однесува.

Јасен е муабетот човекот секогаш е љубопитен и сака да има повеќе и да биде поуспешен но вистинските вредности на понуда и побарувачка се сосема нешто друго .

На крајот нема работа во Македонија а како ќе има ако сите сакаме да бидеме експлоататори
А јас па друга работа имам приметено, работникот се мери со газдата. Ако бил толку паметен работникот и имал муда ќе си разботел за себе. Е сега газдава оди на Ибица, а работникот го гледа како крвник, јас тоа не го разбирам. Секако дека газдата зема повеќе од работникот, ама и на работникот баш и не му е гајле дали има склучено нови договори, дали има пари на сметка, дали газдава наплатил, дали добил на суд...значи го интересира плата на 5ти и крај. Ем му обезбедуваш се, ем се рамни со тебе, незнам каква психологија е тоа. Неможе работникот да очекува примање како на газдата, бидејќи нема ни толкав ризик ни толку голема одговорност. Ако толку сака на Ибица, нека си отвори своја фирма и нека си заработи. Едноставно е. А не нема муда ни за инвестиција, а очекува милион евра, пари од небо не паѓаат.
Јас знам дека се мизерни платите, ретко некој да зема 300 евра. Знам дека треба да се покачат и дека се гази на достоинство. На првото работно место работев за 4000ден, а на второто за 6000 почетна, значи знам како е. Но пазарот на труд функционира на основа понуда и побарувачка како и секој пазар. Додека не се намали невработеноста и да немаш кој да го вработиш ќе бидат такви платите. Значи се е до економијата. После да видам некој да им работи за 100 евра.
Значи кривицата не е во фирмите, него во целокупниот систем и економија. Намали ја невработеноста под 5% ќе видиш како платите летаат нагоре, оти нема кој да им работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom