кога бев млад, и се учев да возам стариот купи фијат 132... збориме за пред 17-18 години... одличен, беше... ама беше цел месец и исчезна од пред куќа... никад не го најдовме... после неполни 10 години мене ми дрпнаа фичо од пред зграда во аеродром, бев на гости... пандурите ми викаат пополни записник со податоци и ќе видиме, а друг ми вика, да земам по паркинзите да барам... и го најдов во ново лисиче кај биси згнетено целото... типот (наркоманче А класа) што го украл, не знаел дека кочницата на друкање му работи и на вртење во кривина измавал 3 коли... за бељата да му биде поголема ги исчукал колите на комшиите во зградата кај што живее
ем си го оправив фичото, ем пари земав, ем ќотек му тргнав...:pos2: