Ми треба совет во врска со продажба на автомобил

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Луѓе, ми треба совет или ако некој си имал проблем па да ми каже шо да правам.
Дедо ми купи автомобил од еден од Скопје (кој е полношошник и има право да ја продава)
Е сега има проблем, сообраќајната и бројот на шасијата се разликуват само во 1 број, последниот, се друго е исто и во ред.
Оној од скопје продавачкот си ги бара таблиците за да го одјави автомобилот, а не сака да се меша со овој проблем шо го имаме со бројот бидејќи сеа не можеме да го регестирраме на наше име.
Дали знае некој како може ова да се реши, дали треба во скопје во МВР (кај мтв било негде) да се оди, или кај шо е колата регистрирана (пише МВР сарај)?
Ако знае некој нека кажува.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Кога се купува кола се оди со искусен човек и прво се гледаат броевите на мотор па споредуваат со тие на сообраќајната а потоа останатото.
Исто така не се купува кола со полномошно а која претходниот купувач не ја превел на негово име бидејќи го имал истиот проблем.
Ви останува и вие да ја препродадете да извадите некој дел од парите во спротивно ќе ја продавате на делови.
Ви се виде евтина кола па ајде да ја купиме.
Памет за друг пат
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Луѓе, ми треба совет или ако некој си имал проблем па да ми каже шо да правам.
Дедо ми купи автомобил од еден од Скопје (кој е полношошник и има право да ја продава)
Е сега има проблем, сообраќајната и бројот на шасијата се разликуват само во 1 број, последниот, се друго е исто и во ред.
Оној од скопје продавачкот си ги бара таблиците за да го одјави автомобилот, а не сака да се меша со овој проблем шо го имаме со бројот бидејќи сеа не можеме да го регестирраме на наше име.
Дали знае некој како може ова да се реши, дали треба во скопје во МВР (кај мтв било негде) да се оди, или кај шо е колата регистрирана (пише МВР сарај)?
Ако знае некој нека кажува.
Значи ве насамариле на велико..Колку пари ја плативте колата ако не е тајна?Чим се разликуваат ништо од таа кола..Од Сарај теле не се купува,не па кола..Мада од искуство и јас не ги гледав броевите на моторот и на шасијата кога ја купував,али кај мене испадна се како што треба..Со среќа понатаму.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Работата е во едно бројче, место 992 во дозволата пишува 991, и колата е двапати регестрирана така со 991 без да се погледне шасијата. Ни рекоа од кај нас кај шо регестрират во МВР да сме отишле таму да ни поправат.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Работата е во едно бројче, место 992 во дозволата пишува 991, и колата е двапати регестрирана така со 991 без да се погледне шасијата. Ни рекоа од кај нас кај шо регестрират во МВР да сме отишле таму да ни поправат.
Што документи освен сообраќајна имаш од колата да провериш да видиш каде е грешката.

По правило треба да ги имаш сите документи ако колата е увезена

А порано препродажба на возило со полномошно беше казниво.
 
Член од
25 ноември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
1
Работата е во едно бројче, место 992 во дозволата пишува 991, и колата е двапати регестрирана така со 991 без да се погледне шасијата. Ни рекоа од кај нас кај шо регестрират во МВР да сме отишле таму да ни поправат.


Здраво Gordon. Јас го имав истиот проблем како твојот а можам да кажам и поголем. Лани зедов кола исто од Скопје, го проверивме бројот "набрзина а требаше подетално :)" на сообраќајната, на шофершајбната и под хаубата. Проблемот го видовме во станицата кај МТВ кога ги одјавувавме старите таблици, во сообраќајната имаше еден број повеќе одколку бројот на колата. По еден час проверка по компјутери службите констатираа дека грешката е направена поодамна кога му била издавана сообракајната на лицето од коешто го купив автомобилот, му внеле еден број повеќе во сообраќајната. Во забелешка на старата сообраќајна напишаа дека треба да се смени VIN бројот и ме упатија во АМСМ по нови таблички. Кога таму ноооов проблем :). Ми направија нова сообраќајна на мое име го исправија VIN бројот, но при повторна проверка на броевите излезе дека на шофершајбната и под хаубата броевите се ОК а на едно "скришно" место неколку последни бројки не се познавале поради рѓа. Од таму поднесовме барање до крим техника за вештачење на колата. Ја возев колата додека беше регистрирана и потоа ја паркирав во гаража, чекав чекав и чекав ........ и по 3 месеци ми се јавија да ја носам колата на вештачење. По детална контрола, сликање, чепкање по колата дојдоа до заклучок дека се е во ред и нема ништо нелегално. Е сега чекам официјален документ од полиција со кој треба да одам на прекуцување на нов VIN број, а чекањето трае веќе 2 месеци.

Се извинувам поради подолгиот текст но се надевам дека ова ке биде поука за другите да внимаваат. Ке ми биде мило ако при купување на автомобил ви текне на овој текст и повеќе ќе внимавате :).

Поздрав до сите
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Се тоа поради неписмени шупци што работат на такви места
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Се тоа поради неписмени шупци што работат на такви места
Грешката е во купецот..Ако ја проверил навреме секаде каде што треба,сега нема половина година колата да му скапува во гаража..
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Грешката беше во МВР. Колата претходно е 2 пати регестрирана со тој број, и после проверија во архива и на крај поправија во забелешка под датите за регистрација, и колата е сега преведена и регистирана на наше име.
Така да темава може да оди во канта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom