Здраво, ја отворам оваа тема, незнам дали ја ставив на право место, но имам еден прилично тежок личен проблем, и едвај се нафатив да земам да напишам овде и да побарам помош. : )
Значи вака, се преселив да живеам во Штип пред година и нешто со девојка ми со која што одевме 5 години, од пред 1 месец веќе не сме заедно, и со неа ми отиде речиси целиот социјален живот. Сам живеам, имам 4-5 пријателчиња во Штип, но е премногу мала бројка на луѓе. Другите со кои се дружевме, веќе неможам со тие луѓе роднини и слично нејни бидејќи не сме заедно.
По природа сум интроверт, и малку срамежлив затоа и незнам премногу луѓе. Од пред 2-3 недели се одлучив дека ќе станам многу повеќе несрамежлив и екстровертен. Од пред 3 недели речиси секоја вечер излегувам по надвор и имам цел да запознаам барем по една личност. И до сега прилично добро ми оди, во последниве 3 недели мислам дека целосно се променив, станав многу поотворен, 10000 пати полесно ми идат разговори и слично...
Но сепак прилично споро ми оди процесот, бидејќи со некои луѓе ќе се погодиме подобро, се спријателиме малце, ќе размениме фејсбук инста и слично, но за почеток така само ги запознавам луѓево и оставам да ме контактираат тие за следна средба доколку сакаат да се дружат.
Знам многу развлечувам со објавата. Од кога не сум со девојката, и практично немам баш пријатели, се чустувам премногу изолирано и осамен.
Моето прашање и молба е, доколку на овој форум има некои океј ликови, коишто би сакале да се спријателиме, тоа би било одлично. Секоја поддршка на било каков начин би била многу добра.
кратко за мене, 26 години сум моментално,
фин младиќ.
си работам фриленс работа од дома преку компјутер со јазици и пишување и слично,
обожавам разни врсти музика, филмови. Одам на теретана речиси секој ден и вежбам. : ) Дете на место, одличен другар. : )
Многу ми е глупо само што го пишувам ова, но изолираноста што ја чувстувам моментално е полошо чувство.

Последно уредено: