Ми треба помош, во Штип!

Член од
16 јуни 2009
Мислења
91
Поени од реакции
62
Здраво, ја отворам оваа тема, незнам дали ја ставив на право место, но имам еден прилично тежок личен проблем, и едвај се нафатив да земам да напишам овде и да побарам помош. : )

Значи вака, се преселив да живеам во Штип пред година и нешто со девојка ми со која што одевме 5 години, од пред 1 месец веќе не сме заедно, и со неа ми отиде речиси целиот социјален живот. Сам живеам, имам 4-5 пријателчиња во Штип, но е премногу мала бројка на луѓе. Другите со кои се дружевме, веќе неможам со тие луѓе роднини и слично нејни бидејќи не сме заедно.

По природа сум интроверт, и малку срамежлив затоа и незнам премногу луѓе. Од пред 2-3 недели се одлучив дека ќе станам многу повеќе несрамежлив и екстровертен. Од пред 3 недели речиси секоја вечер излегувам по надвор и имам цел да запознаам барем по една личност. И до сега прилично добро ми оди, во последниве 3 недели мислам дека целосно се променив, станав многу поотворен, 10000 пати полесно ми идат разговори и слично...

Но сепак прилично споро ми оди процесот, бидејќи со некои луѓе ќе се погодиме подобро, се спријателиме малце, ќе размениме фејсбук инста и слично, но за почеток така само ги запознавам луѓево и оставам да ме контактираат тие за следна средба доколку сакаат да се дружат. :)

Знам многу развлечувам со објавата. Од кога не сум со девојката, и практично немам баш пријатели, се чустувам премногу изолирано и осамен.

Моето прашање и молба е, доколку на овој форум има некои океј ликови, коишто би сакале да се спријателиме, тоа би било одлично. Секоја поддршка на било каков начин би била многу добра.

кратко за мене, 26 години сум моментално,
фин младиќ.
си работам фриленс работа од дома преку компјутер со јазици и пишување и слично,
обожавам разни врсти музика, филмови. Одам на теретана речиси секој ден и вежбам. : ) Дете на место, одличен другар. : )

Многу ми е глупо само што го пишувам ова, но изолираноста што ја чувстувам моментално е полошо чувство.
 
Последно уредено:
Член од
14 јули 2017
Мислења
167
Поени од реакции
132
Братче, исто се осеќав пред некое време, иста ситуација.

Во депресија си, ќе ти помине со тек на време, у меѓувреме излези надвор, запознавај се со луѓе
 
K

kicodarker

Гостин
Најголем нокаут ти е кога после длабока врска се ограничуваш само на девојките, губиш општи контакти излегување и сега сакаш нагло да го повратиш социјалниот живот што си го изгубил со врската. Ама и млад си ќе најдиш нова девојка и ќе си тераш по старо.

Screenshot_1.png
 
S

staycalm

Гостин
Според мене не ти треба голем број на пријатели за да имаш добар/социјален живот. Доволни ти се неколку доволно блиски со кои можеш да споделиш се', да имаш муабет за било што и секако да имаш социјален живот. Да, убаво е да шириш познанства, муабетот ми е да не се разочаруваш и да немаш огромен број на пријатели, не значи бројката секогаш дека ќе ти е убаво. Доколку имаш теми за кои би сакал да разговараш слободно пиши ми ПП, знам како е да се чувствуваш осамен, а и поминав депресивна фаза од животот прилично на мала возраст, најважно во тие моменти е да не си целосно сам и да имаш бар некој на кој можеш да се искажеш и кој ќе (се обиде да)те разбере.
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
Братче, исто се осеќав пред некое време, иста ситуација.

Во депресија си, ќе ти помине со тек на време, у меѓувреме излези надвор, запознавај се со луѓе
Se slagam so komentarot. Vo ista situacija sum i jas, samo sto ne smeniv grad tuku drzava, no so tek na vreme ke se sredis
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.899
Поени од реакции
17.543
Па најголем проблем ти е тоа што работиш од дома и не ножеш да запознаваш повеќе луѓе.Си немал можност да запознаваш луѓе зошто си имал 25 кога си се преселил а си работел од дома.Најлесен начин да си влезеш во друштво е да си фатиш нова женска или со еден од тие 4-5 пријатели кои ги знаеш да се дружиш поинтезивно секој ден и да влезеш во негово друштво.Постар си од мене 7-8 години инаку би можеле да подружиме ама пак не би ти бил многу од корист зошто за некоја недела ќе заминам од Штип на подолг период па и тоа не ти оди во корист.Ако си комуникативен и интересн лик почни интезивно да испаѓаш по кафичите и сам да си ќе се здружиш за кратко време со келнерите и шанкерите и ќе имаш место каде што ќе бидеш прифатен.Ама според мене најубаво да си запознаеш некое девојче и да си се дружиш со неа.Убаво ти кажале погоре си требал за таа една година тука да запознаеш некои луѓе шо ќе се здружиш повеќе и да си направел твој круг на пријатели.Се надевам ќе се снајдеш.
 
Член од
16 јуни 2009
Мислења
91
Поени од реакции
62
Фала дечки на коментари одлични убави. : ) Да, добро терам сеа за сеа, првата недела седев повеќе дома и депресија некоја маваше, помина тоа, сега одлично иде со запознавање на луѓе, само за да станеш близок со некои треба подолго време дружење(привремена осаменост помеѓу луѓе, го сватив тоа сега : ) ) . Имам тројца со кои се зближив така повеќе во последната година, од кои двајца ќе си заминат од државава :D Не запознав повеќе од тоа луѓе така да се здружам, пошто не бев премногу социјален...

Туку, во право сте, во последната година, ептен она фамилијарен живот почнав да живеам, и да си терам други обврски, и кога заврши сега тоа, е онака, шит, немам искочено во диско, журки, и слични настани долго време, и ритам на излгање, флерт и слично... али за брзо почнува да се враќа сингл мозокот, сите рутини, потези, се враќаат... како возење точак, малку страшно додека почнеш али секако интересно. : )

Повеќе по кафичи, пабови, теретани, маркети, на сред улица, кај шо нема гласна музика ми одговара сам да искачам и нову луѓе да запознавам... некои совети за погласни места(пример ноќни клубови)? Кога идам во дискотека, ноќен клуб, немам појма шо да правам, и порано никад не сум бил премногу по такви места. Претходната недела излегов сам во дискотека, околу 2ипол, не беше ни многу полно внатре, постојав 10 минути, ме викнаа 4 девојчиња, викаат, дојди со нас да не стоиш сам, well hello there.

Според мене не ти треба голем број на пријатели за да имаш добар/социјален живот. Доволни ти се неколку доволно блиски со кои можеш да споделиш се', да имаш муабет за било што и секако да имаш социјален живот. Да, убаво е да шириш познанства, муабетот ми е да не се разочаруваш и да немаш огромен број на пријатели, не значи бројката секогаш дека ќе ти е убаво. Доколку имаш теми за кои би сакал да разговараш слободно пиши ми ПП, знам како е да се чувствуваш осамен, а и поминав депресивна фаза од животот прилично на мала возраст, најважно во тие моменти е да не си целосно сам и да имаш бар некој на кој можеш да се искажеш и кој ќе (се обиде да)те разбере.
@staycalm да се согласувам, така си терав и во претходните градови кај што живеев, и сеуште си имам ептен блиски пријатели, туку, сега сакам да имам многу луѓенца, затоа што огромен дел од пријатели, другари, другарки се селат од државава наша или чуваат деца и се полни со еден куп обврски, и голем број се одлучуваат да си заминат, подобро е во ваква држава да имаш повеќе луѓе поради таа причина што во било кој момент може да си замине некој. :)

А од друга страна пак, не ни сакам премногу да се спријателувам со премногу луѓе, бидејќи од градот од кај што доаѓам, немам живеано од кога завршив средно, во СК на факултет, потоа малце назад едно 2 години, по странство некое време, периоди, и по други места, и иако во мојот роден град немам живеано таму долго време, и додека бев таму, прилично low profile, не се трудев воопшто да се изложувам пред луѓето, ќе се случи од време на време, да искочи некој муабет сосем неповрзан за мене од лик којшто никад не сум го ни видел, ниту сум слушнал за тој лик.... како се случува ова ми е мистерија... Тоа ми е една од фобиите од луѓе... и едно е што им кажуваш, друго е што слушаат, и сосем трето е што разбираат....

И зашто луѓево едвај чекаат да утнеш нешто... си тераш свој бизнис, своја работа си гледаш, градеш интегритет со години... најмала грешка да направиш, се пуштаат секакви муабети и глупости... затоа сам обожавам да си работам, без луѓе околу мене, без газди над глава, и можам секоја глупост да си ја направам во работата, и да си ја поправам, и никој освен тие што треба нема да знае. : ) А така и најубаво се учи, од глупости... што сакам да кажам е дека многу сакам да експериментирам со разни ствари општо... еве пример за запознавање луѓе, ми стана удобно и нормално сега да си искочам сам(претходно ми беше глупо, сега ми е баш убаво и ослободувачко чувство), некогаш ќе си направам муабет со некој, некогаш ќе си испијам чајот, нема многу пријатни за разговор да ми изгледаат околните луѓе и ќе си заминам, и сеа ете така што ме гледаат сам речиси секоја вечер... којзнае шо би си помислиле луѓево, и каков муабет можат да извадат... во куќава кај што седам под кирија, комшии прашувале во маркетот во близина еден познаник, зошто ми светела сијалицата во собата ноќно време...... КАКО МОЖЕ ДА Е СИЈАЛИЦАТА ВО МОЈАТА СОБА КОЈА ШТО СВЕТИ НОЌНО ВРЕМЕ ТЕМА НА МУАБЕТ! Кога го слушнав тоа, не ми се веруваше... од познаникот побарав да ми го повтори уште 2-3 пати... Многу од овие работи ми се нејасни... некој од тука ако може нека ми објасни како функционира тоа, како може да се толку загрижени за ебана факинг сијалица... а со тие комшии си немаме ни здраво кажано...

Се се распишав тука јас.... ама убаво ми е така да си направам на рандом место "ranting"
 
Член од
2 август 2022
Мислења
192
Поени од реакции
119
Денес кој ќе настапува на Питијадата и до колку саат трае настанот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom