Мислење За Оџак

Дискусија во форумот 'Архитектура, дизајн и уредување' започната од Flatter, 3 мај 2018.

  1. Flatter

    Flatter Порноглава

    Член од:
    19 септември 2015
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    201
    Здраво,

    Би сакал да слушнам мислење и совет од поискусни луѓе за бутање оџак на први спрат(приземје) во зграда.

    Значи оџакот е поставен на многу незгодна позиција веднаш при влезот на вратата во дневната соба. Започнав со припреми да го избутам а на самиот врв(таванот) да поставам розетна за влез на ќумците од каминот.

    Па пред да започнам со самиот процес би сакал да слушнам мислење од поискусни луѓе.

    Фала ви однапред,
    Поздрав.
     
  2. ShakaZulu

    ShakaZulu " Тој Сум Бре "

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    2.921
    Допаѓања:
    3.040
    А оџакот слегува долу во визби/гаража со отвор за чистење или не мора да има отвор може само да оди до темелите на зградата и од таму да почнува.
    Мое мислење немој ни да си пробал да турниш оџак, тоа ти е како да туркаш носечки столб на зграда, цела тежина од сите делови од оџаците нагоре иди на твојот и продолжува до темелите на зградата...
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Flatter

    Flatter Порноглава

    Член од:
    19 септември 2015
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    201
    Зградата е стара долу има подруми и таму слегува со отвор за чистење. Поради тоа што зградата е стара многу ретко е чистен и никој не обрнува внимание(еднаш во 5 години дали и се чисте...) Внатрешниот дел на оџакот е од тие старите со димензија 30/35cm дебелина\ширина.

    Во зградата има 2 оџака и поради тоа што е релативна стара едниот оџак е веќе и распаднат како што дознав. Зградата е на 5 ката, од тие 5 ката само еден и јас вклучувајќи сме на дрва.
     
  4. ShakaZulu

    ShakaZulu " Тој Сум Бре "

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    2.921
    Допаѓања:
    3.040
    И ти со сиот ум сакаш да турниш нешто што почнува од темел и продолжува 5 спратови нагоре? Оџакот е граден башка, тој само со малтер се држи до околните ѕидови, не е врзан ни во плоча ни никаде, цела таа тежина од горе ако случајно го турниш сега и одделиш од темелот еден ден че ти ги донеси сите цигли во дневна соба...

    Друго нешто, ти на први, гориш на дрва и не си го чистиш оџакот... „браво“...
     
    На Јаневски и krkac им се допаѓа ова.
  5. Goxyto

    Goxyto #FinoAllaFine

    Член од:
    31 јануари 2010
    Мислења:
    2.592
    Допаѓања:
    2.533
    Здраво

    У старата куќа имавме оџак кој нѝ прави голем проблем па моравме цела куќа да бутнеме ама тоа секако беше.планот и на истото место се направи нешто по корисно.

    Надевам се бев у помош.
     
  6. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.689
    Допаѓања:
    8.171
    Оџакот не е само твој туку заеднички и ти не можеш да правиш егзибиции како што ќе ти текне.
     
    На krkac и Јаневски им се допаѓа ова.
  7. Flatter

    Flatter Порноглава

    Член од:
    19 септември 2015
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    201
    Ти ли ќе ми кажеш дали јас можам или не ?

    Убаво поставив прашање ако имаш искуство со вакво нешто кажи ако не, не ми се прави паметен.
     
  8. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.689
    Допаѓања:
    8.171
    Турни го, па ќе видиш после некој над тебе кога ќе гори сите црнила кај тебе во соба ќе се спуштат
     
  9. ShakaZulu

    ShakaZulu " Тој Сум Бре "

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    2.921
    Допаѓања:
    3.040
    Види, теоретски ти можиш да правиш што сакаш НО за твое добро е да не си играш мајтап со умот и да оставиш како некој што го изградил. Ризикуваш срушување, ризикуваш поврни саѓи/чад, ризикуваш штета од илјадници денари ако не и пожар, точно дека станот е твој и може да правиш што сакаш но имај на ум дека има 4 над тебе кои зависат од твојата одлука да си играш со конструкцијата на зградата.

    Крај краева прави што сакаш само немој по некое време да се појави молба за донации за зграда чии станови изгореле или биле страшно оштетени од запален оџак...
     
    На krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Flatter

    Flatter Порноглава

    Член од:
    19 септември 2015
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    201
    Во ред фала ви многу на мислењата. Јас сепак размислив и се одлучив да избутам и оџакот и сите столбови затоа што се ми смета .
     
  11. zelenko

    zelenko

    Член од:
    6 февруари 2010
    Мислења:
    777
    Допаѓања:
    736
    Ај да не отварам нова тема. Здграда од 7 ката во ново лисиче 90% се на парно, остатокот се грее на клими како и јас.
    Имам оџак кој е како чир измеѓу. Не сум сигурен дали лежи на плоча или само има дупка во плочата а самите цигли лежат на плочата.
    Јас сум на приземје, под мене нема кој да се грее. Би го оставил отворот за утре не дај боже да не притреба и би ставил аспиратор горе на плафонот. Ќе ја ебам работата или не?
    [​IMG][​IMG]

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
  12. Flatter

    Flatter Порноглава

    Член од:
    19 септември 2015
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    201
    Зависи како е градена зградата и со што материјали, мораш самиот зид да го чукнеш да видеш од што е изграден ако е од црвени блокови тогаш би можело. Или ако веќе имаш комшии кој што имат реновирано да ги прашаш нив.

    Јас оџакот го избутав сега уште ми останува да го закрпам и средам. И на крајот уште ми останува еден носач кој што е премногу спуштен да го израмнам со останатите носачи па ќе видам што можам да направам.


    Инаку пошто јас сум Програмер, Дизајнер а воедно и имам желба и знаење од Архиктура и по малку Градежништво самиот си го дизајнирав планот.
     

    Прикачени податотеки:

    • 123hz.jpg
      123hz.jpg
      Големина:
      172,9 KB
      Прегледи:
      15
    • nosac.jpg
      nosac.jpg
      Големина:
      110,5 KB
      Прегледи:
      15
    • plan_skica91.png
      plan_skica91.png
      Големина:
      1.010,4 KB
      Прегледи:
      14
    Последно уредено: 8 јуни 2018
    На zelenko му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: