Treba site da se obeninime po celiot svet kaj so ima makedonci i da ne im popustame na grcite deneska citam na
www.dnevnik.com.mk :
Грција нуди пари и визи ако попуштиме за името
рција очекува спорот за името да се реши по изборите, а во меѓувреме и' нуди поддршка на Македонија ако се откаже од својот став. Во интервју за грчкиот весник „Апогевматини“, шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани вели дека Атина ќе ја зголеми паричната поддршка за северниот сосед и ќе почне постепено да го укинува визниот режим ако Скопје се откаже од „тврдоглавиот став за името“.Атина ќе издвои 75 милиони евра за изградба на патната инфраструктура од Коридорот 10 што ја поврзува соседната земја со Грција и со ЕУ, ќе инвестира во бизниси и постепено ќе ги укине визите - вели Бакојани.Парите што би биле наменети за оваа цел се од пакетот предвиден со грчкиот план за реконструкција на Балканот. Според Бакојани, изградбата на инфраструктурата на Коридорот 10 ќе го „спаси“ Скопје од изолација и ќе го поврзе со Грција и со ЕУ. Овој финансиски пакет се однесува и за финансирање и кофинансирање мали бизниси со што ќе се отвореле нови работни места. Додека Бакојани најавува парична поддршка, грчките сточари за почетокот на следната недела најавуваат масовни демонстрации против увозот на јагнешко месо од Македонија. Демонстрациите што ќе се одржат денеска и утре се продолжение на протестот на сточарите од саботата попладнето, кога симболично ја затворија границата со Македонија.
Nemaat so sto drugo da napravat pa sega kje ne kupuvaat SRAMOTA!