Оф леле мајко абе ти се читаш шо пишуваш или лани заврши прво одделение па не ти се јасни поимите и зборовите кои ги користиш само ако немај гајле има време ќе научиш имам еден предлог за тебе рече дека си живеел блиску до тутунски ко ќе стасаш за средно запиши се гимназија секако ти е многу блиску во прво тромесечие ќе имаш по математика една важна тема се вика математичка логика па добро посвети се на таа дисциплина за да го разбудиш мозокот оти вака само се глупираш на теми што не ги разбираш а засега овде си имаш цели форуми и подфоруми преинтересни теми за деца забавувај се таму запознавај другарчиња а овде се сериозни работиве значи тоа е моја препорака за тебе па ти како сакаш така прави толку од мене се најдобро и среќна нова година само уште можам да ти посакам . . .
А што ако ти разбереш дека твојот газда ја намалил твојата плата, а неговата фирма со тоа само си зголемила профит, т.е. ако сфатиш дека светската економска криза била само негов изговор а всушност на неговата фирма и оди многу добро? На пример. Дали нема да се побуниш?
Проблемот со тутунарите не е во светската економска криза. Тоа апсолутно никој досега не го рекол, ниеден - ни трговец, ни власт, ни тутунар. Овде не станува збор за плата. Овде станува збор за вредност на стока. Таа вредност лани е ценела на еден начин, годинава на друг начин. Важеле различни критериуми. Тоа ја снижи годинашната цена на тутунот на откупните пунктови за голем процент. А во меѓувреме светската цена на ориенталниот тутун, кој е најскап во светот, е иста со лани, ако не и поголема. За ваквите разлики меѓу ланската и годинашната цена не е виновна никаква светска криза, туку виновна е алчноста на тутунските профитери. Власта е на удар бидејќи не сака да го уреди пазарот како што направи ланската сезона. А зошто не сака е тоа може да се размисли и прочита има повеќе верзии и коментари на темата, читај си слободно ако те интересира.
А тоа дека оваа Влада стори убедливо најмногу за тутунарите од сите претходни во Македонската транзиција тоа е чист и непобитен факт. Но требаше и да обезбеди континуитет на позитивната стратегија во овој сектор. Вака секому му е јасно дека повторно се дозволува потценување на тутунарскиот труд за мафио-профитерски цели.