Мизар - еден од најдобрите македонски бендови!
Мизар (збор кој на арапаски ја означува ѕвездата водилка која на патниците им помага да не се загубат во пустината) е формиран во 1983 во Скопје, во состав: Горазд Чаповски (гитара), Ристо Вртев (вокал), Илија Стојановски (бас) и Панта Џамбазовски (тапани). Во 1985 на местото на Ристо Вртев, како пеач доаѓа Горан Таневски, а како клавијатурист Слободан Стојановски. Истата година снимаат неколку демо песни и тргнуваат на југословенска турнеја заедно со Laibach и Disciplina Kičme.
Во почетокот се повеќе ориентирани на рок, а во 1985 го менуваат стилот и под името Мизар – второ откровение нудат музика заснована на старословенското поење, македонскиот фолклор, византиската традиција и дарк звукот.
Деби албумот „Мизар“ го снимија во 1988, во состав: Горан Таневски, Горазд Чаповски, Борис Георгиев (тапани), Сашо Крстевски (бас) и Катерина Велјановска (клавијатури). Продуцент на албумот е Горан Лисица – Фокс. Албумот го донесе незаборавниот хит „Девојка од бронза“, а освен сопствените песни на албумот се наоѓа и преработката на македонската народна песна „Зајди, зајди“ (можеби најпознатата македонска песна на сите времиња) под името „Златно сонце“. Во 1991 следуваше вториот, уште подобар албум, „Свјат Dreams“ кој ја донесе необичната обработка на "Sweet Dreams" од Eurythmics, обработката на народната „1762“ и песната „Дом“ на Ристо Вртев, првиот пеач на Мизар, денес лидер на Архангел. По снимањето на албумот, бендот го напушта пеачот Горан Таневски, кого го заменува пеачката Нора. Кон крајот на 1991 групата престанува со работа. Таневски се посветува на организација на концерти, Каевски го обновува својот бенд Cyborg, a Чаповски заминува за Австралија каде во 1993 го основа Кисмет, продолжение на Мизар.
По објавување на неколку албуми, Чаповски во 1999 се враќа во Македонија и продолжува да работи со Кисмет, кој, заедно со него, го сочинуваат Илија Стојановски (бас) и Стефан Поповиќ (тапани). Тие го поттикна снимањето на дискот "Tribute To Mizar" (2001, Авалон) на кој песните на Мизар ги обработија македонски алтернативни бендови: Ден потоа, Синијак, Music Makers, Ataraxia, No Name Nation, Мајаковски, Brainless Genius и други. Lithium Records во почетокот на 2003 на дискови ги пре-објави првите две плочи на Мизар, дополнувајќи ги со претходно необјавени демо и концертни снимки.
Во 2002 се раѓа идејата за повторно собирање на грушпата поради спектакуларно службено збогување, и наскоро се собираат под името Мизар – трето откровение и ги збираат сите музичари кои во различни фази доаѓале и заминувале од бендот. Во почетокот на 2003 го објавуваат синглот „Почесна стрелба“, кој во многу кус период ги руши сите рекорди на популарност. Денес, таа песна е прогласена за најдобра македонска песна создадена по распадот на СФРЈ.
Албумот „Кобна убавина“ е сниман од јануари до јули 2003 во студиото Тралала, под продуцентската палка на Горазд Чаповски и Горан Трајковски, а е мастериран во љубљанското Метро, од страна на Јанез Крижај.
Денес, повторно вокал е Горан Таневски. Во Декември 2007 го промовираа новиот албум „Поглед во Градината“. Снимија нов спот, преработка на „Почесна Стрелба“.
Еве ги сите нивни спотови
Почесна Стрелба - Горан Трајковски
[media]http://youtube.com/watch?v=zJ73LyI0qj0[/media]
Почесна Стрелба (германска верзија) - Горан Таневски 2007 година
[media]http://youtube.com/watch?v=KyPyB5ZOIAc[/media]
Јуда
[media]http://youtube.com/watch?v=PWCocxKHr8w[/media]
Сон
[media]http://youtube.com/watch?v=909rFFKCNvE[/media]