Мизар

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Еве нешто од нив мене што ми се допаѓа:

 

Самара Морган

НЕ Е ВЕЌЕ ЧЛЕН НА КАЈГАНА
Член од
24 јуни 2009
Мислења
511
Поени од реакции
33
Еве нешто од нив мене што ми се допаѓа:

Ова е една од најубавите песни на Мизар.Човекот едноставно знае да ги искаже чуствата во песните.Браво , имаш одличен избор на музика
 

koleee

Убер Македонче
Член од
6 јули 2008
Мислења
643
Поени од реакции
42
Песната над мојот пост и оваа во мојот пост се нешто страшно позЗ

Мизар (збор кој на арапаски ја означува ѕвездата водилка која на патниците им помага да не се загубат во пустината) е формиран во 1983 во Скопје, во состав: Горазд Чаповски (гитара), Ристо Вртев (вокал), Илија Стојановски (бас) и Панта Џамбазовски (тапани). Во 1985 на местото на Ристо Вртев, како пеач доаѓа Горан Таневски, а како клавијатурист Слободан Стојановски. Истата година снимаат неколку демо песни и тргнуваат на југословенска турнеја заедно со Laibach и Disciplina Kičme.

Во почетокот се повеќе ориентирани на рок, а во 1985 го менуваат стилот и под името Мизар – второ откровение нудат музика заснована на старословенското поење, македонскиот фолклор, византиската традиција и дарк звукот.

Деби албумот „Мизар“ го снимија во 1988, во состав: Горан Таневски, Горазд Чаповски, Борис Георгиев (тапани), Сашо Крстевски (бас) и Катерина Велјановска (клавијатури). Продуцент на албумот е Горан Лисица – Фокс. Албумот го донесе незаборавниот хит „Девојка од бронза“, а освен сопствените песни на албумот се наоѓа и преработката на македонската народна песна „Зајди, зајди“ (можеби најпознатата македонска песна на сите времиња) под името „Златно сонце“. Во 1991 следуваше вториот, уште подобар албум, „Свјат Dreams“ кој ја донесе необичната обработка на "Sweet Dreams" од Eurythmics, обработката на народната „1762“ и песната „Дом“ на Ристо Вртев, првиот пеач на Мизар, денес лидер на Архангел. По снимањето на албумот, бендот го напушта пеачот Горан Таневски, кого го заменува пеачката Нора. Кон крајот на 1991 групата престанува со работа. Таневски се посветува на организација на концерти, Каевски го обновува својот бенд Cyborg, a Чаповски заминува за Австралија каде во 1993 го основа Кисмет, продолжение на Мизар.

По објавување на неколку албуми, Чаповски во 1999 се враќа во Македонија и продолжува да работи со Кисмет, кој, заедно со него, го сочинуваат Илија Стојановски (бас) и Стефан Поповиќ (тапани). Тие го поттикна снимањето на дискот "Tribute To Mizar" (2001, Авалон) на кој песните на Мизар ги обработија македонски алтернативни бендови: Ден потоа, Синијак, Music Makers, Ataraxia, No Name Nation, Мајаковски, Brainless Genius и други. Lithium Records во почетокот на 2003 на дискови ги пре-објави првите две плочи на Мизар, дополнувајќи ги со претходно необјавени демо и концертни снимки.

Во 2002 се раѓа идејата за повторно собирање на грушпата поради спектакуларно службено збогување, и наскоро се собираат под името Мизар – трето откровение и ги збираат сите музичари кои во различни фази доаѓале и заминувале од бендот. Во почетокот на 2003 го објавуваат синглот „Почесна стрелба“, кој во многу кус период ги руши сите рекорди на популарност. Денес, таа песна е прогласена за најдобра македонска песна создадена по распадот на СФРЈ.

Албумот „Кобна убавина“ е сниман од јануари до јули 2003 во студиото Тралала, под продуцентската палка на Горазд Чаповски и Горан Трајковски, а е мастериран во љубљанското Метро, од страна на Јанез Крижај.

Мизар денес го сочинуваат вокалистот Горан Трајковски, гитаристот Горазд Чаповски, басистот Илија Стојановски, тапанарот Жарко Серафимовски и клавијатуристот Влатко Каевски.:smir:
 
I

Intex

Гостин
Ме бива за воскреснување теми.:D

Го има преслушано некој новиот албум? Од каде може да се купи ... или да се симне ај? Фала. : )
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Тек сега ја видов снимкава од Суботица 1987 ма ,што да се каже, закон...........:salut:

 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443


И не само музички дневник
Девојка од бронза
Марко Погачар, кого го нарекуваат најдобриот млад хрватски поет, и чија поезија неодамна беше објавена на македонски, во Букса пишува за една група со која пораснав, и за песна која како што се трупаат тоните бронза во градов станува сè поактуелна. Баш ме израдува.
Share6

Пред дeсет години бев уште поголема будала отколку што сум сега. Веројатно мислев дека знам сè за музиката која ја сакам, па ме пресече кога, влегувајќи во растурениот граѓански стан на улица Клаичева, во кој требаше да спијам за време на приемните испити, од огромните звучници чув сосема непознати звуци кои ме удрија некаде под клучната коска, па потоа закочија, се смирија, и тоа е отприлика таа меланхолична анатомска реакција. На враќање дома добив спржено ЦД (моето прво такво ЦД), на кое пишуваше Мизар, а јас конечно сфатив дека Македонија не се сведува на Адолф Дада и „Зајди, зајди", иако во тој момомент моите најдраги ортодокс-лилјаци токму со изведбата на овој стандард растураа на суботичката „Омладина 87".
Кога конечно се запишав на факултет, се вселив во студентскиот дом и почнав на сметка на државата да читам песни, една од првите кои ме стрефи под истата таа црна коска беше „Мизар", на големиот Решицки (*Делимир Решицки, хрватски поет, исто така наскоро на македонски). Почнува со стихот: Мизар е ѕвезда. Онаа во пустината која ги води заталканите патници (а светот е пустина, сите сме патници, велат глобалнометафоричките низи, сладникаво, но во суштина тешко дека грешат), онаа според која тапанарот на оригиналната постава Панта Џамбазоски го нарекол бендот. Иако Реш експлицитно реферира на едно друго небесно тело на рокенролот, светиот Лукс Интериор од The Cramps - на непроверената вест за неговата смрт - стиховите комотно можат да се применат на овој македонски комбо. Вели Реш: секогаш мислев дека да се сака рокот не значи ништо друго/освен тоа со рацете мокри од океанот и со усната со рани од жива, топла сол/да се загризе голиот кабел на електричната гитара, да не се види никогаш/мизар, да се покаже сопствениот збрчкан к*р на исплашените пирани/на сонетите, на бедрата, сето тоа. Тоа е сè.
А потоа Мизар повторно се собраа, ги гледав 2003., на повратничката турнеја, со другиот Горан, Трајковски. Без оглед на неколку бледи нови композиции го составија клубот со земјата, а јас освен тоа бев тазе заљубен во некои други Модри очи, па уште подобро ја научив лекцијата. Втор пат ги гледав неколку години подоцна, на накарадна невкусна Хелоуин журка, овој пат со оригиналниот Горан, Таневски, и тоа испадна уште поголем дебакл: тажното кркорење го замени моќниот и постојан бас, еднакво славен кај Мизар и многу попознатиот Мирза.
Иако ниту еден од подоцните дискографски обиди не ми легна, а со настапите во живо веќе немам намера да ризикувам, првите два албуми ги минуваат сите тестови на времето; дел се од личната историја. Епонимна, првата југословенска рок плоча на македонски, и понатаму е најдобриот „шишмиш-рок“ снимка на овие простори: најдобро ги има интергрирано шаблонот на класичниот пост-пунк/гот-рок со византиската традиција, автохтоната ритмика, ортодоксното поење и соодветната иконографија, што истото нема да му успее на ниту еден спин-оф бенд од под Мизаровиот мантил за дожд, од Архангел и Анастасија, преку Падот на Византија до Кисмет.
Плочата е полна со хитови - Мизар никогаш не бегаше од стандардните поп-структури и певливите рефрени, но секогаш, можеби токму поради онаа уводна сцена, првата средба со бендот, најмногу ме возеше „Девојка", сјајно впечатливо отварање на албумот. Текст - кој повикува една жива и нежива статуа која, како ангелот на Бенџамин, го вперува погледот во пустошот на светот, да ги остави старите градови да горат во времето, разбуди се, прифаќајќи ги овие пар години за нас како вечност - ја следи суптилно градираната епска мелодија која кулминира во емфатична, адреналинска експлозија на рефренот.
А оној кој после него ќе остане до крај во своите чевли, и барем малку не му се затресе онаа шуплива и глупава коска, не го минува тестот на Решицки - за него и небескиот сјај на Лукс Интериор е обична вселенска маглина, нешто нјуејџ, католичко, нешто што јас не го сфаќам.
автор: Марко Погачар
извор: Букса
http://www.time.mk/read/NONE/59a147413a/index.html
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
мене оваа ми е најдобра.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Ги обожавам Дождот и Истекувам. Можам да ги слушам 24 саати без прекин.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819

Оваа песна, заедно со песна за песот од Ласт Експедишн го делат првото место за најдобра македонска рок песна (за мене зборувам).
Песнава е страшна, текст, морници, мрачност, невидени премини кои доловуваат епик моменти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom