Меѓународни сертификати за економисти, CFA, ACCA итн.

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Дали некој слушнал за меѓународниот сертификат Chartered financial analyst- CFA... Или можеби сметководствениот ACCA??

Јас знам за CFA па ќе ви кажам збор два за него..

Меѓунардно признат, престижен со околку 100.000 членови и 200.000 кандитати на едно од трите нивоа. За да се стекнете со серфикатот потребно е да положите 3 нивоа/испити во текот на три години.. Секој Јуни се полага.. Испитите содржат по околку 240 прашања и испитот трае 6 часа - или 2 пати по 3 часа..Нема соменине дека те става на врвот на инвестициска професија секаде во светот.

Од кандитате што ќе се обидат да го стекнат чартерот, околу 20% го стекнуваат, останатите отпаѓаат на еден од трите испитити и се откажуваат.

Се тестира се што е потребно за работа како финансиски аналитичар. Квантиативни методи, економија, порфтолио менаџмент, деловни финансии, деривативи и алтернативни инвестиции, сметководство итн.

Во Македонија знам дека за 3ца што го имаат.. Двајца се директори на инвестицики фондови, еден е универзитетски професор.

Дали некој има пробано да го полага, сака да проба, и дали мислите дека вреди?

Ако има заинтересирани или луѓе што веќе го полагале, дајте да продискутираме, или да формираме група за учење..

Инаку матријалот се 5-6 учебнци по испит со неколку илјади страници вкупно за еден испит. Има и скратени варијанти ама тие се повеќе за повторување отколку за учење.

(Јас се обидов на 2 пати да учам ама ми излегоја некој други работи и се откажував после неколку учебници)
 
Dietrich

Just a fan...
Член од
12 мај 2010
Мислења
161
Поени од реакции
80
Јас моментално почнувам со ACCA, полагам во Декември, а за CFA мислев дека не може да се полага во Македонија бидејќи читав некаде дека е достапен само во 30 земји во светот.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Точно е дека не може ЦФА во македонија.. Јас тогаш планирав да го пријавам за во франкфурт или милано и да одам таму само за полагањето.. ACCA се полага во МК? Можеш да ми дадеш детали за ACCA? колку е проодноста? дали се цени? во кои земји најмногу го бараат? итн итн... се што ти текнува за ACCA кажи..
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890

Ако планираш нешто по ревизорските куќи, АССА е скоро задолжително во поголемите, со тоа што најчесто ти го плаќа самата фирма. За други фирми кои бараат АССА не знам, а и не знам колку вреди сам да си го плаќаш и да се мачиш да полагаш ако ти е за во Македонија (ако веќе планираш странство, тогаш е друга приказна).
Вкупно се 14 испити, со тоа што ако си од Економски Факултет при УКИМ и на смер сметководство и ревизија, ти признаваат 4 и плаќаш и полагаш 10. Ако си од другите смерови ти признаваат само некој (не сите 4 испити). 2 сесии ти се годишно -декемвриска и јунска, се полага во Македонија. Од 2015 ќе се пуштат уште 2 сесии пробно, ама Македонија не спаѓа во таа група, така да и во 2015 ќе има само 2 сесии, а ако успешно пројде тестот, од 2016 најверојатно ќе ги пуштат 4те сесии секаде.
За како се аплицира и тие останати ствари, Dietrich ќе објасни :)
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Kolku kosta polaganjeto i dalu se polaga vo mk i na koj jazik se polaga
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Kolku kosta polaganjeto i dalu se polaga vo mk i na koj jazik se polaga
Во Македонија се полага, се е на англиски - и книгите, и тестот. Се плаќа за членство околу 100ина фунти, и 70ина фунти по испит ако го фатиш првиот рок да го пријавиш.
 
Dietrich

Just a fan...
Член од
12 мај 2010
Мислења
161
Поени од реакции
80
Kolku kosta polaganjeto i dalu se polaga vo mk i na koj jazik se polaga
Па скоро се ти објаснија :D 78 фунти ти е регистрација (to be exact), проблем може да ти биде да ги најдеш книгите пошто ги менуваат секоја година. Се полага во еден центар за странски јазици. Апликацијата, пријавувањето, резултати, информации и се останато си наогаш на официјалната страна http://www.accaglobal.com. Друго не може да ми текне, ако те интересира прашај.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Океј.. Уште едено последно прашање...

Колку матријал е.? Колку странции.. или колку часа учење е потребно за сите испити..

CFA за едно ниво е 300 часа со 2000-4000 странции..

Колку е потребно за ACCA?

Инаку најдов колку кошта на страната. околку 1400 фунти што не е така многу со оглед на тоа што 3 години се отплаќаат..

Што ќе ми се признае со УКИМ економски смер финанскси менаџмент??
 
Ок види вака, во просек еден предмет ти е околу 500-600 страни книга со 400 страни збирка. Имаш 14 предмети кои треба да ги положиш од кои на финансиски ти се признаени 3 (односно F1, F2 и F3). Е сега за учење зависи, али еден предмет бара околу месец време за да се научи убаво и у просек ACCA се полага околу 4-5 години.

И уште една битна работа е тоа што треба да имаш 3 години работно искуство во релевантна индустрија, сметководство, ревизија или од областа на финансиите, под менторство на овластен сметководите или ревизор за да го добиеш сертификатот.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Фала ви за одговорите..

CFA, ACCA, или пак овие http://www.charteredeconomists.org/cert.php

Чоек да не можи да се одлучи што вреди да се изучи..

ACCA единствен проблем гледам во тоа што нема начин да се само-тестирам егзактно. Со CFA тоа е лесно оти се задачи и има резултат.. Многу од ACCA се описни одговори.. Башка додека студиравме многу многу немавме со пишување..

Повеќе би преферирал CFA оти самата работа што CFA ја работи ми е поинтересна, инвестии/ финансиско моделирање..

.. што ќе ти обезбеди најбрзо работа во бртианија, некое 9 ниво на ACCA или 2 ниво на CFA??
Тоа е и најбитно.. Јас мислам ACCA полесно те вработува од CFA..
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535

И двете ќе ти обезбедат работа, али поплатена мислам дефинитивно CFA бидејќи тој дел од бизнисот е поплатен и поценет.
Еве ти една споредба на тоа што можеш да работиш и платите во Лондон:
АЦЦА:
http://www.ftmsglobal.com/hk/acca-assoc-of-chartered-certified-accountants/career-opportunities-benefits
ЦФА:
http://www.investopedia.com/articles/financial-careers/08/cfa-job-oppurtunity.asp

Плати:
http://www.glassdoor.com/Salaries/london-portfolio-manager-salary-SRCH_IL.0,6_IM1035_KO7,24.htm

http://www.glassdoor.com/Salaries/london-auditor-salary-SRCH_IL.0,6_IM1035_KO7,14.htm

Патем, ова само ако планираш да идеш странство, во Македонија колку ќе ти се исплати трудот не знам, особено што и членството во ACCA и годишните членарини и континуираното усовршување е скапо колку што знам и ако не ти го плаќа фирмата ќе имаш само уверение, а нема да бидеш член. Последново не ме држи за збор, не го полагам па не знам со сигурност.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Два пати се обидов да учам за CFA и се откажував после две-три книги.. Ги решавав тестовите со над 70% и го сваќав матријалот.. Проблемот е што нема со кој да споделиш,дискутираш, полемизираш, повториш а и малку ривалитет и компетитивност да покажиш. И со тоа паѓаш на кондиција и дисциплинираност и баталуваш.

Сега сакам пак да се обидам за јуни 2015, овојпат ке барам група што ќе студира со мене..
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Има некој што ќе спрема Ф4 за ACCA за во Јуни?

Има некоја компанија што нуди подоготовка за ACCA во МК?

дали Ф1-Ф3 испитите треба да ги платам без разлика што нема да ги полагам а ми се признати? се мислам дека некаде го прочитав ова..

некој од поискусниве да сподели што повеќе детали за АЦЦА
дали вреди ? Дали треба многу труд? Што само со Ф9 (Advanced diploma in accounting)?

Работите што може да се најдат на официјалната страна ќе ги најдам и прочитам т.е ќе си истражувам..

ме интерсира она што нема да го кажат на офоцијалната страна...
 
Некој да ми даде контакт од Dietrich???

Затоа што тој учеше ACCA и јас се интересирам и така..
Не можам да го добијам на ПП. Баш би сакал да поразговарам.. Мобилен или скајп било што ми брка работа..
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.513
Поени од реакции
23.019
ACCA > CPA > CFA > >ChE

ACCA највеќе се поштува и е едноставно на повисоко ниво, CPA повеќе го гледаат како за мали и средни фирми, бар во средините каде двете се барани и признати. Се што работи CFA може и со АCCA дури и каде што треба CFA многу често се огласува АCCA зашто е CFA е релативно нова работа и сеуште не е толку распространета. ChE ти е веќе ако имаш апла добра работа како економист во некоја од светските банки (IMF, World bank) па еве да одскокнеш малку, во принцип такви позиции дали има 1000 во светот каде што тоа би се ценело.

Учи за ACCA али имај на ум дека МОРА да ја имаш праксата/меторот иначе се е џабе. CFA иако е по секси на прв поглед ако НЕМАШ кој да те бутне во некоја инвестмент банка или брокерска куќа (а ќе ти треба пошто не верувам дека имаш клиентел на лагер што би инвестерила милјони за да те вработат тек така) тогаш не само што ти е џабе него ти е и минус. Едноставно кога ќе идеш на интервју (во странство, за мк ниедно не вреди) ќе им биде чудно зашто имаш CFA а немаш адекватно искуство, конекции и клиенти. Ко што кажаа погоре углавно фирмата ти плаќа ваква обука зашто мислат дека има потреба, и гулавно си се групираат со исти дипломи... Ти им доаѓаш ем странец, ем едуциран, без искуствно што за нив едноставно нема логика. Проблем е и ако апицираш на пониска позиција едноставно никој нема да те земе зашто јасно им е дека за некој месец кога ќе стекнеш малку локално искуство ќе им побегнеш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom