TheFrisb
(Астроном)
- Член од
- 5 јуни 2011
- Мислења
- 246
- Поени од реакции
- 80
Извор: Факултети.мк
Доколку овој викенд имате план да одете некаде на планина, бидете убедени дека може да присуствувате на една спектакуларна глетка која ќе ни ја приреди нашиот Универзум. Станува збор за метеорски дожд кој паѓа секое лето меѓу 17-ти и 24-ти август, а оваа година ќе се случи ноќта меѓу 12-ти и 13-ти август, кога е можно да паѓаат и до 60 метеори на час.
Овогодинешниот максимум на метеорскиот дожд за жал ќе се случи во ноќ на полна Месечина. Поради тоа ќе бидеме во можност да ги видиме само сјајните метеори, можеби и по некој болид. Поради тоа се препорачува метеорскиот дожд да се набљудува надвор од градовите и уличното осветлување.
Причина за појавата на метеорскиот дожд Персеид, кој што е наречен по соѕвездието Персеј е кометата Swift-Tuffle, која има период на обиколка околу Сонцето од 133 години. Ситните и крупните честички создаваат облак и кога Земјата го пресекува гледаме дожд од метеори, објаснуваат научниците.