Мислам дека нема врска ова со заостанатоста. Напротив, може само да му се фатиме на малото прсте на праисторискитот човек ако правиме муабет за достигнувања. Се што било најпотребно, било откриено во праисторијата. И овие заедници не дека немале технологија за одгледување на растителни култури. Имале, и имале и знаење. Ама едноставно, нема да најдеш ниту една култура во чија што исхрана се внесува само продукти од растително потекло. За негативните работи од внесувањето на месо може да правиме муабет до утре почнувајќи од топлотното обработување на месото и кариесот. Ама па да не било месото најверојатно ќе сме останеле на нивото на нашиот предок, хоминидот. Последните истражувања од Африка од периодот додека Сахара била зелена покажуваат дека токму со постепеното преместување на човекот од џунгла и истражување на отворени простори и бркање на плен, животни всушност се развива локомоторниот систем и дека човекот најпрво научил да трча, па да оди. Исто така, на почетокот месото едноставно била клучната состојка од исхраната која придонела за развојот на мозокот. Да можеби, храната од растително потекло е едноставно е полесна за процесирање, ама тоа не значи дека од месото нема никаков бенефит. Замисли си сите да почнеме да јадеме само некое овошје или каши, некој мек зеленчук и како што е мода сега само да се пијат некакви смутиња. Наредните генерации ќе останат без заби, слабо развиени вилици.. и уше многу работи во кои не се ни разбирам.