Месојади (Carnivore Diet)

  • Креатор на темата Креатор на темата VanillaSky
  • Време на започнување Време на започнување
Претпоставував, факт е дека во неразвиени средини и технолошки заостанати најефикасен начин за прехранување е користење на месо.
Па во зима морало да јадат месце, а ако одиме по астротеологијата зимата е пеколот, значи ѓаолот не натерал да јадеме месо, значи Рон е демонизиран!
 
Претпоставував, факт е дека во неразвиени средини и технолошки заостанати најефикасен начин за прехранување е користење на месо.
Мислам дека нема врска ова со заостанатоста. Напротив, може само да му се фатиме на малото прсте на праисторискитот човек ако правиме муабет за достигнувања. Се што било најпотребно, било откриено во праисторијата. И овие заедници не дека немале технологија за одгледување на растителни култури. Имале, и имале и знаење. Ама едноставно, нема да најдеш ниту една култура во чија што исхрана се внесува само продукти од растително потекло. За негативните работи од внесувањето на месо може да правиме муабет до утре почнувајќи од топлотното обработување на месото и кариесот. Ама па да не било месото најверојатно ќе сме останеле на нивото на нашиот предок, хоминидот. Последните истражувања од Африка од периодот додека Сахара била зелена покажуваат дека токму со постепеното преместување на човекот од џунгла и истражување на отворени простори и бркање на плен, животни всушност се развива локомоторниот систем и дека човекот најпрво научил да трча, па да оди. Исто така, на почетокот месото едноставно била клучната состојка од исхраната која придонела за развојот на мозокот. Да можеби, храната од растително потекло е едноставно е полесна за процесирање, ама тоа не значи дека од месото нема никаков бенефит. Замисли си сите да почнеме да јадеме само некое овошје или каши, некој мек зеленчук и како што е мода сега само да се пијат некакви смутиња. Наредните генерации ќе останат без заби, слабо развиени вилици.. и уше многу работи во кои не се ни разбирам.
 
Храната од растително потекло и воопшто растенијата и те како можат да се задржат. Во земјата или пак по артефактите се задржуваат многу, многу информации. Благодарение на археоботаничките анализи возможно е да се регистрираат овие информации и во зависност од ситуацијата да се реконструира, какви растенија се користеле, дали постоеле некакви понакви видови, целосна реконструкција на вегетацијата. Ако се јагленисани на пример макроостатоците од плодови или растенија- семки тогаш можеме да датираме и да идентификуваме растенија со старост илјадници години. Фитолитите кои што представуваат микроскопски тела од растенијата кои се впиваат преку водата во палеослоевите исто така носат информации за растенијата(структурата на стеблото) и ако најдиш добар конзервиран слој без интрузии тогаш можеш да дознаеш многу работи. Само за пример минатата година имавме ископувања во Охрид каде што правевме геолошки сонди во близина на езерото на еден праисториски локалитет. Во слоевите наидовме на органска материја со дебелина од околу 20 цм а во неа дрво, семки( житни култури но исто така маслинки, грозје).

Што се однесува до животинските остатоци, не само што јаделе храна од животинско потекло, туку и биле гурмани, и знаеле како да ја припремаат храната. Пр. минатата година се правеа анализи на тави од една палафитна населба кај Струга кои во литературата се идентификувани како тави за печена риба. Со анализите што ги правевме се откри дека иако палафитна населба, рибата не претставувала еден од клучните продукти во исхраната туку дека во тие огромни тави се правело говедско и свинско месо. Дополнително се најдени фитолити на треви кои биле користени во припремањето на месото.

Тоа беше лош обид за хумор од моја страна, но сепак фала Петра на овие исцрпни информации, баш уживав во текстот и штета што немаме асални специјализирани медиуми за вакви работи во Македонија како што има на запад.
 
Мислам дека нема врска ова со заостанатоста. Напротив, може само да му се фатиме на малото прсте на праисторискитот човек ако правиме муабет за достигнувања. Се што било најпотребно, било откриено во праисторијата. И овие заедници не дека немале технологија за одгледување на растителни култури. Имале, и имале и знаење. Ама едноставно, нема да најдеш ниту една култура во чија што исхрана се внесува само продукти од растително потекло. За негативните работи од внесувањето на месо може да правиме муабет до утре почнувајќи од топлотното обработување на месото и кариесот. Ама па да не било месото најверојатно ќе сме останеле на нивото на нашиот предок, хоминидот. Последните истражувања од Африка од периодот додека Сахара била зелена покажуваат дека токму со постепеното преместување на човекот од џунгла и истражување на отворени простори и бркање на плен, животни всушност се развива локомоторниот систем и дека човекот најпрво научил да трча, па да оди. Исто така, на почетокот месото едноставно била клучната состојка од исхраната која придонела за развојот на мозокот. Да можеби, храната од растително потекло е едноставно е полесна за процесирање, ама тоа не значи дека од месото нема никаков бенефит. Замисли си сите да почнеме да јадеме само некое овошје или каши, некој мек зеленчук и како што е мода сега само да се пијат некакви смутиња. Наредните генерации ќе останат без заби, слабо развиени вилици.. и уше многу работи во кои не се ни разбирам.
Хоминоиди оделе пред два три милиони години, човекот е настанат пред нецели 200000 год. ако не се лажам. И тоа на начин преку ноќ....квантен скок налик преоѓање на електрон од една орбитала у друга...инстантно.
Начна многу теми и боље да не навлегуваме поединечно.......еве јас ставив еден линк. Ако веќе сакаш да дискутираш прочитај и елаборирај зошто Neu5Gc кое се наоѓа во месото е штетно за нас.
Го има малку у риба, што оди у прилог на теоријата дека човекот заради движење у некоја плитка вода почнал да се исправа и заради рибата и омега 3 му се зголемил мозокот преку ноќ...иако и тоа е крајно дискутабилно.
 
Браос, и оваа тема ја однесовте у курац :tapp:
Дај модераторот нека ви ја префрли во здравје, не во живот, и може на раат да се расправате колку е штетно месото и како веганската исхрана ќе ни го продолжи животот.
 
Штетно е баце....канцерогено, лошо за артериите. Посебно ова само месо јадење е убиствено.
 
@Петра П. Термалната обработка на храната и зголемениот калориски внес далеку повеќе од самото месо, е причината за забрзаната еволуција. Ова е одамна познато во нутритивната антропологија.
 
Штетно е и да дремиш цел ден пред компјутер, ама дремиш.
Удри по 15км кардио на ден и врати се да ми кажеш што е штетно.
 
Можно е. Не сум запозмаена со ова. Јас го спомнав тоа во смисла ако веќе бараме негативни работи кои настануваат со конзумација на месото, и почнав од најстарите. :) А месото како такво уште пред термалната обработка помогнало во развивањето на мозокот на родот хомо пред појавата на хомо еректусот, огнот и стратегиите за лов на животните.
 
Штетно е и да дремиш цел ден пред компјутер, ама дремиш.
Удри по 15км кардио на ден и врати се да ми кажеш што е штетно.
На работа сум.....иначе кардиото е ок....се слагам.
 
Браос, и оваа тема ја однесовте у курац :tapp:
Дај модераторот нека ви ја префрли во здравје, не во живот, и може на раат да се расправате колку е штетно месото и како веганската исхрана ќе ни го продолжи животот.
Да бидеме реални темата замре пошто не ставаш рецепти - за тоа е наменета. Уствари освен мојот рецепт за чорба од мачка друг изгледа и нема.. а веганите ја одржуваат у живот за да има дешавка.
 
Браос, и оваа тема ја однесовте у курац :tapp:
Дај модераторот нека ви ја префрли во здравје, не во живот, и може на раат да се расправате колку е штетно месото и како веганската исхрана ќе ни го продолжи животот.
1612195699147.png
 
tenor.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom