Мајка ми е досадна или...?

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Зарем ти не ги сакаш своите родители? Зар ти не би сторила се` за твоите родители? Зар не би го жртвувала сопствениот живот за да го спосиш нивниот доколку има потреба. Одговорот на сите тие прашања е ДА. но ти не ги гњавиш со прашања и не им наметнуваш правила и покрај тоа што објективно има потреба од тоа. Знаеш зошто, зошто си ги прифатила како авторитет своевиден, а сите луѓе со авторитет имаат его. Сите родители имаат потреба пред своите деца да го докажуваат својот статус. Затоа често ги малтретираат со непотребни работи, кои најчесто се важни за нив самите повеќе отколку за децата.
Плус, децата во пубертетските години се страшно одбивни на наредби и совети. Сите трубења над глава се антипродуктивни. Добар родител мора да најде мост мешу својота родителска позиција како надреден и детето како пациент без мозок. А со досаѓање само на детето ќе му даде до шанса да научи да пуши, пие, и не дај боже да се дрогира. Ниедно дете не почнува со пороци заради другарчињата на улица, почнува заради неспособниот родител да го научи дека не треба. Секое дете на 15 години, ако му забраните да проба цигара, ќе го стори тоа. Бидејќи знаете, збранетото е најслатко...
Ако сметате дека родителите ги сакаат децата, тие треба да сакаат да ги изведат на најдобриот можен пат во животот. А со досаѓање го постигнуваат сосема спротивното, затоа речениците “ги разбирам и оправдувам“ според мене не се точни.
Не почнува?Е има што почнале ради другарчињата на улица,ама то е друга тема.За секое дете различен е поимот досадвање,малтретирање,тортура.За некој само еден збор да му речиш е досадвање,за некој пет.То е релативно.Децата на 13/14 години не примаат ни еден збор да им кажеш,за нив се е тортура.А мора некако да им се кажи.Ако му речиш на пр. на 14годишно дете вечерва во 23 дома одма ќе почни да се бунтова и ќе речи дека мајка му му досадва.А дали е 14годишно дете да шета до 24/01?Се разбира дека не.И мене ми рекле родителите немој да пушиш,немој да се дрогираш,во толку и толку дома и сл.па не сум ни пушач,ни пијаница,ни се дрогирам и никогаш не сум го пробала забранетото.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Теренот за тоа како ќе му се обратиш на тинејџер се спрема далеку порано. Односот и авторитетот, се гради од самото раѓање па до тие критични години. Ниедно дете, тврдам, дека нема да прифати ништо од пороците и покрај силното инсистирање на улицата доколку родителот со време го научи дека улицата за него е штетна. Секое барање од детето, и секоја наредба на детето колку и да мало мора да му биде добро аргументирана. И секако мора доволно стабилно и смирено да се снајде родителот со секоја ситуација. А такви има навистина комплицирани. Тешко се објаснува зошто сите другарчиња остануваат до полноќ а тој не смее. Но, затоа е тешко да се биде родител, кој не е спремен, ја има темата за абортус, и таму сме дискутирале за ова.

Мене и на таа тема, и на оваа ме лути (или барем не ми се допаѓа) тоа што сите односот родител - дете го гледаат како нешто сосема нормално природно и обично. Но е многу повеќе од тоа денес... :star:
 
Еее,ќе ме натераш да си го променам мислењето,то мнооогу ретко се случва:)да во право си,кога на дете му е кажува дека нешто не смее да го прави мора да му се кажи и зошто.
Пр.Не треба да му речиш оди да ги миеш забите и точка и тоа со дерење туку смирено да му речиш оди измиј ги забите,оти ако не ги измиеш после ќе ти се расипат,па ќе те болат многу,па на заболекар,па ќе ти ги извадат и сл.Треба да му се објасни зошто нештот му е забрането.Мене лично,никогаш ништо не ми било забрането,па можи зато не сум посегнала по ништо лошо,оти па ако му забрануваш на дете нон стоп,ако го држиш ептен цврсто после ќе се понаша ко од синџири пуштено.
Ама има деца шо стварно ја претерват,се му е удоволено,со добро се му се кажва и пак претерват.Не знам во шо е работата.Во секој случај,да си родител е една од најтешките работи.Сепак и децата треба да имат малку разбирање за родителите,ама како им ќе сфатат тек ко ќе имаат свои деца.
 
:) Еве прекинувам, не сакам да ти сменам мислење, баш е убаво да се дебатира. :helou:
Ама за болдираното ќе искоментирам на кратко... Само навидум изгледа дека со добро му се кажува на детето. Односот на родителите надвор и дома е многу често различен. И тоа е токму тоа што го зборувам. Дома не е важно, никој не гледа, но надвор никој не смее да каже дека сум лош родител. И нормално, децата се збунети, изгубени, и немаат поим што треба да прават.
 
\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
некад ми иде да ја убијам ама јбг тоа и е работа да замара
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
40
Поени од реакции
1
Односот со мајка ми одсекогаш ми бил како со најдобра другарка. Секогаш неа се и кажувам бидејќи знам дека ќе го добијам вистинскиот совет и нема да ме издаде никогаш. Понекогаш знае да биде мааалку досадна ама ретко и се случува. Како и да е, ја сакам најмногу на свет!
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
2.782
Поени од реакции
33
Понегош ми досадува ...
Ајде оди на дуќан
Колку време ке си таму
Зошто ке одиш таму ..
Се мора да те испите .. :nenene:
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Понегош ми досадува ...
Ајде оди на дуќан
Колку време ке си таму
Зошто ке одиш таму ..
Се мора да те испите .. :nenene:
Да ја имаше ти мојата мајка низ тараса ќе ја фрлеше или ти вид ќе фатеше... досадна е ехеееееееее рулз бе брат! Сношти толку многу ме изнервира шо ми се напрај огромен херпес и не излегов ....
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Знае да ме замара некогаш ама не е досадна, не можам тој збор досадна да го употребам. Добро освен неа некад сум и кажувала така кога веќе претерува со детективската работа :icon_lol:
Знае да ми се јавува ама многу ретко ако и требам нешто, има доверба во мене ама се сака да знае. Постојано се распрашува за се и сешто и секакви ситници прашува. Но тоа е од грижа и не би било нормално кога не би ме распрашувала и не би се грижела за мене.
Секој сака слобода во овие години но ако не сме контролирани од родителите може општеството многу да влијае негативно над нас. Затоа се тука родителите за "да се досадни" и да не воспитаат најдобро што е можно.

Си ја сакам мама и знам дека што и да прави, го прави најдоброто за мене :back:
 
Kika-17

Trouble maker
Член од
21 декември 2008
Мислења
240
Поени од реакции
5
Хахахаха,до сега не сум забележала дека е досадна,па таа секогаш те орасположува ама баш секогаш и кога сум во најтешки моменти знае да те изнасмее...Ма закон жена е :pos2:
 
Only*ME

Kaлимеро... :/
Член од
2 август 2008
Мислења
249
Поени од реакции
4
Не е досадна, најубав муабет со неа си правам секогаш. Обавезно ме прашува како сум си поминала, не за да ми врши контрола туку затоа што навистина ја интересира. Не ме бара никогаш на мобилен кога сум излезена, само ми титка кога веќе ќе ја претерам:) И кога ќе си дојдам дома следува стандардниот муабет:
Aјде бе дете гледаш ли колку е саат, и јас сакам да си легнам да се одморам.
Па легни си бе мамо јас не ти викам да ме чекаш.
Ајде, ајде облекувај пижамите и легнувај си!
:zver: е жената!
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Абе се од љубов го прави тоа,како да ви кажам,па мајка е мора да биде досадна,како ќе ти растат бели влакна од нервоза иначе.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Како да е единствената која на моменти може да те извади од кожа:)
Како прво, мајка е.
Како второ, се грижи за детето.
Како трето, поискусна е.
И како четврто, и последно, го сака детето.
Јас не можам да кажам дека е мајка ми досадна, иако понекогаш знае убаво да ме изнервира, ама пак и татко ми не заостанува на тоа поле:)
Сепак мајка е, и сака се’ најдобро за своето дете.
I love my mother soooo much :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom