- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Кога ќе имате свое дете, ќе сватите што значи жива досада. Ќе се тресете над него во секое време и нема да Ви е гајле што мисли тоа. Важно ќе Ви биде, Вие да се осигурате дали е тоа добро згрижено. Ги сваќате работите што Ви ги правеле Вашите родители и продолжувате понатаму со истата тортура.
Не им замерувајте на Вашите родители. Тоа го прават од грижа за Вас. Само подзамислете се малку - има деца што немаат родители. Тие, колку само сакаат некој да им биде досаден.
Затоа, пак ќе кажам, уживајте. Тие нека си го одработат своето, Вие Вашето.
Зар мислиш дека ти како родител дека треба да му вршиш тортура за тоа да биде среќно. Не Миркец, ти го правиш тоа за твојата душа да биде мирна. Не му помагаш на своето дете. Се` што можеш да направиш е да му набиеш комплекси кои ќе ги влече низ животот. Твојата работа (како родител) е да го нараниш, напиеш, дадеш кров над глава, воспиташ додека е мало, и помогнеш доколку с епојави невоља.
Јас не велам дека е лесно да се биде родител, велам дека не е обврска која може секој да си ја дозволи. Од мал милион причини.