Машински Факултет

Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Многу е заебано искрено во оваа држава да го студираш она што го сакаш .... Имам 23 години .... Имаш талент,способности за тоа поле што го сакаш но неможеш да го студираш поради преголемиот обем на студенти или не можеш да најдеш работа ..... Завршив во Орце .... Извинете за оффтопиков ,но ми дојде момент на емотивност Сакав на Економски или на Правен да одам,но ја знаете ситуацијата одлучив на Електро да одам и покрај со математиката така и така имам некои проблеми и бев таму 2 години ..... но сфатив дека едноставно не сум таму и се отпишав ајде да речеме и покрај тоа имав некој успех со полагање на испити редовно .... моментално сум дома и планирам да се запишам на Машински можеби на термодинамика,така мислам се викаше струката ..... ми се допаѓа навистина тоа .... топло ладно ... користење ..... нешто некој малку да ми објасни како е таму ..... викаат доста потенцијал има таму за во иднина како поле .... но за студирање било малку тешко ..... може некој да ми помогне со совети како е сега таму моментално,кои професори се таму,како е со полагање .... во кратки црти да ми објасни општо како е ,одлично ли е ?! има ли доста студенти кои сакаат да студираат тоа .... :)

Кај нас се знае дека на тие постручните насоки проф се малку пошврки. Кај нас на ИИМ е полабаво. Интересничка насока и не е лош избор особено за кај нас пошто гледам дека се бара работа за тоа. За број на студенти нема баш многу дали по 10тина. Колегите од тој смер не се жалат некако така да мислам дека е се нормално :) Плус немаш толку математики како на мехатроника.
 
Член од
26 август 2009
Мислења
215
Поени од реакции
41

Јас сум на тој смер, 6 семестар сум и имам исчистено се до сега. Во неколку наврати кажав дека смерот е многу добар и доколку имаш желба да научиш нешто а не само да ги положуваш предметите нема да има зима за тебе. Смерот се вика Термичко инженерство се изучуваат термотехниката(греење,климатизација,вентилација,ладилни техники) и термоенергетика(турбини,компресори,котли,термоцентали) со изборните предмети можеш да се насочиш повеќе на некоја од овие две насоки. Професорите се закон и мислам дека нема подобри на целиот факултет. Доколку те интересира нешто поконкретно слободно прашај, и ќе направиш правилен избор доколку се запишеш на ТИ позз.
 
Ф

Флеш

Гостин
Кај нас се знае дека на тие постручните насоки проф се малку пошврки. Кај нас на ИИМ е полабаво. Интересничка насока и не е лош избор особено за кај нас пошто гледам дека се бара работа за тоа. За број на студенти нема баш многу дали по 10тина. Колегите од тој смер не се жалат некако така да мислам дека е се нормално :) Плус немаш толку математики како на мехатроника.
ИИМ е кратенка од индустриско инжинерство и менаџмент ?! ја гледав и ми се допаѓа таа насока ..... можеби и тоа да изберам ..... термичко или ИИМ .... ги тргнав дефинитивно Економски и Правен .... зборував со братучетка ми ... ми вика подобро оди на технички факултет .... имаш поголеми шанси и за работа тука во Македонија а и дефинитивно во странство ......
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Да тоа е ИИМ. Не е лош, ама некако во нашава држава кај нема индустрија па уште помалку се бараат менаџери на некои фабрики. Сите постари истото ми го зборат ако имаш врски да те бутнат како некој шеф на оддел, да почнеш како надзорник или слично ок, ама вака ептен е тешко за работа. Плус не можам да работам некоја друга инженерска работа зашто две години сум учела менаџмент, а претходните две сум учела нешто стручно ама сепак недоволно. Во секој случај без пракса си никој и ништо од било кој факултет да излежеш појма немаш од речиси ништо. Сепак термичко е боље предлог според мене, ама како сакаш твоја одлука е :).
 
Член од
6 април 2013
Мислења
7
Поени од реакции
0
Мехатроника важи за еден од најтешките смерови, но е доста просперитетен, така да ти го препорачувам. Јас за жал сум на ИИМ, со овој памет пред две години не би го одбрала смерот :D
Фала за овие информации :D
Бидејќи кажа дека си на ИИМ, би те замолил ако можеш да ми дадеш повеќе информации за овој смер. :D
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Кажи што те интересира поконкретно, иначе супер е на ИИМ во смисла на луди професори и слично, некако имам чувство дека многу не поштедуваат :)
 
Дали е полесно за разлика од другиве смерови, дали е просперитетен, има ли многу студенти, кои се критериумите за упис. И дали би влегол државна квота , од 1-ва до 3-та поминував одличен, а најверојатно и 4-та ќе поминам одличен :):D
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Најлесно е кај нас дефинитивно. Се запишуваат највеќе студенти секогаш сите места се пополнуваат и за просек не се секирај супер си, влегуваа и добри и многу добри така да немај гајле :) Е сега за просперитетност...наводно нашиот профил по дипломирање е нашки кажано шеф, директор во индустрија (како што кажува и насловот на смерот). Кај нас едвај има некоја индустрија па уште сите се утепаа од барање на шефови и директори (овде земи во предвид дека не се станува преку ноќ директор туку почнуваш од најдолу и се искачуваш до горе). Ама како што си ја знаеме државичкава, ако во таа фирма кај што работиш веќе има предвидени места за директори и шефови тогаш ти најгоре што можеш да стасаш е шеф на некојси погон. Сите што завршија многу се жалат дека нема работа. Или пак од друга страна имаш диплома од машински и некако имаш предност пред сите останати (сега по нов систем кој ги фати прва година многу тешки предмети се укинати и ептен е лесно али нешто има фрки со титулата што ќе им стои во диплома дека нема да бидат баш инженери заради тие укинатите баш инженерски предмети. На крајот на краиштата секој со своја среќа. Ако тоа е тоа што го сакаш слободно терај напред, ама ако имаш друга алтернатива размисли што е повеќе барано во сиротава наша држава:)ако треба нешто друго прашувај. (колегиве ќе ме убијат што многу сум негативна) :D сепак ова е мое мислење од некој друг може и друго да слушнеш ама не прашувај ги оние што се 10.00 и не се појавиле на тест туку татичко им средил работа ;)
--- надополнето: 14 април 2013 во 23:59 ---
Да се надоврзам, со нашиов смер во Германија си цар. Тетин ми има завршено таму со нашиов смер и почетна плата на времето кога бил муле ми било 40.000 евра, до сега се има унапредено сто пати зашто вика дека во странство те ценат кој си и колку вредиш а не чие дете си :)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Штом имаш роднини таму топло би ти препорачала да си фатиш да си учиш германски, за две години можеш добро да го совладаш јазикот и после пат под нозе да си одиш таму на постдипломски или можеш да пробаш и на размена да одиш во четврта година. Германците го признаваат и ценат нашиот машински факултет, ако сакаш можам да ти пуштам и линкови од повеќе германски факултети каде што би можела да одиш. Ќе добиеш одлично образование и можност за работа во која индустрија сакаш, сигурно и сама знаеш колку е таму развиена индустријата и какви се можностите за работа, а инженери и специјализирани менаџери се во недостаток таму, така што не верувам да имаш потешкотии за наоѓање работа како кај нас.
Инаку јас бев две години на ИИМ, втората година не ја довршив од здравствени причини и после решив да не си го трошам животот по тие хали нечистени :D Релативно недефиниран е смерот, ама дава добра основа за понатаму да се специјализираш и дава добра перспектива. Професорите се супер, полабави се со студентите од ИИМ отколку со тие од другите смерови и не замараат толку на испити и со обврските. Барем така беше пред 5-6 години, ама не очекувам многу да се сменило.
П.С. Отиде Лазо Димов во пензија или уште замара недолжни студенти?
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Тука е вампирот им го згрозува животот на студентите :) Не ми предавал никогаш ама Љуба отиде во пензија и овој ги собра паднатите, сироти по 500 пати преполагаат и не ги пушта :/ Во Германија е спасот, кога овде никој ништо не превзема сите млади ќе избегаат. Морам јазикот да го усовршам и во 4та штрафта ако излезе среќа. За лабаво не е сменето дури викаат дека спрема порано е полабаво уште :D
 
Член од
26 август 2009
Мислења
215
Поени од реакции
41
Машински е најлесен технички факултет во Скопје!!!! Ако сакате диплома запишете се, ако сакате да научите нешто пегајте од МФС.
 
Член од
6 ноември 2012
Мислења
26
Поени од реакции
11
Dali Proizvodno Inzenesrtvo i IIM se slicni bidejki gleam se od 1 institut ili nema vrska toa?
 
Член од
6 април 2013
Мислења
7
Поени од реакции
0
Најлесно е кај нас дефинитивно. Се запишуваат највеќе студенти секогаш сите места се пополнуваат и за просек не се секирај супер си, влегуваа и добри и многу добри така да немај гајле :) Е сега за просперитетност...наводно нашиот профил по дипломирање е нашки кажано шеф, директор во индустрија (како што кажува и насловот на смерот). Кај нас едвај има некоја индустрија па уште сите се утепаа од барање на шефови и директори (овде земи во предвид дека не се станува преку ноќ директор туку почнуваш од најдолу и се искачуваш до горе). Ама како што си ја знаеме државичкава, ако во таа фирма кај што работиш веќе има предвидени места за директори и шефови тогаш ти најгоре што можеш да стасаш е шеф на некојси погон. Сите што завршија многу се жалат дека нема работа. Или пак од друга страна имаш диплома од машински и некако имаш предност пред сите останати (сега по нов систем кој ги фати прва година многу тешки предмети се укинати и ептен е лесно али нешто има фрки со титулата што ќе им стои во диплома дека нема да бидат баш инженери заради тие укинатите баш инженерски предмети. На крајот на краиштата секој со своја среќа. Ако тоа е тоа што го сакаш слободно терај напред, ама ако имаш друга алтернатива размисли што е повеќе барано во сиротава наша држава:)ако треба нешто друго прашувај. (колегиве ќе ме убијат што многу сум негативна) :D сепак ова е мое мислење од некој друг може и друго да слушнеш ама не прашувај ги оние што се 10.00 и не се појавиле на тест туку татичко им средил работа ;)
--- надополнето: 14 април 2013 во 23:59 ---
Да се надоврзам, со нашиов смер во Германија си цар. Тетин ми има завршено таму со нашиов смер и почетна плата на времето кога бил муле ми било 40.000 евра, до сега се има унапредено сто пати зашто вика дека во странство те ценат кој си и колку вредиш а не чие дете си :)
Ти благодарам за овие информации. Секако и не планирам во нашава убава но сирота државичка да останам. :D Јас имам еден пријател и тој има завршено ИИМ ама во Битола и моментално работи во Холандија и зема 3-4000 евра плата:).Ја гледав студискана програма ми изгледа интересно и полесно за разлика од другиве смерови. Но, пред се би сакал уште нешто да ве прашам.
Дали може да се направи трансформација од ИИМ на некој од другиве смерови после втора година. И дали ИИМ е признат во Австралија ме интересира зато што таму планирам да одам. :)
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
После втора година јас се освестив и сфатив дека не можам да се префрлам или ако се префрлам ќе ја изгубам цела втора година зашто во прва година сите имаме исти предмети, во втора веќе помалку или скоро ич. За Австралија не знам баш, не сум слушнала некаква информација, ама би требало. Тогаш ако пријателот ти подаде рака дојди, изучи го смерот, гледај да не заостануваш зашто на испит потешко се полага (за некои обемни предмети ќе се изнамачиш), затоа на колоквиуми барем минимум фаќај и мирна ти глава :D
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Тука е вампирот им го згрозува животот на студентите :) Не ми предавал никогаш ама Љуба отиде во пензија и овој ги собра паднатите, сироти по 500 пати преполагаат и не ги пушта :/ Во Германија е спасот, кога овде никој ништо не превзема сите млади ќе избегаат. Морам јазикот да го усовршам и во 4та штрафта ако излезе среќа. За лабаво не е сменето дури викаат дека спрема порано е полабаво уште :D
Гнаса бе, нас не тераше да учиме и теорија и да му пишуваме дефиниции на колоквиумите :facepalm: Поголем удав од тој професор на Машински дефинитивно не постои.

Ти благодарам за овие информации. Секако и не планирам во нашава убава но сирота државичка да останам. :D Јас имам еден пријател и тој има завршено ИИМ ама во Битола и моментално работи во Холандија и зема 3-4000 евра плата:).Ја гледав студискана програма ми изгледа интересно и полесно за разлика од другиве смерови. Но, пред се би сакал уште нешто да ве прашам.
Дали може да се направи трансформација од ИИМ на некој од другиве смерови после втора година. И дали ИИМ е признат во Австралија ме интересира зато што таму планирам да одам. :)
Секаде е признаен факултетот, нема земја каде што бараат нострификација, тоа е главна предност.
И, да, како што ти препорача 1313 гледај да полагаш на колоквиуми, на испитите даваат и потешки прашања и многу е обемен материјалот. Студиската програма е релативно лесна, со тоа што сепак си бара одредено ниво на математика и физика, не како другите смерови, ама ако си дудук ќе треба да се помачиш за да се вклопиш бидејќи во прва и втора имаш статика, јакост, кинематика што и не се некои тешки предмети ама бараат одредено знаење. А има и предмети како на пример заварување и заварени конструкции што се тотално надвор од контекст и крајно дебилни, ама, ете, мора да се учат. За тие ќе си направиш ливче-две и ќе ги пројдеш така :D
Ако решиш да се запишеш - со среќа и мислам дека нема да згрешиш ако одиш на ИИМ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom